Нова мрежа за новинарите/ките кои сакаат да придонесат за општествените промени

30.11.2020. / 19:19

Во октомври оваа година е покрената нова професионална мрежа на интернет, the Progress Network, која има за цел да придонесе кон општествениот напредок. Основачот е авторот и колумнист Захари Карабел, кој сака на едно место да ги собере експертите/тките од светот на новинарството, технологијата, политиката, науката, академската заедница, работењето и од уште многу работи.

„Неодамна објавената студија известува дека Американците се најнесреќни во последните 50 години. Само 42% од Американците веруваат дека животниот стандард се подобрува за следната генерација, а уште поголеми се процентите кои се уверени дека нивната држава е на погрешен пат. Според Pew Foundation, тоа чувство на намуртеност во иднина е сé повеќе распространето во целиот свет, особено меѓу развиените земји во кои повеќе од 60% од луѓето ја гледаат потемната економска иднина на своите деца поради политичката, демографската и еколошката криза. Кога кон тоа ќе се придодаде зголемената и болна свест за тоа колку е широк јазот помеѓу идеалите за социјална правда и рамноправност и реалноста на расните и класните нееднаквости, ете ви го едниот од најтешките моменти со кои кој било од нас се соочил.“ – наведуваат во описот на Мрежата.

Како таа им користи на новинарите/ките?

Свесни за фактот дека голем број вести на кои сме изложени секојдневно стануваат негативни, и дека таквите видови вести наголемо влијаат врз менталното здравје на публиката, ова конструктивно решение може да придонесе за промена на медиумскиот пејзаж. На оваа платформа се нудат решенија за да се спротивстават на таа негативност, и да се сосредоточат врз она што делува, а не врз она што оди кон лошо.

Секојдневно работејќи врз различни теми, новинарите/ките се мачат со пронаоѓање на експерти/ки кои би можеле да разговараат за најдобрите идеи во определено поле или индустрија.

Ако барате инспирација или нов контакт за да го смените начинот на покривање на вестите, можеби непрофитната организација The Progress Network (TPN)  ќе ви биде вреден ресурс.

Мрежата моментално има 76 членови/ки кои се активно вклучени во општествениот напредок. Секој/а член/ка има профил во главниот дел „Network, кој може да се филтрира по професија за да се стесни пребарувањето.

iupp

Секој профил содржи детална биографија и линкови до веб страниците на експертите/ките и налозите на социјалните медиуми ако сакате да дојдете до нив.

Со тоа дополнително ќе пронајдете линкови од некои нивни дела со назнака колку време ќе треба да одделите за да ја завршите статијата, подкастот или видеото.

oiuztr

Мрежата сака да гради идеен проект кој зборува за подобра иднина во светот во кој моментално доминираат гласовите на негативноста. Мрежата е во развој, и веруваме дека може да биде корисна и за новинарите/ките од Балканот во која тие можат активно да се вклучат и така да го дадат својот придонес кон развојот на позитивните решенија.

Ocijenite kvalitet članka