Како новинарите/ките можат да го користат Clubhouse?

07.04.2021. / 14:27

Откако во новинарството започнавме да го користиме вебот за да пренесуваме вести со текст и фотографија па полека се префрливме на видео и на крај и на аудио формати во форма на подкаст беше и време да се појави апликација која ќе нѝ овозможи единствено да разговараме без претеран фокус врз трајното бележење на содржините. Таа апликација и онлајн социјална мрежа се вика Clubhouse.

Интернетот од почетокот го ставал фокусот врз трајното бележење на она што го мислиме, но со оглед на тоа како што Зејнеп Туфекчи укажала во својата неодамнешна статија оваа појава е „најново навлегување на усната култура која се враќа во јавната сфера“. Таа продолжува зборувајќи дека причината за тоа не е што апликацијата е фокусирана врз гласот, со оглед на тоа дека и со Twitter доминира таа психодинамика на усната култура иако е базирана врз текстот. Она што Clubhouse го прави популарен е можноста да разговарате без страв дека некој тие зборови утре ќе ги употреби против вас без оглед дали се работи за владата, групите или поединците. Тоа е причината што Кина веќе го забранила пристапот до оваа апликација, бидејќи било невозможно да се надгледуваат разговорите, што воедно им овозможило на многумина конечно отворено да разговараат за разни општествени прашања. Новинарите/ките значи повеќе не мораат да пишуваат и да споделуваат визуели за да достигнат голема публика. Како што вели Наташа Тајнс во својата статија за ijnet.org „сега можете само да зборувате.“

Што е Clubhouse?

eww

Clubhouse е нова социјална мрежа базирана врз гласот со пораките кои никаде не се чуваат и за да ги слушнете мора да бидете во собата во моментот кога тие се изговараат. Значи, тоа е мобилна апликација за аудио комуницирање во реално време. Објавена му е на светот во мај 2020 година. Според зборовите на основачите тоа е  „нов тип социјална мрежа базирана врз гласот на која луѓето ширум светот се собираат за да зборуваат, слушаат и учат едните од другите во реално време.“  Ја покренале  Пол Дејвисон и Рохан Сет, а ги финансирала компанијата Andreessen Horovitz, и досега ја достигнале можната вредност од 4 милијарди американски долари со 2 милиони корисници/чки кои веќе се придружиле и на многумина кои ги чекаат пријателите со две покани за да ги одберат само нив и да ги воведат во овој за сега ексклузивен клуб на луѓе кои имаат пристап до апликацијата која официјално сè уште е во бета верзија. Моментално е достапна единствено за iOS (iPhone) што за нашиот пазар значи дека е ограничена на многу мала група луѓе. Како социјална мрежа е дизајнирана да гради врски и заедници околу интересите и разговорите без оптоварување дека тие разговори ќе се забележат како подкаст или во пишана форма на блог или на некоја друга социјална мрежа. Кога ќе се појави нова мрежа таа секогаш ќе ги привлече оние првите храбри лица кои сакаат да ги истражат можностите кои ги нуди новата комуникациска форма. Така и на оваа мрежа се присутни експертите/ките од областа на дигиталниот маркетинг, подкастингот, деловниот свет, но и новинарите/ките и истражувачите/ките. Илон Маск оваа апликација ја ставил во фокусот на јавноста кога на Twitter најавил дека ќе отвори соба во Clubhouse и ќе донесе интересни гости. 

Како функционира Clubhouse

eee

Токму како и речиси секоја интернет социјална мрежа на која што ѝ претходела или Gmail во раните денови Clubhouse функционира по принципот на покани до вашите контакти во именикот и досега им е наменета единствено на корисниците/чките на iPhone како што во почетокот бил на пр. Instagram. Тоа е причината што пријавите се прават со бројот на мобилниот телефон бидејќи вашите познаници/чки најчесто го имаат тој контакт детал. Откако ќе се пријавите чекате пријателите/ките од вашата контакт листа кои веќе го добиле пристапот да ви дадат препорака. Потоа ќе ги одберете главните интереси кои ги имате за да може Clubhouse за почеток да ви препорача соби на кои можете да им се приклучите. Дополнително можете да ги пребарате луѓето кои ве интересираат, а како и со другите вакви апликации ви се покажуваат пријателите од именикот.  

По приклучувањето Clubhouse функционира по принципот на виртуелни соби на кои можете да им се приклучите или да ги отворите самите и каде што ќе комуницирате со луѓето како гости или домаќини или модератори. Токму како и на Twitter не морате да го следите лицето кое ја покренало собата за да се приклучите на некој разговор. Еднаш кога разговорот на некоја тема во тие соби ќе се заврши, сè исчезнува, ништо не се снима ниту се чува за некое идно слушање. Тоа е токму она што  проф. Туфекчи го нарекува усна култура во јавната сфера. Поволноста е сега што ако сакате само да го слушате разговорот, а да не учествувате, можете да ја држите апликацијата во позадина додека работите нешто друго.

Она што од почетокот била целта на Clubhouse е создавачите/ките на содржината да се стават на прво место и нивниот труд правилно да се валоризира што во оваа прва недела од април 2021 година и дошло до израз кога ја вовеле тестната можност за плаќање на креаторите на содржините  каде нема да земаат процент туку парите што ќе му ги уплатат на лицето кое создава содржина тоа лице ќе ги добие во полн износ. Clubhouse изјави дека овој процес ќе го започне со мала тестна група, а потоа ќе го прошири врз целата заедница.

Clubhouse исто така го најави и првиот акцелератор за создавачите на содржини со цел да им помогнат да ја привлечат публиката и да ја монетизираат својата содржина. Надежта е дека со ова ќе се одбегне преминувањето или подобро кажано враќањето на овие создавачи на платформите кои веќе почнале да го копираат ваквиот начин на комуникација во своите апликации.

Што Clubhouse значи за новинарството и медиумите

ewe

Начинот на кој Clubhouse функционира да можете отворено да разговарате без грижа дека ќе остане запис за чувствителните работи, им овозможи на активистите/ките во земјите како што е Кина послободно на оваа платформа да дискутираат со истомислениците/чките за различни чувствителни општествени прашања. Кина на тоа реагирала така што го ограничила пристапот до Clubhouse зад својот голем firewall.

Новинарите/ките од почетокот од друга страна имаат малку напнат однос со оваа апликација. Фактот што некоја јавна личност може да спречи специфичен новинар да влезе во нивната соба и да слушне за што се разговара или дури да не можат да направат запис од тој разговор во некој потраен формат ги оневозможува во еден дел новинарите/ките во денешно време да обезбедат независно потврдување на фактите кои ги слушнале на некоја од средбите во собите. Од друга страна како и секоја нова апликација Clubhouse сè уште не го решил проблемот со потенцијално злоставување, заплашување и замолчување на учесниците/чките со спротивставени мислења.

Сепак, особено кога ќе се земе монетизацискиот пристап на Clubhouse за креаторите на содржини, оваа нова социјална мрежа нуди нова можност на новинарите/ките и медиумите да се поврзат со својата публика во разговори за теми со коишто се занимаваат, а притоа од друга страна да добијат нови финансиски средства од нивните следачи што ќе им овозможат да раскажат нови приказни и најпрво да ги претстават ексклузивно на оваа платформа и да разговараат со својата публика или дури со гостите за тоа, ќе им овозможи да им постават прашања на изворите кои би можеле да бидат заштитени со фактот дека неможноста од запишувањето на оваа содржина го оневозможува кого било да се обиде да го открие нивниот идентитет.

Мет Навара, консултантот за социјални медиуми во гореспоменатата приказна на IJNET дополнително има дадено совети што уште можете да направите со Clubhouse за да го подобрите своето известување.

Продлабочете го своето знаење за темата и идентификувајте ги изворите за својата приказна

Можете да ги повикате изворите или луѓето врз кои вашето известување имало влијание за да разговарате за темата за која сте известувале, да добиете нови информации и нови извори. Би морале однапред да го планирате времето кога ќе ги поканите сите и кога ќе креирате соба за оваа цел. Од друга страна можете да се приклучите на некоја тематска соба во која веќе се разговара за темата која моментално ја истражувате. Секако како што веќе кажавме можете да креирате соба во која подетално можете да разговарате за приказната која сте ја објавиле на страниците на вашиот медиум. Еден од моменталните трендови кој делумно доминира со овој простор се спортските настани, особено фудбалот.

Дознајте го погледот на јавноста за определена тема и изградете студија на случај

Новинарите/ките веќе ги користат другите мрежи за оваа цел, но тука би добиле увид во мислењата на друга публика која би ја дополнила вашата слика за таа тема и би дала друг поглед врз сè.

Креирајте ексклузивни настани за популарни приказни

На своите пријатели и претплатници можете да им овозможите читателите да слушнат повеќе за приказната од експертите/ките кои се појавуваат во вашата приказна и од другите извори кои сте ги цитирале. Ваквите настани би можеле да ѝ го продолжат животот на самата приказна, а и би овозможиле можност за нови претплатници/чки.

Повикајте ги клучните лица на разговор и нагласете дека новинарот/ката ќе прави белешки

Ова е уште еден поприлично безбеден начин да дојдете до нови увиди во вашата приказна и да дознаете нови информации без страв дека ќе остане трага за тој разговор запишана некаде на интернет. Во оној момент кога собата ќе се затвори разговорот се завршува и исчезнува.

Иако сè уште е достапен единствено на iPhone уреди (Android апликацијата се изработува) медиумите на Балканот не треба да ја занемаруваат оваа апликација и би требале да се обидат да го искористат нејзиниот потенцијал за поврзување со публиката која со својот профил ја цени добрата содржина и знае и сака да ја поддржи. Колку е силно влијанието на оваа апликација покажува и тоа дека Twitter го покрена Twitter Spaces, а се зборува и дека Facebook работи врз слично решение.

Ocijenite kvalitet članka