Byline Project – простор каде што локалните приказни стануваат национални

09.06.2021. / 13:39

Okayplayer, кој за својата матична компанија OkayMedia се нарекува уметнички и прогресивен глас на културата на црнците/ките, заедно со Google News Initiative покренал изградба на софтверска платформа со отворен код под името Byline Project.

Целиот проект е базиран на давање на простор за локални приказни кои имаат национални размери. Времето на пандемијата влијаело на тоа многу локални медиуми да се затворат а гласот на заедниците од помалите средини исчезнал.

Со исчезнувањето на медиумите од малите градови, локалните приказни кои имаат национално влијание остануваат невидени. Едноставно кажано, во постоечката новинарска рамка често се гушат културно значајните локални приказни„ – наведуваат од Byline Project.

Byline Project е покренат во Соединетите Американски Држави, откако дошле до сознание дека скоро 200 окрузи немаат локални медиуми, што значи дека скоро 3 милиони луѓе ширум земјата многу веројатно нема да бидат свесни што се случува во нивните заедници. Публикациите, новинарите/ките и веродостојната пристапност до вестите се дестабилизираат кога пристапот до локалните приказни е ограничен.

"Беше јасно дека треба да има некои иновации околу тоа како редакциите ги исфрлуваат приказните и како нови страници, од оние кои се најквалификувани да ги раскажуваат приказните на своите заедници, се појавуваат на нашите страници", изјавила Rachel Hislop, главниот уредник на Okayplayer.

Како приматели на фондот за иновации на Google, Okayplayer имал задача да направи иновација и да понуди решение за овие проблеми и нивните ефекти.

Проектот Byline е целосно бесплатна дигитална алатка која им овозможува на малите и на средните издавачи и локалните раскажувачи да помогнат да се врати локалното известување во своите заедници, додека работата на раскажувачите ја поврзува со финансиската поддршка на пошироката дигитална публика.

Може да се инсталира на WordPress платформата, а ќе ја поедностави постапката на известување и презентацијата на содржината. Исто така ќе се интегрира со индустриските стандарди на производите на Google, како што се Google документите. А по објавувањето на приказните, интернет заедницата може финансиски да ги поддржи креаторите на содржината со давање на совети на новинарите/ките, затоа што со пласирањето на содржина преку овој plug-in, се остава и опција публиката финансиски да придонесе за вашата статија.

via GIPHY

Слушнавме јасно и гласно од новинарите/ките ширум Северна Америка дека постои огромна потреба од издавачи и новинари/ки кои се недоволно финансирани за да бидат зајакнати да произведуваат квалитетно локално новинарство кое ја претставува целата нивна заедница. Тоа е она што Byline Project навистина го истакнува“ – наведува LaToya Drake, шеф на претставништвото за медиуми во Google.

Со креирање на вашиот профил на оваа страница можете едноставно да ја поставите вашата приказна и да ја испратите на различни медиумски куќи. Медиумските куќи кои го препознаваат значењето на приказните, можат директно да ве контактираат и да побараат вашата приказна да биде објавена во нивниот медиум. На профилот можете да ги додадете сите ваши важни контакти, линкови кон претходните приказни, и вашите профили на социјалните мрежи, за уредниците на медиумите да можат да имаат увид за тоа кој сте и на какви приказни сте работеле досега.

via GIPHY

Оваа платформа дава простор за поставување на локални приказни кои немаат простор во локалната заедница а се важни да дојдат до поширока публика.

Иако е од неодамна пуштен во употреба, и не е широко популарен и распространет, фактот дека е со отворен код му овозможува да биде користен било каде во светот. Многу фриленс новинари/ки во нашиот регион, кои известуваат од своите локални заедници, можат да ја популаризираат оваа иновација на овие простори и да го искористат овој простор за ширење на своите локални приказни.

 

Ocijenite kvalitet članka