Истражувањето покажа дека хибридниот начин на работа се користи веќе две години во редакциите

30.11.2021. / 09:15

Две години живееме во пандемија за која не сме ни сонувале дека ќе ја доживееме, освен можеби во филмовите. Последните две години донесоа многу промени, и го принудија целото население да усвои нови навики и да пронајде нови и креативни начини на работа.

Предизвиците кои дојдоа преку пандемијата не го заобиколија ниту новинарството. Двете интензивни и стресни години се зад нас, а новинарството и во сето тоа останува многу важна алка во информирањето на јавноста. Работењето на далечина стана секојдневие во работата на новинарите/ките. Свеста за поголемите можности на онлајн сферата и недоволното искористување на нејзините потенцијали влијаеше на тоа денес медиумите во своите програми да имаат вклучувања на луѓе од целиот свет. Потребно е само да имаат паметен телефон и пристап до интернет. Тие можат да се јават од било која точка во светот. Пред пандемијата, како пример, вклучувањето во телевизиските емисии беше незамисливо преку паметниот телефон да се јавите во програма. Денес, за само две години, тоа стана правило. ТВ екипите веќе не одат толку често на оддалечени локации за во живо да вклучат едно лице во програмата.

Хибриден начин на работа

Според неодамнешното истражување на Reuters Институтот за проучување на новинарството повеќето од анкетираните медиуми во текот на 2021 година користеле хибриден начин на работа, дури 79% од нив.

Една третина (34%) велат дека нивните организации веќе се одлучиле за големи промени и се движат кон имплементација на хибридниот начин на работа, но повеќе од половина (57%) сѐ уште се во процес на изработка на најдобар начин за тоа. Приближно секој десетти медиум (9%) вели дека нивните организации настојуваат да се вратат на работниот модел кој ќе биде повеќе сличен на оној пред пандемијата.

oiuoiu

Совладувањето на преминот од работа на далечина на хибриден начин на работа и приспособувањето на сите интерни процеси на овој начин на работа моментално е еден од нашите главни приоритети. Клучно е навистина да се слушаат потребите на тимот, да се интегрираат нови и различни колеги/шки во нашата култура и да се стави акцент на психолошките прашања на работата на далечина. Уверен сум дека хибридната работа ќе остане – преминот може да биде тежок, но секако се исплати, наместо да се вратиме на работниот модел во кој речиси сите највеќе се присутни во канцеларијата.“ – изјави Martin Kotynek, главниот уредник на Der Standard.

Предизивиците за раководителите на медиумите

Ова е период во кој медиумските редакции го пронаоѓаат или сѐ уште го бараат најдобриот начин што ќе функционира за нив. Ги редизајнираат своите редакции, ја надградуваат технологијата, и бараат начин како да ги приспособат договорите со пофлексибилен модел на работа.

Она што истражувањето исто така го покажа е дека менаџерите/ките се грижат за прашања како што се 'пристрасноста на близината', каде што гласовите на оние што работат на далечина се занемаруваат додека оние што се физички во канцеларијата и така се блиску до доносителите на одлуки имаат корист од личниот престој, како и како луѓето физички да се соберат и да го негуваат тимскиот дух. Менаџерите/ките сметаат дека го носат товарот на големите промени во оперативната работа со дополнителен товар во комуникацијата и мотивирањето на персоналот со кој ретко се гледаат лице в лице.

Не очекуваме дека веќе сите ќе работат во канцеларијата, а ако работат, ќе работат само неколку дена, а остатокот од неделата ќе работат од дома“, рече Steven Gan, уредник во Malaysiakini.

Меѓутоа, една петтина (20%) од испитаниците/чките рекле дека би сакале вработените да се вратат целосно или поголемиот дел од времето. Овие податоци укажуваат, заедно со горе наведените 9% од испитаниците кои рекоа дека нивните организации се надеваат на враќање на работниот модел од пред пандемијата, сигнализирајќи дека некои менаџери/ки и понатаму се воздржани дури и непријателски расположени кон тие промени, или можеби загрижени за можното губење на оперативната ефикасност или на контролата.

sas

Ова време на пандемија дефинитивно радикално ги забрза размислувањата за самата намена на редакциите, со оглед на тоа дека медиумите многу добро функционираа преку работењето на далечина.

Една четвртина од испитаниците/чките (27%) велат дека веќе го редизајнирале канцеларискиот простор, а 46% планираат да го направат тоа. Втората четвртина (24%) веќе ја намалила количината на канцеларискиот простор, а 16% сакаат да го направат тоа во блиска иднина.

Иако повеќето медиумски организации веќе се реорганизираа, се приспособија или можеби дури и засекогаш го променија својот работен простор, некои од испитаниците/чките сепак тврдат дека е премногу рано за радикални промени. Како што велат, подобро е да се почека уште малку додека реалноста на хибридниот начин на работа не стане појасен.

Ocijenite kvalitet članka