4 формати за раскажување приказни во онлајн медиумите

10.07.2020. / 08:46
Автор/ка
Share
ere
ere

На интернет, конкуренција на медиумите не им се медиумите кои објавуваат слична содржина.

Конкуренција е сѐ што се натпреварува за вниманието на читателите/ките.

Да се понудат вести во форматот „малку текст провлечен низ свртена пирамида“ и една слика на почетокот не е адут за натпреварување. Потребно е повеќе. 

Потребни се алатки кои на новинарската приказна ќе ѝ вдахнат посебен дигитален живот. 

Дали можат медиумите да профитираат со користење на комерцијалните алатки

Развојот и популаризацијата на атрактивните нови формати би можеле да ги направат препознатливи  новинарските приказни, особено кога се консумираат на другите платформи.

Ваквите формати ги привлекуваат читателите/ките почесто да ги посетуваат изворните веб локации и апликации.

Повеќето алатки за креирање на дигитални содржини не се настанати со цел да им помогнат на медиумите во креирањето на подобри приказни. Креирани се со земање предвид на комерцијалната употреба. Можеби тоа е причината за нивна помала застапеност во медиумските содржини. 

Бизнис моделите на медиумите често подразбираат колку што е можно поголем број на читатели, колку што е можно повеќе време поминато на веб страницата на медиумот, со колку што е можно помалку трошоци за производство на содржината. Имплементацијата на алатките во содржините е предизвик, а постои и проблем со обука на новинарите за користење на алатките во секојдневната работа. Ова се аргументите кои често победуваат при донесување на одлука дали да се користат алатките или не. 

Нема сомнеж дека новите формати подобро им одговараат на навиките и потребите на корисниците отколку стариот добар текст. Ова би можело да биде аргумент за користење на алатките кои ќе ги наведеме во натамошниот текст.

Останува прашањето како да се одлучите за воведување на целосно нова алатка во и онака оптоварена редакција? Во текстот на BBC Lab чиј автор е Тристан Ферне се наведени критериумите за проценка за користење на определениот формат:

  • Дали форматот е разбирлив?
  • Дали е доволно привлечен?
  • Дали е препознатлив и нов?
  • Дали ги задоволува потребите и однесувањето на публиката?
  • Дали има соодветен стил?
  • Дали е технички едноставен за користење?
  • Дали со тој формат е лесно да се создадат приказни? (клучна деловна потреба)
  • Дали е применлив во разните жанрови на вести? (на пр. ударни вести, долги приказни...)
  • Каков е примерокот или форматот? Дали е тоа нов вид интеракција или нов начин на раскажување приказна? Или е тоа некој вид комбинација?

Формати за раскажување приказни (storytelling)

Алатките кои можат да ја направат приказната интерактивна, визуелна и звучна даваат целосно ново доживување на новинарството и медиумските содржини. 

Видео + поднаслов

Видео форматот станал исклучително популарен начин за консумирање на содржини а особено е интересен формат на социјалните мрежи. Видео клиповите со поднаслови не се објавуваат само за да се направи содржината достапна до лицата со потешкотии, туку и за овој формат да го направиме достапен до читателите/ките без оглед во кое окружување се наоѓаме.

Видео клип без тон, но со поднаслов и понатаму ги нуди специфичностите кои сликата и аудиото не можат да ги дадат.

Примерот за ваква содржина го имаме и на порталот Balkansmedia.org. 

gi

Вертикален формат 

Вертикалниот формат станал позастапен како што растела употребата на мобилните уреди во новинарството. Овој формат е најатрактивен ако ги пренесува настаните кои навистина се случиле или станува збор за пренос во живо (лајв). 

Често го користат очевидците на определени ситуации и граѓаните-новинари. Примерот на ваква практика го имаме и во неодамнешните објави на bh. medija.

klix

Аудио

Еден од форматите кој во последно време станува сѐ повеќе застапен и баран е аудио форматот.

Покрај подкастот кој донесе мал дел од телевизиското и радиското во онлајн содржините, аудиото стана важно поради стилот на животот на читателите/ките. Консумирањето на медиумските содржини исклучиво во текстуален формат стана тешко изводливо и сѐ помалку има време за сѐ што сакаме да прочитаме дневно. Затоа аудио форматот им донесе одлична можност на медиумите и читателите/ките. 

Обично аудио форматот на текстот е сѐ повеќе застапен во домашните медиуми. За посебните приказни и долгите формати кои бараат интерактивност и посебен пристап, постојат алатки кои го интегрираат аудиото во текстот. За една ваква алатка пишувавме во текстот Како да му додадете звук на текстот.  

Оваа алатка носи можност аудио изјава на актерот на приказната да биде интегрален дел од текстот а не издвоена аудио снимка на друга платформа.

dddddda
Фото: Prtscr http://projects.aljazeera.com/2014/tangier-island/

Scrollytelling

Scrollytelling е комбинација на зборовите „раскажување“ (storytelling) и „поместување“ (scrolling). Ги означува интернет мултимедиумските приказни кои се одвиваат додека вие скролувате или се движите со глувчето кон долу низ екранот. Приказните можат да бидат подолги и пократки што им овозможува на корисниците/чките да ги одберат деловите кои сакаат да ги истражат. 

За scrollytelling е карактеристично користење на повеќе различни формати на содржина:

  • Фотографија
  • Видео
  • Текст
  • Податоци

Целта на ваквите содржини не е да ја прочитате приказната бидејќи често има најмалку содржина за читање. Интерактивноста ја донесуваат мапите, податоците, аудио и видео содржината која ја привлекува публиката преку скролување да ја открие целата приказна. 

Добри и атрактивни медиумски содржини бараат соработка на новинарите (фото новинари, видео новинари, истражувачи), девелопери и дизајнери.

Дали новите, често скапи формати ќе придонесат за подобро работење на медиумите или само кусо и привремено ќе ја забавуваат публиката со врвни содржини? Дали можат и помалите медиуми да си приуштат иновативни формати кои ќе значат дека тие се водечки медиум?

За недостатокот на иновативноста во медиумските содржини често постои само една причина. 

Не постои финансиска оправданост за нивната примена во секојдневната работа.

Ocijenite kvalitet članka