"Не сакам да бидам ограничен со рамка со големина 4 x 2 инчи. Сакам да имам поширока, поискуствена перспектива од која можам да одлучам што мислам дека е важно." Вака за традиционалниот приказ на статијата на мобилниот уред говореше директорот за дигитална реалност во компанијата Deloitte, Allan V. Cook.
Ова би бил еден од основните аргументи за примена на виртуелната реалност во новинарството затоа што веќе не е доволна проценката на новинарот/ката и уредникот/ката за тоа што е важно и на што ќе се стави фокус во текстот. Луѓето сакаат сами да одлучуваат за тоа.
Клучните разлики помеѓу VR, AR и MR
Проширена реалност (XR) се однесува на сите реални и виртуелни окружувања создадени со компјутерска графика и со дополнителни материјали. 'X' во XR е едноставно променлива која може да означува било која буква. XR е основна категорија која ги покрива сите различни форми на компјутерски изменета реалност, вклучувајќи:
- проширена реалност (AR)
- мешана реалност (MR)
- виртуелна реалност (VR).
На лаиците виртуелна реалност им е секоја технологија која ги спојува виртуелниот и реалниот свет. Меѓутоа, разликите постојат, а кога се применуваат во новинарството, каде што човечките животи се во прв план, тогаш и деталите се очигледни.
Bernard Marr, светски познатиот футурист, инфлуенсер и лидер во примената на технологијата во бизнисот ги објаснил најголемите разлики помеѓу виртуелната реалност (VR), проширената реалност (AR) и мешаната реалност (MR).
Според неговите зборови во виртуелната реалност (VR) корисниците се потполно нурнати во компјутерски креираната реалност.
Кога корисникот/ката ќе го стави екранот на главата или VR слушалките, чувствува (и нивниот мозок верува) дека се движи помеѓу виртуелните објекти на екранот. Слушалките најчесто се поврзани на компјутерот или на конзолата и тие овозможуваат виртуелно искуство.
Проширената реалност (AR) најлесно е да се објасни со некогаш популарниот Pokémon GO. Тоа е најпознатата примена на проширената реалност – технологија која ги преклопува дигиталните информации и реалниот свет. Проширената реалност го подобрува реалниот свет со слики, со текст и со други виртуелни информации со помош на уреди како што се head-up екрани, паметни телефони, таблети, паметни леќи и AR наочари.
Кога ќе го слушнете поимот мешана реалност (MR) првото прашање е зарем и претходните две реалности не се во суштина мешавина на виртуелниот и на реалниот свет на некој начин?!
Мешаната реалност оди чекор понатаму, затоа што корисниците/ките можат во реално време да комуницираат со виртуелни објекти кои се наоѓаат во реалниот свет кој го гледаме, а виртуелните објекти ќе реагираат на корисниците/ките како да се работи за реални објекти.
За да може да се доживее мешаната реалност, се користат MR слушалки кои нудат холографско искуство преку провидни наочари или нурнато доживување. За да се овозможи искуството на мешаната реалност потребна е многу поголема процесорска сила отколку за искуството на виртуелната или проширената реалност.
Кои се предностите на додавањето на XR во новинарството
Пулицеровата награда за 2018 година за известување не е доделена за статија долга 5.000 зборови.
Наместо тоа, доделена е за нов вид на новинарски потфат: искуството на виртуелната реалност (VR). Ова дело на публиката ѝ овозможи од прва рака да види како ѕидот долж американско-мексиканската граница изгледа денес, а како би можел да изгледа во иднина: интимен поглед на огромното пространство, кое самите зборови не можат доволно да го објаснат, дозволувајќи им на гледачите/ките да донесуваат сопствени одлуки за темата која често го поларизира општеството.
Со помош на проширената реалност на приказните можат да им се додадат просторни елементи кои тешко се пренесуваат со зборови.
„Визуелните медиуми им помагаат на луѓето да стекнат подобро просторно разбирање за одвивањето на настаните, како во Лас Вегас [масовно пукање]. Колку високо било ова лице? Зошто ова снимање било така ефикасно? Како функционирало тоа? Како [прибор за пиштол со зајакнат пиштол] ја подобрил способноста на пиштолот брзо да пука?” вели Jeremy Rue, предавач на нови медиуми на Berkeley. Смета дека XR би можел да биде алатка за пренесување на таков вид на информации.
XR би можел да им помогне на читателите/ките да развијат емпатија за темите кои се опфатени со приказните.
“Мислам дека емпатијата е зголемена со технологијата како што се проширената и виртуелната реалност. Тие ни даваат нов начин на перцепција на приказните и нов метод на раскажување на приказните. Способноста да се продлабочи читателската перспектива е навистина важна.”, вели Nani Walker, AR/VR експерт која моментално развива прототипови на проширена реалност и виртуелна реалност со J-School и со Центарот за проширенo спознавање.
Предизвиците на проширената реалност во новинарството
За етиката и предизвиците пред кои се наоѓаат медиумите и новинарите/ките пишувавме, меѓутоа постојат уште некои дилеми кои се предизвик за сите кои учествуваат во етичкото создавање на медиумските XR содржини:
- VR предизвикува клучни новинарски прашања како што се "кој е новинарот/ката?" и "што преставува новинарот/ката?" во овој процес.
- Технолошките барања за создавање на XR новинарство оптоваруваат, брзо се развиваат и скапи се.
- Речиси во секоја фаза на процесот XR новинарството носи компромиси кои се однесуваат на времето, цената и квалитетот.
- Производните процеси и алатки воглавно не се доволно развиени, сеуште не се добро интегрирани или вообичаени; целиот процес од снимање до гледање бара широк распон на специјалистички, професионални вештини.
Зошто со толку двоумења и дилеми да се прифати XR во новинарството?
Според зборовите на Nonny de la Peña (неслужбено ја нарекуваат мајка на виртуелната реалност) нурнувачкото новинарство е новинарство кое ‘предизвикува врска, делува против рамнодушноста и не се потпира на презентацијата, туку на искуството’. Оваа област може на единствен начин да ја поврзе публиката со приказната, со длабоко нуркање кое го дава XR.