Bear: одлична апликација за белешки

11.01.2021. / 11:16

Bear се покажал како најомилена апликација за пишување белешки. Оваа врвна апликација за белешки е достапна единствено на Apple уредите.  

Иако во практиката на многумина новинари/ки Google документите се можеби прв избор бидејќи тие се пред сé бесплатни и лесно достапни при запишување на работите, Bear одлично го извршува водењето на белешки во движење, што го прави еден од најпопуларните.

Овој добро структуриран уредувач ви дава приказ на панелот. Апликацијата Bear ви нуди множество на врвни опции – правење на хиперврски, додавање слики, форматирање текст во различни големини, користење на различни фонтови и уште многу работи. Можете да додадете заглавија и ознаки, па дури и приспособен код.

Кога ќе заврши со содржината, може да се извезе во повеќе формати. Датотеките исто така можеме да ги извеземе директно во е-пошта. Нѝ овозможува да ги извезуваме белешките во форма на текст, PDF, Markdown, HTML, DOCKS.

Bear апликација за новинарите

ds

Bear ви нуди широк спектар на теми, а дури ви овозможува и да ја смените иконата на апликацијата врз основа на вашата тема. Иако на новинарите им треба доста олеснување во текот на работата, апликацијата Bear е одлична за овој вид работа.

Со оглед на тоа дека iOS и Mac се синхронизираат преку iCloud, на новинарите им олеснува директно префрлување на текстот кој на пример го прават на порталот.

Едноставната странична лента на мобилниот телефон помага да се организира и следи целата своја содржина. Оттука исто така може да се пристапи до одделните делови на белешките. Една од најважните ставки на ваквите апликации е организација на материјалите на едно место. Некогаш тоа беа бележниците (како во случајот на OneNote па и Evernotе кој исто така како и Bear дозволува организација врз основа на хештагови и поврзување на сродните белешки со врски).

Новинарите/ките единствено со типкање врз црвеното копче на десното дно од телефонот, можат да почнат да прават некои детални белешки, на пример текст, додека се на терен бидејќи тука постои множество опции како што е задебелување, подвлекување, курзив, ознаки H1, H2, H3, цитирање и уште многу работи.

Исто така, можат да додадат полиња за потврда – односно, да можат новинарите/ките да направат некоја чек листа која треба да ја направат во текот на една задача. Освен тоа, преку апликацијата можат да се поврзат на кој било медиум, директно на Dropbox, iCloud или Google Drive.

Уште една корисна функција е што може да се пристапи до камерата преку оваа апликација и да се прават слики за да можат да се додадат во некоја белешка.

Откако ќе ја напишете својата содржина и откако ќе посакате да ја извезете на некоја друга платформа, можете тоа да го направите директно преку е-пошта. Меѓутоа, едно предупредување е дека кога префрлувате директно на е-пошта, сликите таму нема да бидат зачувани.

Со тоа, Bear ви овозможува да ги споделувате сликите директно на социјалните мрежи како што се Facebook и Instagram.

Колку чини Bear?

Претплатата на Bear Pro доаѓа во две опции: 1,49 USD месечно, со еднонеделен бесплатен пробен период. И годишно 14,99 USD со 30-дневен бесплатен пробен период.

Она што е мошне важно за самите новинари/ки е безбедноста, која Bear го сместува на самиот врв од сите други апликации за белешки. Податоците во апликацијата Bear се складираат во CloudKit и шифрирани се со приватните клучеви на Apple и Apple нема пристап до доверливите податоци на корисниците ниту до било кои чувствителни податоци. Секој дел од податоците испратен или примен од CloudKit се пренесува преку SSL, што обезбедува никој да не може да ги чита вашите белешки во текот на преносот.

Предноста која Bear ја има е таа што податоците ги складира на вашиот личен iCloud, додека сите други своите податоци ги складираат на сопствените сервери, бидејќи првично Bear е наменет за Apple уредите, што на крај значи дека вашите податоци се подобро заштитени. 

Сé на сé, Bear нуди елегантно корисничко искуство благодарејќи му на квалитетниот кориснички интерфејс и на своите детални можности на белешките, што го прави една од најдобрите апликации за белешки.

Апликацијата е неверојатно осмислена и го дала вниманието според деталите без оглед дали се работи за Mac, iPhone или iPad.

Ocijenite kvalitet članka