Просторно новинарство: место каде што технологијата, транспарентноста и известувањето се спојуваат

27.08.2021. / 08:49

Новинарството настојува на публиката да ѝ соопшти што, кога и каде се случило.

Овие параметри на единствен начин може да ги пренесе просторното новинарство (spatial journalism). Ако се применува просторно новинарство нема да биде потребно дополнително објаснување за одалеченоста помеѓу стрелецот и неговата жртва или точните линии на видливост кои ги овозможува определената точка на набљудување.

Технологијата на известувањето и на транспарентноста во новинарството им носи нови, големи можности.

Што е просторно новинарство?

Просторното новинарство вклучува простор, место и точна локација во процесот и во практиката на новинарството.

AR, VR и 3Д играат значајна улога затоа што просторното новинарство го градиме со помош на овие технологии.

Првиот пример за просторно новинарство во 2012 година го развила д-р. Amy Schmitz Weiss од Сеучилиштето Сан Диего. Тоа била апликацијата AztecCast за мобилните уреди.

poš
Фото: Spatial Journalism: A New Frontier (sdsu.edu)​​

Оваа апликација ја користела технологијата за геолокација за на студентите да им обезбеди географски релевантни податоци. Така тие би можеле да дознаат за настаните и за вестите кои биле специфични за било која зграда.

AzteCast на студентите/ките им овозможувал да имаат географски релевантни информации на располагање благодарение на употребата на технологијата за геолокација. "Апликацијата им дозволува на студентите да дознаат за настаните и за информациите кои се важни за било која зграда (во кампусот)", кажала Schmitz Weiss. "Ако се, на пример, пред зградата за музика или за наука, би имале пристап до листата на настани и до други податоци за било кој ден."

Апликацијата AztecCast е основен пример за користење на просторот, местото и точната локација за раскажување на приказната. Меѓутоа, напредокот во технологијата овозможил уште побогато искуство какво што имаме денес во 2021 година.

Новите елементи кои ги носи просторното новинарство

Дигиталните и мобилните медиуми создаваат нови патишта до конзумирањето на вестите, а идејата за тоа што е локално, што е блиску и што е во соседството се менува.

Како што тврдат одделни автори близината со десетлетија во новинарството била насока за избор на вестите во редакцијата, како и вредноста која ќе ја имаат вестите помеѓу корисниците. Значењето кое го има близината во дигиталното и во мобилното медиумско окружување  добива потполно нови значења затоа што вестите денес можат да ѝ се геолоцираат на публиката.

Некогаш за локални вести се сметале оние кои биле непосредно во вашата физичка близина. Денес многумина предлагаат под локално да се смета припадноста кон определена заедница и како таа заедница живее на определено подрачје.

Истражувањата во кои се анализирани осум 360 VR приказни од The New York Times откриваат дека во овие приказни се појавуваат три категории:

  • дијалогот кој го има корисникот со виртуелниот простор,

  • улогата која ја има физичкото место во приказната,

  • емоционалната реалност која ја има корисникот со ликовите во VR окружувањето преку физичката близина и личниот простор.

Истражувачите забележале: „Како што е утврдено во нашата анализа, просторната нарација (spatial narrative) раскажува приказна, ја развива и ги поддржува извештаите на ликовите. Просторната нарација првенствено влијае на она што се доживува и на кој начин, демонстрирајќи околности со естетски елементи или изборот на местата во кои корисникот е нурнат. Спротивно на она што го тврделе Zhang, Perkis и Arndt, просторот не само што го поддржува искуството и се приспособува на движењето на корисникот, туку и допринесува на емоционалниот ангажман.”

Сите овие елементи ни ги покажува и претходно споменатата апликација AztecCast во која локалните вести се оние кои им се потребни на студентите кои се наоѓаат во кампусот и моментално бараат информации за случувањата на лице место.

Еден од често споменуваните примери на просторно новинарство преку мобилен уред е оној на Time. Ова е интерактивно новинарство каде што корисникот одлучува што сака да види.

Бенефитите на просторното новинарство

Како и секоја технологија која ќе почне да се применува во новинарството, покрај тоа што носи големи промени во вршењето на работата, во организацијата на редакцијата и во едукацијата на новинарите/ките, просторното новинарство има и свои бенефити.

Тие бенефити не значат само унапреден начин на известување со кој ќе се привлече публиката, туку и градење на доверба во медиумот преку неговата сѐ поголема транспарентност.

Некои од бенефитите кои ги носи просторното новинарство се:

Промовирање неутралност на медиумите

Новинарите/ките имаат обврска да ја изнесат приказната која се темели на проверени и проверливи факти и сигурни докази. Најдобрата вистина и најсигурниот доказ би можеле да бидат сведоците на настанот од прва рака.

Токму тоа го нуди просторното новинарство. Гледачите/ките ќе имаат можност да го доживеат настанот токму така како што се случил и да дојдат до сопствен заклучок. Во што нема да биде вклучена интерпретацијата на новинарот/ката.

Подобро разбирање на настаните

Наместо раскажување на приказни, известување или објаснување на сложени феномени, денес публиката може да го доживее настанот или појавата од прва рака и сѐ да разбере на сопствен начин. Новото ниво на присутност дава потполно нов вид на информирање.

Алатка за борба против лажните вести

Голем недостаток од преминувањето од печатени на дигитални медиуми, за кој ниту најголемите експерти не успеале да најдат решение, е ширењето на лажните вести. Со милиони веб страници и социјални мрежи сѐ поголем е предизвикот да се филтрираат лажните вести и нелегитимните извори на информации.

Пристапувањето на настанот со помош на просторното новинарство може да го отежне создавањето на лажните вести за одредени настани затоа што е тешко да се замисли прикажување на лажни (или дури и непостоечки елементи) во виртуелната реалност која верно го прикажува просторот и сите податоци за одалеченоста на објектите и на лицата на тој простор.

Просторното новинарство се претставува како нешто што е веќе тука и му е потребно на медиумскиот пазар. Со секоја нова иновација, со тестирањата и со унапредувањата на решенијата, кои најпрвин се однесуваат на брзината и на можноста за вчитување на овие формати на сите уреди, просторното новинарство добива на значење.

Оваа технологија ќе ги направи вестите и новинарството повлијателни затоа што сеќавањата и емпатијата на публиката подобро ја поттикнуваат просторно доживеаните искуства.

 

Ocijenite kvalitet članka