SEO во новинарството: Нужно зло од кое медиумите преживуваат или стратешки пристап кон потребите на публиката

05.11.2021. / 09:35

Нови читатели/ки = заработка на пари. Ова отсекогаш била реалноста на новинарството.

SEO е ефикасен начин токму за тоа да се донесе публика.

Кога ќе кажете на нас SEO оптимизацијата на медиумот не ни е важна“, тоа е исто како да кажете на нас продажбата не ни е важна, затоа што ние работиме од љубов.“

Што претставува SEO во новинарството

SEO е збир на стратегии за оптимизирање на веб страницата, со цел подобрување на нивното позиционирање меѓу органските резултати на пребарувачот. Без оглед на тоа дали се работи за веб страница на банка или на некој медиум, целта е секогаш иста: што подобра органска позиција која ќе донесе поголем број на посети на вебот.

Стратегиите кои исто така се користат во SEO оптимизацијата, се исти. Не може да важи за медиуми, а целосно да ги исклучува другите индустрии. Клучно е да изберете пристап кој одговара на вашиот начин на работење и целите кои сакате да ги постигнете користејќи SEO.

Студиите кои го испитуваат односот помеѓу SEO и медиумите потврдуваат дека може да се направи уште многу за да се подобри усогласеноста помеѓу новинарските рутини и рутините на SEO. Стана честа практика да се пронајдат SEO експерти во редакциите, но потребата да се бара оптимална поврзаност помеѓу најдоброто новинарство и најдобрите SEO практики и понатаму создава притисок и конфликт меѓу овие два света.

SEO во редакцијата: камен на сопнување помеѓу новинарите/ките и потребите на пазарот

Не е тајна дека постои отворена нетрпеливост помеѓу новинарите/ките и уредниците/китеод стар кови SEO специјалистите/ките. Првата група исклучиво применува АП или Чикаго стил на пишување и ги применува правилата во пишувањето на вестите, втората група сака повисоки позиции на пребарувачите, што треба да значи дека примарниот стил на пишување на содржините треба да биде Google стил (како што погрдно ја нарекуваат SEO оптимизацијата).

Бидејќи новинарството полека ги губи печатените медиуми и речиси доминантно преоѓа во професија која се базира на интернетот, од пресудно значење е привлекувањето на сообраќај на веб страницата. Во статијата за  Online Journalism Review во која уште во 2012 година се дискутирало за SEO оптимизацијата и што таа значи за новинарството, писателот Robert Niles рекол:

“SEO ќе ви помогне да стекнете нови читатели на интернет. АП стилот нема. Ако ви требаат нови читатели за да заработите пари, тогаш SEO ќе ви помогне повеќе од АП стилот. Тоа е тоа. Денес тоа е реалноста на онлајн објавувањето. Можете или да се приспособите и да прифатите, или да ги стиснете тупаниците и да се спротивставите.”

SEO во новинарството е камен на сопнување затоа што одредени SEO тактики се земаат како единствена практика која се применува во медиумите. Една од нив се кликбајт насловите.

Истражувањето спроведено во Турција покажало дека новинарите/ките сметаат дека новинарската практика насочена кон Google е нужна за опстанок во дигиталниот свет, и покрај етичките проблеми кои ги создала или би можела да ги создаде.

Според наводите на ова истражување, во светот на дигиталните медиуми кликовите и понатаму се прв услов за добивање на оглас. Новинарите/ките кои учествуваа во истражувањето за примената на SEO оптимизацијата во турските медиуми, сметаат дека грижите околу огласувањето и навиките за консумирање на вести ги тераат медиумите на SEO оптимизација и на "Google новинарство". Еден од новинарите ги опиша SEO вестите каконужно зло.”

Според ова истражување нужно зло е и повторувањето на клучните зборови во текстот на веста за таа да биде повидлива на Google. Она што недоволната едуцираност на новинарите/ките го превиде во ова тврдење е дека прекумерното користење на клучните зборови има свое име  – keyword staffing и се смета за негативна практика која Google ја казнува.

Зад овие тврдења не се крие знаење за влијанието на SEO оптимизацијата врз новинарството, туку целосен недостаток на стратешки пристап кон SEO оптимизацијата во новинарството и недостаток на едукација на новинарите кои од печатените медиуми преминаа во digital-first медиумите и сфатија дека клучните зборови ги ограничуваат во пишувањето.

Дали треба трендовите на пребарување да одредат за што ќе пишуваат новинарите?

Claudio E. Cabrera, SEO специјалист и заменик на директорот задолжен за насочување на квалитетниот сообраќај од пребарувачите кон магазинот The Times, во статија на The New York Times зборуваше за технологијата што ја користи во работата.

Дефинитивно верувам дека пребарувањето е важно и е нешто што треба добро да го разбереме но не е сѐ.

Дигиталните алатки кои новинарите/ките редовно ги користат за пронаоѓање на вести, како што се Dataminr и Google Trends, не можат да го заменат новинарското известување и другите традиционални методи кои носат приказни, тие можат да станат актуелни теми или носители на сообраќајот и на пребарувачите и на социјалните мрежи.

Но SEO може да не информира за што луѓето највеќе се грижат во определен момент, и краткорочно и долгорочно. Значи, ако постои итна вест, можете веднаш да дознаете што луѓето бараат во врска со неа и како тоа сакате да го додадете во својата покриеност.

Статистиките кои можеме да ги извлечеме од алатките како што се Google AdWords и SEMrush може да им помогнат на новинарите/ките да одлучат кои области би било најдобро да се истражат понатаму. На крајот, пребарувањето треба да биде дел од новинарскиот процес, но не треба да покренува сѐ.“

SEO оптимизацијата не се почнува со клучните зборови, туку со намерата на публиката која со помош на клучните зборови се обидува да ја пронајде информацијата која е потребна во тој момент.

Дали SEO оптимизацијата за медиумот е нужно зло или стратешки развој на бизнисот најдобро покажува цената која медиумот е подготвен да ја плати. SEO е долгорочно вложување кое не може да донесе брзи резултати. Ако барате рабат нужното зло ќе дојде за наплата.

Ocijenite kvalitet članka