

Веќе неколку години слушаме дека подкастот е голема прилика за медиумите. Прилика да привлечат нова публика, прилика за нови извори на заработувачка и прилика подобро да се поврзат со својата публика.
Истражувањето на Reuters Institute Digital News спроведено во 2019 година покажа дека подкастот станува глобален феномен. Според истражувањето 36% од испитаниците слушаат подкасти месечно, додека 15% од нив слушаат „news podcast“. Дали ова е прилика на „немите медиуми“ со помош на овој формат да им се даде глас?
Во домовите, автомобилите, на работа... Подкастот го слушаме секаде
Спротивно на вкоренетото мислење, подкастот не се слуша исклучиво во автомобилот, на патот од дома до работа. Испитувањата на Nielsen Company утврдија дека повеќето слушатели го слушаат подкастот во своите домови, а потоа во автомобили и на работа. Треба да се нагласи дека секоја година постои тренд на раст на слушањето на подкаст на паметните уреди, паметните звучници, таблети и телефони.
Слушањето на аудио содржини не е желба и привилегија на помладите генерации. Слушаат сите генерации. Меѓу посветените слушатели/ки, оние кои слушаат подкаст 5+ часа неделно, се најчесто мажи од 25 до 49 години. Без оглед на статистиката која вели дека слушателите/ките на подкастот на сите континенти се воглавно помлада публика од 18 – 35 години, слушањето на вака спакувана содржина има своја публика и меѓу постарата популација.
Како ги слушаме содржините?
За да го разбереме потенцијалот на аудио содржината за сите медиуми, мораме да ги анализираме навиките на луѓето кои ги слушаат содржините. На прво место мораме да разбереме дека не се слуша само аудио, се слуша и видео содржина. Звучи малку чудно, но видео содржините навистина се слушаат. Постои огромен број на оние кои слушаат ТВ содржини и видео streaming.
Како можеме ова да го тврдиме со сигурност? Истражувањето кое го спроведе компанијата Mozzila покажа дека вториот најпопуларен сервис за слушање на содржини Youtube, е пред iTune и SoundCloud на Apple.
Луѓето имаат потреба за содржина која не ги врзува за екранот.
Чуму филозофија, можеме да слушаме и на радио?!
Аудиото е совршен начин за консумирање на содржини бидејќи нѝ остава простор за мултитаскинг. Додека трчаме, миеме садови, вечераме, патуваме до работа, подкастот нѝ дава можност да слушнеме извонредна содржина која ние сакаме да ја слушаме.
Тоа „која ние сакаме“ е разликата во однос на класичното радио и содржината која се емитува на овој медиум. На радио го слушате она што уредникот го одбрал за вас и за целата држава или регион (зависно од тоа каде се емитува содржината). Подкастот си го бирате вие самите. Понеделнички можеби слушате за патувањата, вторнички целосно непланирано можете да слушате за иновациите во светот на бизнисот. Важно е епизодата да ве чека во апликацијата било кога и било каде.
Популарноста на подкастот се припишува и на неговата автентичност. „Кога слушате подкаст, се чувствувате како да седите на маса со тие луѓе кои ги слушате“, кажа Брет Брјуер основачот на MySpace кој покрена сопствен подкаст. Ова чувство на блискост е разлика во однос на радио содржините. Подкастот од самото планирање до креирањето на содржината му се обраќа само на едно лице. Затоа и е поинаков.
Сличноста помеѓу радиото и подкастот е само во технологијата која помага за креирање на содржината. Сѐ друго ја прави разликата.
Како медиумите можат да профитираат од подкастот
Различни формати на содржини станаа (скапа) обврска за сите медиуми. Публиката користи различни платформи за консумирање на содржини и очекува медиумите да им ја обезбедат содржината токму на нив и токму на таа платформа. Оваа практика бара константно усовршување на новинарките и новинарите, но и обезбедување на буџет кој ќе обезбеди квалитетно усвојување и применување на трендови во секојдневната работа.
Како тогаш да се профитира од трендовите:
- аудио содржина е еден од основните елементи на достапна содржина (accessible content). Лицата со оштетен вид пристапуваат до содржината исклучиво со помош на аудио записи или софтвери кои го овозможуваат тоа преку аудио. Да се понудат содржини кои на вашите информации ќе им дадат глас би донело целосно ново искуство и поширока публика која пристапува кон содржината.
- подкастот на медиумите може да им донесе и нов извор на заработувачка. Односот со публиката која го слуша подкастот е специфичен бидејќи се гради врз автентичноста и уважувањето, па публиката ги цени и спонзорите кои го поддржуваат ваквиот тип на содржини. При слушањето нема прекини и вознемирувања поради спонзорирани содржини. Сите пораки кои можете да ги слушнете доаѓаат од водителот на подкастот.
Стив Прат основачот на компанијата Pacific Content која помогна во креирањето на подкастот за многу компании, меѓу кои се Dell, Shopify и други, тврди „Потрошувачот никогаш не добил повеќе можности за избор на она што го сака и тој ќе ги одбира само работите кои навистина ги сака. Брендовите го разбираат тоа.“
Токму тука лежи силата на овој формат кој на медиумските куќи може да им донесе деловен успех и оправданост на вложувањата во ваков формат.