Видеозаписи во подолг формат како норма во презентација на содржина на социјалните мрежи

22.12.2020. / 12:28

Со оглед дека нѝ се приближува крајот на оваа мошне непредвидена 2020 година, го поставуваме прашањето што е тоа што би можело да нé очекува во 2021 година кога се во прашање трендовите во медиумите. Иако сите минатогодишни предвидувања за 2020 година беа применливи низ целата година, како што е фактот дека социјалните мрежи се главен извор на информации, како и подолга форма на видео и подолго време на гледање на видео, сепак не можевме ни да насетуваме дека некои предвидувања ќе доживеат вака голем пораст.
Akamai известува дека глобалниот интернет сообраќај ова година пораснал за дури 30 проценти.

Социјалните мрежи како примарен извор на информации

Она што го донесе пандемијата и наглото затворање на општеството во неговите домови е наглиот пораст на користењето на социјалните мрежи, бидејќи потрошувачите се свртуваа кон тие платформи за да останат поврзани со семејството и пријателите/ките, и за да пронајдат некаков белег или излез од својот дом преку социјализација, па дури и виртуелно.
Во јули оваа година бројот на корисници/чки на социјалните мрежи достигна 4,57 милијарди, што е половина од вкупната светска популација, известуваат Hootsuite и We Are Social.
Себастиан Реденц, од Havas Media Group, наведува дека Facebook е победник во пандемијата, и дека доказот за тоа е токму фактот што многу брендови вложувале во огласувањето токму на Facebook.
„Facebook е добро заштитен со својот основен модел на лицитирање, што значи дека штом еден огласувач ќе се откаже, друг го зазема своето место. Ниту една компанија не може да си приушти конкурентите да го заземаат нивното место, поради што сите клиенти брзо се вратиле и ги потрошиле парите на Facebook.“

Видеозаписите најважни во онлајн сферата

Cisco предвидува дека до 2022 година видеозаписите на интернет ќе сочинуваат повеќе од 82% од севкупниот интернет сообраќај на потрошувачите, што е 15 пати повеќе отколку во 2017 година.
Видео записите низ пандемијата добија нова димензија. Таа ја забрза потребата за споделување на видеа во реално време, а Facebook веќе во почетоците на пандемијата, во март, забележал 0% зголемување на бројот на корисници/чки на гледање на видеозаписи во живо во однос на февруари.
Мрежата TikTok како што и на почетокот на годината е предвидено доживеала огромна популарност, токму поради тоа што во фокусот на своето делување ја има видео содржината.
Сара Пени, раководителката за содржини во Intelligence Influencer, коментирајќи го TikTok, вели:
„Користењето на видео содржини навистина е поттикнато со голема популарност на TikTok и тоа само ќе се зголемува. Со оглед дека на секојдневните корисници емитирањето на видеозаписи им станува секојдневие, времетраењето на содржините ќе стане сé подолго, како што тоа веќе го предвидува TikTok кој очигледно веќе ги тестира триминутните видеозаписи. Неизбежно и другите платформи ќе го следат нивниот пример, а видеозаписите во подолг формат ќе станат норма.“
Според Video Marketing Landscape 2020 70% од луѓето веруваат дека видеозаписите се оние поради кои некоја информација им останува во сеќавањето.

Video Conferencing Landscape graf


 

Изгледа дека популарноста на видеозаписите на социјалните мрежи нема наскоро да се забави. Компаниите но и медиумите кои ја искористиле силата на видеото сигурно бележат пораст на својата публика.
Видео записите на социјалните мрежи дефинитивно им даваат извонредна можност на медиумите да се поврзаат со својата публика. Фактот дека корисниците се подготвени да гледаат подолги, но повторно интересни содржини им отвораат шанса и на оние медиуми кои не се приспособиле кон пократки форми за да продолжат да раскажуваат важни приказни со визуелен јазик свртувајќи го вниманието врз постоечките и надоаѓачките трендови.
Социјалните медиуми се најпопуларен канал за информирање за сé што моментално се случува, и денес на медиумите им е невозможно да постојат надвор од социјалните мрежи. Социјалните медиуми засекогаш го промениле лицето на новинарството и тој тренд сигурно ќе се продолжи во надоаѓачка 2021 година.

Ocijenite kvalitet članka