Што ги спречува редакциите да се занимаваат со дата новинарство

25.11.2020. / 11:18

Вчера во организација на European Journalism Centre започна тридневниот онлајн самит за влијанието на вестите во 2020 година, со фокус врз дата новинарство.
Целта на самитот е да се увиди како податоците можат да се користат за враќање на довербата на читателите/ките.
„Новинарството засновано врз фактите во комбинација со извонредни вештини за раскажување и поткрепено со податоци никогаш не било повеќе барано. Иако дата новинарството не е ново, никогаш не било поважно отколку во ова доба на дезинформации. Меѓутоа, КОВИД-19 ја нагризал довербата во медиумите а истовремено европските новински организации бележат пад на довербата на својата публика во последните пет години. Свртувањето кон дата новинарството е пресуден чекор во превртувањето на овие трендови.“ – се наведува во описот на самитот.
Низ тридневни предавања ќе стане збор и за тоа како новинарите можат да ги комбинираат анализите на податоците со традиционално известување, како дата новинарството може да им се спротивстави на дезинформациите, и како новинарите/ките и уредништвото можат да лобираат за подобар пристап до податоците.
Во текот на првиот ден различни говорници/чки ги претставуваа некои од најуспешните приказни кои го користеле дата новинарството, со голем фокус врз моменталната пандемија со КОВИД-19.
Ева Константарас, советничката за дата новинарство, која помеѓу останатото работи и за Internews, во своето предавање за деколонизација на дата новинарството и стратегиите за инклузија зборувала за тоа како е предизвикувачки да се користи дата новинарството во времето на огромен пораст на дезинформации и ограничување на пристапот до податоците. Корона вирусот ги подвлече заедничките предизвици со кои се соочуваат и редакциите и публиката. Она што може да се види во целиот свет е дека сé повеќе луѓе сакаат квалитетни вести, дека никој не сака да плати за добивање на тие вести, сé уште постои криза на довербата во медиумите, и сé уште постои борба за ангажирање на помлада публика.
Она што Константарас го навела е дека охрабрува информацијата што локалните вести се навистина важни за луѓето, и дека тоа е мошне важен факт за дата новинарството. Имајќи го тоа предвид дата новинарството добива на важноста бидејќи можат да се користат локалните податоци, локалните приказни и локалните новинари/ки за раскажување на локалните вести кои ќе бидат читани/гледани.

Interes u lokalne vijesti je porastao

Важно прашање кое таа го поставува во своето излагање е што е тоа што ги спречува медиумите да го вклучат дата новинарството во својата работа.

Praznine u vještinama

Пред сé наведува дека постојат многу празнини во податоците, потоа недостаток на вештини за дата новинарството кај новинарите/ките. Многу новинари/ки се заинтересирани за дата новинарството, но не знаат како да произведуваат приказни засновани врз податоци. И третиот, но многу важен факт, за кој многу малку се зборува, е дека уредништвата се незаинтересирани да објавуваат приказни засновани врз дата новинарството, што можеби доаѓа од фактот дека немаат сеопфатна дигитална стратегија, дека не го разбираат дата новинарството, па поради тоа не ни сакаат да вложуваат капацитети во нешто што не го разбираат и што го сметаат дека е бавно и скапо. Покрај овие три причини, постои и мошне важна перспектива на разбирањето на публиката и кои се тоа информации кои ѝ се потребни нејзе.
Важноста на локалните приказни е навистина огромна, дури и кога постојат различни пречки за лесно прибирање на податоци. Низ примерот со приказната од Кенија направена во склоп на работење врз дата новинарството во Internews, таа зборувала за тоа како да се дојде до податоците во државите во кои не постојат единствени бази на податоци, ниту јасни извори на информации, и како тие да се истражат и кои прашања треба да се постават.
Имајќи ги предвид овие предизвици, USAID BMAP програмата преку давање на капацитети и едукација на своите клучни партнери придонесува за намалување на споменатите пречки.
На нашата страница често известуваме за важноста на дата новинарството, а во туторијалот што го подготвил Имер Муховиќ можете детално да научите како да ги користите податоците, да ги разберете и визуелно да ги претставите.

 

 

 

Ocijenite kvalitet članka