Стрип новинарство: Вистината нацртана во серија слики

31.12.2021. / 11:22

Поминаа точно 20 години од објавувањето на првиот графички роман Палестина.

Овој роман го документираше животот на окупираните територии, а објавен е како серија на стрипови. Потоа и како еден наградуван том што ја отвори вратата за нов вид на известување.

Само 20 години подоцна бројот на стрип новинари/ки порасна на стотици.

Што е стрип новинарство

Според статијата на Wikipedia стрип новинарството е форма на новинарство што покрива вести или настани што не се тематизираат користејќи ја рамката на стрипот, комбинацијата на зборовите и нацртаните слики. Обично изворите се вистински луѓе претставени во секоја приказна, а балоните со зборови се вистински цитати.

Терминот "стрип новинарство" го исковал еден од најпознатите стрип новинари Joe Sacco. Кон крајот на 1991 година решил да замине за Израел и да направи стрип за Палестина, не помислувајќи дека со тоа ќе ги удри темелите на нешто што подоцна ќе се нарече „стрип-новинарство.“

Marko Šunjić, стрип ентузијаст во својот текст за Večernji.hr наведува дека Sacco во Палестина поминал два и пол месеци собирајќи материјал за стрипот, интервјуирајќи многу луѓе, обиколувајќи локации, притоа грижливо водејќи детален дневник за да ги опише сите оние епизоди кои не биле интервјуа, односно настани, впечатоци, средби и попатни разговори во текот на денот.

“Потоа се врати во Америка и целото тоа искуство го преточи во стрип, решавајќи се за формат на меѓусебно поврзани кратки епизоди кои во еден дел ги опишуваат неговите патувања низ Палестина и неговите средби со Палестинците и со Израелците, додека пак во другиот дел ги прераскажуваат нивните приказни. Sacco не е неутрален набљудувач ниту се обидува тоа да биде.”

Sacco во светот е познат и како автор на стрипот Safe Area Goražde (Безбедна Област Горажде) во кој, тој е воен дописник, а Goražde е збирка на извештаи собрани од сведоци на конфликтот.

Стрип новинарството е познато и како графичко новинарство, има големи предности во дигиталната ера на вестите и кликбајтот. Како форма на визуелно раскажување, може да ги разјасни сложените теми на едноставен и привлечен начин, што е непроценливо кога повеќето луѓе немаат ниту време ниту внимание за долги, детални статии. Исто така, ова е бавно новинарство, во кое репортерот/ката е подолго интегриран во својата тема. Стрип новинарството се занимава со големите теми на нашето време, а не со вести што ќе застарат до утре.

Колкаво е влијанието на стрип новинарството?

Стрип новинарите/ките често се вклучуваат себеси како цртани ликови во приказните што ги раскажуваат. "Ова е нешто најблиску до тоа приказната да се гледа низ туѓи очи, како што е претставено од страна на човечкото суштество што било таму."

До јануари 2022 година отворена е изложба на стрип новинарство во Schnitzer музејот.

Изложбата вклучува дела на 13 стрип новинари/ки, меѓу кои најистакнат е Sacco. На изложбата се прикажани и рачно нацртани оригинали на некои дела со мастило, иако многу од нив се нацртани на компјутер.

Во галеријата може да се види и она што би можело да биде следното ниво на стрип новинарството: виртуелната реалност. Откако ќе ги ставите VR наочарите, од замрачената галерија на Schnitzer преминувате во пространа светла сала, во која – со помош на еден пар на контролери во стил на видеоигрите – можете да талкате наоколу и да ги слушате Колумбијците како зборуваат за нивните искуства во 60-годишната граѓанска војна во земјата.

Како да му се пристапи на стрип новинарството

Blake C. Nelson во својот текст за Poynter кажал дека биле потребни неколку месеци за да се покрене првиот примерок на стрип новинарство, поради мноштвото естетски и етички проблеми и проблеми со форматите што никој не ги очекувал.

“За подобро да го разберам медиумот, интервјуирав десетина новинари, уметници и уредници за нивните најдобри практики во создавањето на стрип новинарство. Врз основа на нивните одговори, формулирав седум прашања што секој уметник и уредник треба да ги постави.”

Прашања што треба да си ги поставите пред да се впуштите во проект со стрип новинарство:

1. Зошто оваа приказна треба да се нацрта како стрип?

Неколку новинари укажаа на три вида на приказни кои особено добро функционираат како стрипови:

  • непријатни политички приказни,
  • чувствителни истражувања
  • историски стрипови.

Моќта на илустрацијата може да ги направи тешките приказни забавни и привлечни. Истрагата за Панамските документи беше непријатна и чувствителна, но четириминутната анимација ги сумираше главните наоди на истрагата.

2. Каков простор ѝ е потребен на оваа приказна?

Фотографиите можат да се изрежат, зборовите да се преуредат, но оваа уметност не е толку приспособлива.

Повторното уредување и интервенциите во веќе дизајнираната приказна, во доцната фаза може да бараат повторно цртање, што е долготрајно и скапо. Затоа е важно на самиот почеток да се утврдат сите детали, за да се избегне таквото сценарио.

3. Како ќе се прикажат изворите и како тоа ќе влијае на перцепцијата на читателите/ките?

Ова е многу важно прашање.

Помеѓу реално нацртаните ликови и оние повеќе средуваните не е само естетски. Колку апстрактно новинарот/ката ги црта неговите извори, може да влијае на тоа како читателите/ките ги перцепираат.

4. Како ќе ги презентираме визуелните детали што недостасуваат?

Еве ситуација со која може да се сретнете: Треба да го нацртате изворот што оди по улица во важна сцена. Знаете како изгледа изворот и имате референтни фотографии од улицата, но не ја знаете марката на чевлите што ги носел изворот.

Новинарот John Hersey кажал: “Писателот не смее да измислува. Легендата на лиценцата мора да гласи: НИШТО ОД ОВА НЕ Е ИЗМИСЛЕНО.”

5. Може ли изразот на лицето на изворот вештачки да манипулира со тоа како се толкува цитатот?

За стрип новинарот/ката секогаш е прашање како да се нацрта извор што зборува. "Изразите на лицето навистина можат да ја променат перцепцијата на читателот", рекол стрип новинарот Andy Warner. “Мислам дека тоа е всушност многу поголема етичка стапица од приказот на позадината или сцената.”
Warner рекол дека понекогаш како решение се обидувал да пронајде "бенигна средина", цртајќи ги изворите со безизразни и досадни лица.

6. Како некој без визуелна позадина може да се подготвува за уредување на стрип новинарство?

Mara Joustra, уредничка и ко-основач на веб страницата за графичко новинарство Drawing the Times, им препорачала на уредниците/чките без уметничко искуство да посетуваат курсеви за цртање ако сакаат да уредуваат стрип новинарство. “Тоа ќе ги запознае со уникатниот "јазик на сликата", а исто така ќе им помогне да разберат колку долго може да трае цртањето на една табла.”

Стрип новинарството честопати го следат прашања за етиката во новинарството.

Изгледа како премногу детали да се препуштени на интерпретацијата на новинарите/ките што ја создаваат приказната и често и учествуваат во неа.
Новинарите и понатаму тврдат дека тука може да се примени етиката на известување од другите медиуми.

Уредниците/чките на стрипови треба да ги "исполнат сите барања што му ги поставувате на било кое друго новинарство", рекла уредничката на Metropolitan Books Riva Hocherman.  

 

Ocijenite kvalitet članka