3 грешки кои медиумите ги чинат пари

01.12.2023. / 09:14
Автор/ка
online oglašavanje
online oglašavanje

Не е доволно да се работи добро. Треба добро да ги работиме добрите работи.

Звучи комплицирано, но не е.

Кога мериме треба да знаеме зошто токму тој параметар го земаме во предвид, иако тој влијае на подобра продажба.

Кога пласираме реклама треба да знаеме зошто токму таа реклама е добра за нашата публика.

Не е доволно да ги имаме сите елементи што ни се потребни за остварување на целта. Треба да знаеме која е целта што треба да ја оствариме. Што се случува кога некои работи ги правиме добро, но патем сме ја изгубиле целта поради која треба да ги правиме тие работи? Ова се некои од причините зошто понекогаш имаме повеќе штета отколку корист.

Неразбирање на таргетираната публика

Медиумот ја монетизира публиката.

Сè што може да продаде е бројот на читатели/ки и нивното внимание. Колку е поголем бројот на оние кои верно го следат медиумот и му се враќаат како на главен извор на информации, можноста за заработка е поголема.

Различните видови на реклами во медиумите често се сметаат за неопходно зло што е потребно за медиумот да преживее. Читателите/ките тоа и го гледаат преку квалитетот на рекламата. Да, квалитетот на рекламата што е составен дел од содржината во некој медиум е еднакво важен како и квалитетот на вестите.

Во претходно напишаната статија “Рекламирање на порталите: Кога навистина е доволно?” го споменав исклучително лошото и непрецизно таргетирање со пример на реклама за пиво што ми се пласира на мене, а јас не купувам и не консумирам пиво.

Сепак, не е сè толку лошо, неефикасно и непрецизно. Позитивен пример со ласерски прецизно таргетирање видов на порталот Vijesti.me.

Рекламирање
Фото: Prt scr на насловната страница на порталот Vijesti.me

Рекламите што мепронајдоасе толку релевантни што јас воопшто не можам да ги сметам за реклами, туку за содржина што може да ми биде корисна. Зошто?

Во градот каде што живеам има продавница што ја гледате на банерот и јас сум нивен клиент. Претпоставката дека ќе ме интересира намалувањето на цените во нивната продавница воопшто не е лоша проценка.

Втората реклама што се однесува на учење на SEO оптимизација од Недим Шабиќ е уште попрецизна бидејќи јас навистина сум во неговото училиште за SEO оптимизација. Секоја дополнителна информација за лекциите за SEO оптимизацијата за мене е информација а не реклама, без оглед на тоа во каква форма таа информација дошла до мене.

Разбирањето на моите интереси и пласирањето на реклами во согласност со тоа како јас ги трошам парите е совршено во овој пример. И што е уште поважно, кликнав на огласот бидејќи ме интересираше за што се работи.

Ако сте искрени кон вашите читатели/ки и им ги понудите најдобрите можни ресурси, реакциите на содржината нема да изостанат. Колку е попрецизен медиумот, толку е подобар одзивот на публиката.

Погрешна позиција на рекламните единици

Секоја позиција на рекламата што ќе го/ја спречи читателот/ката да ја види веста е погрешна.

Ставањето на сопствената содржина во втор план за да и се отстапи простор на туѓа реклама е честа практика во многу медиуми. А токму оваа практика го уништува дизајнот на вестите поради кој дошла публиката.

Публиката доаѓа со цел (да ја добие информацијата што ѝ е потребна во моментов). Медиумот има негова цел, а тоа е да се одложи доаѓањето до информацијата што е можно повеќе за во тоа време да се консумираат реклами.

Резултатот не е повеќе кликови на рекламите, туку одење на друг портал кој ја има истата информација без реклами.

Како да се изберат најдобрите места за рекламните единици?

Препорака на порталот Adsterra е да проверите како вашите посетители скролаат и ги користат веб-страниците, кои места се видливи а кои се занемарени. Различните Heatmap и Scrollmap алатки прилично прецизно можат да кажат сè за однесувањето на корисниците на веб-страницата.

Држење до само еден пристап во монетизацијата

Сите јајца во истата корпа не е пристап за медиумскиот бизнис. Без оглед на тоа каков бизнис модел има медиумот, малиот број на извори на приход е огромен ризик и не може да биде одржлив на долги патеки.

Ако најголемиот извор на приходи е AdSense, единствениот начин да ги зголемите приходите е да го зголемите и бројот на рекламите на веб-страницата. Ова силно влијае на влошувањето на корисничкото искуство, а ако не сте сигурни што значи ова, погледнете ја сликата подолу.

Рекламирање
Фото: prt scr

Можете да претпоставите дека мојата посета заврши по неколку секунди. Со тоа што не ја добив информацијата, ја нарушувам аналитиката бидејќи веднаш ја напуштив веб-страницата. Имате евидентиран клик, но времето поминато на страницата е 1 секунда. Ова ги намалува просечните бројки на аналитиката на порталот што им се праќаат на огласувачите.

Претрупувањето со реклами датира од она време кога порталите се создаваа за да се заработи од рекламите. Во меѓувреме, однесувањето на луѓето се промени, луѓето страдаат од "замор од реклами", а со порастот на блокаторите на реклами, рекламирањето изгуби дел од неговата моќ.

Еден извор на приходи е ризикот за одржливост на медиумот.

Она што ретко го анализираме и го калкулираме се загубите што ги имаме со текот на времето бидејќи не сме оствариле приходи од другите формати, а сме можеле.

Конкретно, тоа можат да бидат спонзорирани текстови, ПР и покровителства на настани и привлекување на публика од дијаспората.

Секој медиум треба да најде повеќе извори на приходи кои ќе помогнат дури и ако еден од изворите исчезне следниот ден.

Како да се исправат грешките поради кои се губат пари

Првиот чекор е да се потсетиме за кого медиумот ги создава вестите и за кого ја работи целата оваа работа.

Не верувам дека на Балканот постојат луѓе кои покренале медиум за да се збогатат. Постојат попрофитабилни идеи од истражување и потрага по информации. Затоа враќањето на таа една реченица (некои ја нарекуваат визија) го враќа човекот на вистинскиот пат.

Таа реченица ќе ни даде неколку информации:

  1. Која е целната публика на медиумот и какви информации ѝ се потребни
  2. Кое географско подрачје треба да биде приоритет за известување

Кога ќе ги имаме одговорите на овие прашања, ќе ни требаат аналитика и одговори за тоа какви се интересите на нашата публика и какви реклами можеме да им понудиме за да бидат релевантни за нивните интереси.

Со овие прашања ќе елиминираме голем број на нерелевантни информации како што се железничките несреќи на возовите во Индија, големата материјална штета што ја предзивикал Urus, но ќе добиеме простор за подобра и поквалитетна содржина што им е потребна на читателите/ките.

Оценете го квалитетот на статијата