Нови безбедносни подобрувања на пребарувачот Chrome

28.05.2020. / 09:38

Google Chrome ја извести јавноста дека стигаат големи и значителни промени на овој пребарувач. Покрај можноста за групирање на табови и автоматско блокирање на огласи, за кои веруваме дека на сите им ги оптоваруваат ресурсите на компјутерот, Chrome воведува подобрувања врзани за безбедноста и приватноста.

Новиот Chrome би требало да донесе промени на корисничкиот систем, дополнителни механизми кои би требало да помогнат во спречувањето на корисниците/чките да посетуваат различни веб страници кои се препознаени како ризични. Се воведува и надградба на побезбеден DNS, и блокирање на интернет колачиња од трети страни кога сте во анонимен режим на работа. Во склоп на пребарувачот Chrome, корисниците/чките наскоро ќе имаат можност да подесуваат интернет колачиња, приватност, ќе добијат разни можности и проширувања за приказ на страници, како и синхронизација.

Секако, не е прв пат Google да работи врз различни измени на поставките на своите производи и платформи, но овие промени се посмислени отколку порано, бидејќи се поврзани со неколку тековни проблеми и со Google и со Chromе.

Така, на пример, иконата за проширувања ќе може да се најде под малата сликичка на сложувалка која ќе се појавува во главната лента на алатката. Исто така ќе биде можно да се залепат проширувања за лентата на алатката, и секоја моментална состојба за било кое проширување ќе биде појасно прикажана, како и кои сѐ дозволи алатката ги користи во работата. Ова е мошне добра вест со оглед дека проширувањата во минатото често доведуваа до безбедносни пропусти во интернет пребарувачите како што се оние за кои веќе пишувавме

Во поставките исто така ќе биде достапен и Safety Check, со кој ќе можете да проверувате дали вашата шифра се нашла меѓу оние кои протекле на веб. Chrome воведува и алармирање во случај некоја од веб дестинациите кои ги користите да била неодамна провалена. Дополнително внимание врз безбедноста и проверката ќе биде воведено и за ажурирањата, и дали во пребарувачот ви е вклучена опцијата Safe Browsing, која ќе служи за откривање на измамнички веб локации. Chrome исто така го вклучува и DNS-over-HTTPS, како дополнителен начин за заштита, пишува The Verge.

Подобрено безбедно прегледување на веб страници

Во новите надградби на Chrome доаѓа и опцијата Enchanced Safe Browsing, која ќе има за цел побрзо да ги открие веб дестинациите кои се занимаваат со фишинг и слични измами. Преку оваа опција ќе биде овозможено споделување на URL линкови кои не ги посетувате секојдневно преку Google во реално време. Важно е да се нагласи дека овој додаток ќе ги користи вашите информации од сервисите Gmail и Drive, но од компанијата Google тврдат дека Safe Browsing штом ќе утврди дека URL-то кое сте го посетиле е безбедно, ќе го направи прибирањето на податоци анонимно и со тек на време ќе ги избрише. Засега не е познато колку долго Google планира да ги задржува податоците пред бришењето.

Како што наведуваат од Google, во текот на наредната година кон овој начин ќе се додаваат уште поголеми заштити, вклучувајќи приспособени предупредувања за кражби на идентитетот и преземање на датотеки и предупредувања за различни производи.

„API блок листа на безбедно прегледување (Safe Browsing) е постоечки безбедносен протокол кој штити милијарди уреди ширум светот. Секојдневното безбедно пребарување открива илјадници нови небезбедни веб места и ги додава во API за блок списокот кој се споделува со веб индустријата. Chrome го проверува URL-то на секоја веб локација што ќе ја посетите или датотеката што ќе ја преземете на локалната листа која се ажурира отприлика на секои 30 минути. Сѐ повеќе одделни софистицирани веб места за кражба на идентитет се провлекуваат низ тој 30-минутен прозорец за освежување со мошне брзо префрлување на домените.“ – пишуваат на Google блог.

Како функционира подобрено безбедно пребарување

Оваа опција ќе функционира така што кога ќе се префрлите на Enchanced safe browsing, Chrome директно споделува безбедни податоци со безбедно пребарување на Google за да овозможи попрецизна проценка на заканите. Привремено поврзување со вашиот налог значи можност за приспособување на заштитата кон вашата ситуација. Од Googlе велат дека на овој начин можат најпрецизно да направат индивидуализирана заштита за секој/а корисник/чка. По земање на податоците, безбедното пребарување се продолжува со анонимна анализа и тогаш престанува поврзаноста со вашиот налог. 

Овој начин можете да го вклучите во поставките, така што ќе отидете на Privacy and Security, потоа во Security, и ќе кликнете врз Enhanced protection во секцијата Safe Browsing. 

d
 
Оваа поддршка и заштита за уреди базирани врз Android ќе биде воведена во идното издание, а контролата врз овие поставки ќе ја вршат администратори со почитување на политиката на правила за приватноста на Google.

На крај, од Google заклучуваат дека нивните корисници/чки се разнолични со различен спектар на потреби, особено во сегментот на безбедноста и приватноста, и дека ќе продолжат да вложуваат во безбеден пристап на веб страниците преку нивниот пребарувач.
 

Ocijenite kvalitet članka