Дигиталните вештини на новинарите/ките: 8 вештини кои се потребни за работа во медиумите

16.07.2021. / 11:09
Автор/ка
Share
Digital Skills
Digital Skills

Големиот број на платформи, апликации, софтвери кои денес се користат во новинарството значат поголеми можности за пласирање на вести и ангажирање на публиката.
Од друга страна, значи како никогаш до сега потреба од нови знаења и вештини на новинарите/ките.
Кои вештини можеме да ги сметаме за основни дигитални вештини на новинарите/ките?

1. Интервјуирање

Зашто интервјуирањето се нашло на листата на вештини (и тоа дигитални) ако новинарите/ките работеле интервјуа од кога е светот и векот? Денес се сѐ повеќе оние кои се навикнати да работат сѐ преку пораки, Facebook, Twitter, Instagram или било што друго. Бројот на луѓе кои можат директно да разговараат со некого – тоа станува вистински предизвик за новинарството.
Ian Carter, директор на редакцијата на Kent Media Group, истакнува дека е сѐ поголем јазот: „Бројот на пријави кои ги добиваме дефинитивно е намален, а луѓето кои се пријавуваат обично имаат многу технички вештини, но не и комуникациски вештини за да можат да разговараат со луѓето и да одат да бараат приказни. Тоа се смени."
“Двете најважни работи кои ги барам од репортерот се способноста да водат еден–на–еден разговори со луѓето од сите сфери на животот. И тоа е нешто што навистина се сменило во текот на последните неколку години затоа што ни доаѓаат луѓе со многу технички вештини. Но поради тоа што го живеат својот живот на социјалните мрежи, тие апсолутно се преплашени кога треба да ја подигнат слушалката и да разговараат со некого или да разговараат лице во лице." вели Carter.

2. Storytelling

Раскажувањето на приказни со можностите кои ни ги даваат дигиталните алатки и целосно новите формати кои се сѐ почесто дел од новинарските приказни е тоа што публиката многу го цени и го наградува.
Алатките кои приказната можат да ја направат интерактивна, визуелна и звучна даваат целосно ново доживување на новинарството и на медиумските содржини. На новинарите/ките е, со своето знаење и интуиција да најдат добри приказни, да научат да ги користат алатките кои нудат можности под услов веќе да знаете кои се тие можности и како се тие добри за вас.

3. Проверка и потврда на фактите

Во самите ударни вести, додека информациите и шпекулациите се шират по интернет и по социјалните мрежи, проверката на фактите е исклучително важна вештина. Тоа е она што новинарите/ките треба континуирано да го усовршуваат.
Улогата на новинарот/ката во откривањето на фактите е многу важна на дигиталните платформи без разлика дали се работи за утврдување на датумот или местото на сликата или на видеозаписот или едноставно за поддршка на пишаните извештаи за настанот. Примери имаме скоро секојдневно во медимуите, а еден имаме споменато и на Balkansmedia.org кога на многу регионални портали беше објавена лажната вест за смртта на Ратко Младиќ.
Денес сѐ повеќе се прават обиди да се поврзе публиката со медиумот  и со околностите на вестите со преземање на содржината од очевидци и нејзино користење во вестите. На интернет постојат голем број на алатки за проверка на автентичноста на фотографијата, на датумот кога настанала фотогафијата. Во околности кога брзината на објавување на вестите е важна, вештината на новинарите/ките брзо и ефикасно да ги проверат фактите е од пресудна важност и во иднина ќе биде подеднакво важно.

4. Оптимизација за пребарувачите (SEO)

Да се знае како да се креира вест која ќе биде интересна за публиката, но и ќе ја зголеми видливоста на медиумот на пребарувачите е добра вештина која ниеден уредник/чка не би ја одбил во својата редакција.
Специфичноста на SEO или оптимизации за пребарувачите се правила на рангирање кои се менуваат скоро секојдневно. Секоја година се случуваат од 500 до 600 измени на алгоритамот на Google. За позиционирање на содржината на пребарувачот Google зема во предвид околу 200 параметри. Вие можете да бидете вешт SEO новинар/ка само ако континуирано учите и го применувате наученото.

5. Социјалните мрежи и live-streaming-от

Публиката често ги гледа ударните вести на социјалните мрежи, а не на веб порталите. Да имате развиен профил и добра комуникација со публиката и колегите е добра конкурентска предност при барањето на работа за секој новинар/ка.
Една од карактеристиките која е добра за публиката затоа што се вклучува во настанот, за новинарот/ката затоа што придонесува за автентичноста, а придонесува и за медиумот преку градењето на доверба и популарност е live-streaming–от.
Да се знае добро и брзо да се реагира, да се кадрира и да се приспособите на мрежата и форматот (хоризонтален и вертикален) и сѐ тоа во кратко време додека трае преносот во живо, е новинарската вештина на иднината.

6. Блогување на сопствената платформа

Да пишувате на сопствениот блог не е само брусење на вештината на пишување, туку и начин да се експериментира со веб аналитиката, со изградба на публика околу определена тема и со промовирање на содржина за таа да дојде до што поширока публика.
Изградбата на портфолио е добар план за секого кој сака да оствари ангажман во медиумите. Дополнителните вештини кои водењето на мал медиум како што е вашиот сопствен блог, ги носи со себе уште многу уреднички, маркетиншки и новинарски знаења.

7. Безбедност на информациите

Горлива тема моментално е безбедноста на информациите. Така и ќе остане затоа што фишингот и многу други видови на напади се сѐ почести.
Без оглед на тоа дали се на мрежата или не се и кои алатки ги користат, новинарите секогаш морале добро да размислат за начинот на кој ги споделуваат информациите, особено кога во прашање се анонимни извори. Поради иновативните и се поитри начини на кражба на информации, налози на интернет и кражба на податоци приоритет на новинарот/ката е да се заштити себеси, а со тоа и медиумот во кој работи.

8. Основни новинарски вештини

Тоа што е важно да се знае е дека не постои дигитална платформа, апликација, медиум ниту дигитална вештина која може да ги замени основните новинарски вештини.
Според истражувањето кое го спровел Reuters Institute, барањата кои денешните млади новинари мораат да ги исполнат можат грубо да се поделат на три категории:

  • лични квалитети,
  • традиционални квалитети,
  • нови технички вештини.

Традиционалните квалитети кај новинарите/ките  подеднакво им се важни на многу уредници како и личните. Основните карактеристики за секој новинар/ка сеуште вклучуваат истражувачки вештини, и самоуверено и вешто користење на јазикот.
Andreas Wolfers, шефот на Henri-Nannen-Schule во Хамбург, кажал: „Текстот е новинарска форма во која најдобро можат да се тестираат најразлични вештини. А најважната е намалување на сложеноста. Дали може некој да влезе во сржта на сложена тема на половина страница? За тоа мораме да бидеме во состојба добро да управуваме со јазикот."

Вештините кои ги наведовме како осум основни дигитални и важни се само капка во морето од оние кои можете да ги усвоите и кои некогаш може да ви бидат потребни. Не можеме да бидеме добри во сѐ ниту е реално да имаме стотина развиени вештини, но комбинација на основните новинарски вештини заедно со две или три дигитални е сосема доволна за успешен новинар/ка.

Ocijenite kvalitet članka