Фото есеј во новинарството

14.05.2021. / 08:13
Автор/ка
Share
re
re

Дали некогаш ви се случило со денови да читате вести и да имате неутрално мислење за некој настан?

Потоа гледате неколку фотографии и во потполност се менува вашата перцепција и сѐ што дотогаш сте мислеле за настанот?

Фото есеите можат да поттикнуваат на размислување, да комуницираат подлабоко и емоционално, да бидат смешни, вознемирувачки.

Истовремено треба да бидат незаборавни.

Што е фото есеј?

Фото есеј е раскажување на приказни со фотографии, со голема доза на личен печат. Фото есејот е серија на фотографии во кој секоја фотографија има своја улога во раскажувањето на приказната или во изложувањето на основната идеја. Фото есејот овозможува приказ на покомплексна тема, која би било невозможно да се прикаже во една фотографија. Битно е да се нагласи дека не се сите серии на фотографии - фото есеи! Фотографиите во фото есејот се избрани и групирани така да, освен што раскажуваат приказна, јасно го одразуваат личниот став на авторот. Затоа фото есеите се многу индивидуална форма на изразување на идеи, мисли, емоции и импресии. Два типа на есеи се основни:

Фотографот Matt Brandon во еден од своите текстови за The Digital Trekker тврди: “Фото есејот навистина не се разликува толку од било кој друг вид на напишан есеј или приказна. Фото есејот навистина би требало да има едноставен, но јасно дефиниран тек со јасно дефинирани почеток, средина и крај. Целта е да се фотографираат ограничен број на фотографии, да речеме од 5 до 35, и со нив да раскажеме приказна. Тие слики мораат да ги воодушеваат гледачите и пред нив да се создаде некој заплет, сѐ  во период од 3 или 4 минути.” 

4 примери на фото есеи

Постојат многу идеи за раскажување на моќни фото есеи. Некои од нив се:

  • Фото есеи од ден во ден: овој вид на фото есеи раскажуваат приказна за ден во животот на одредена тема. Можат да ја прикажат кариерата на земјоделецот или уметникот, да ги фатат секојдневните работи на родителите и времето на играње со децата или да ја забележат рутината на спортистите. Серијата на фотографии од ден во ден може да биде емоционално предизвикувачка, давајќи им на гледачите интимен увид во светот на друг човек.
  • Фото есеј од историска област: Фотографирањето на слики со историски знаменитости нуди различни перспективи – користење на единствени агли, длабочини и осветлувања.  Употребата на дронови и рефлексијата исто така е корисна во вашата потрага за пронаоѓање на идеални околности и прикажување на разни сцени со иста тема.
  • Фото есеј зад кулисите: Фото есеите зад кулисите се одличен начин да се забележат настаните од почеток до крај. Со помош на овој вид на фото приказни можете да ги видите работните процеси и како сѐ тоа заедно се одвива за на крајот да настане нешто што повеќето луѓе го гледаат.
  • Фото есеј од локални настани: Локалните настани како собирање на средства, уметнички изложби или фестивали се одлични места за документирање на фотографскиот проект. Искрени фотографии на луѓе од некоја заедница можат да се стават во фото есеј заедно со позадинските предмети за да се помогне во осликување на сцена на одредена локална заедница и животот во неа.

Зошто фото есејот е толку силна алатка за раскажување на приказни

Репортерките Michele McDonald и Sally Jacobs во 1993 година биле испратени од Бостон на подрачјето на бивша Југославија за на читателите на подобар начин да им го приближат хаосот отколку што можеле да добијат со секојдневното известување за војната на овие простори.

Секоја од фотографиите раскажува одредена приказна, но заедно мислам дека даваат посилен увид во ужасното време од балканската историја.” кажала McDonald.

Раскажувањето на посилна приказна е причина зошто фото есејот може да пренесе приказна која ниеден друг формат во новинарството не може толку длабоко и емотивно да ја долови.

Тоа што е многу важно, а што и фотографот Matt Brandon често го истакнува на своите предавања: “Секоја фотографија мора да биде доволно добра за да стои сама за себе. Не можете да имате фото есеј со неколку навистина одлични фотографии а потоа остатокот да го пополните со просечност, тоа едноставно не функционира на тој начин. Секој кадар би требало да биде доволно добар за да може да се гледа одвоено, и есејот во целина да биде извонреден. Но секоја слика има свое место во приказната.

Препораки за креирање на фото есеј

Добри фото есеи, како и добри фотографии не им се случуваат случајно  на среќни фотоновинари/ки.

Грешка е да се отиде на терен, да се фотографира и после тоа патем да размислувате за приказната која ја креирате. Добра фотографија е резултат на подготовки и истражување  кое му претходело на бележењето на самиот момент.

Некои фотоновинари/ки препорачуваат да се направи shot list. Оваа листа би ги содржела сите оние моменти на одреден настан кои треба да ги забележиме за да имаме потполна приказна. Не е секогаш можно да креирате листа и да се придржувате на неа, но е добра подготовка за почетници/чки во фотоновинарстовто.

Како да креирате фото есеј

Раскажете различна приказна Знајте што фотографирате и зошто, која е вашата порака. Фотографирајте со цел, немојте вашата работа да зависи од среќата или од поволната положба на ѕвездите.

Погрижете се да имате широка палета на фотографии Фотографирањето на огромен број на фотографии ќе ви осигура добра база за постпродукција. Можеби подоцна ќе ви треба поширок агол, фотографија на некој детал или различно осветлување. Можеби ќе решите да го усмерите својот фото есеј во друг правец. Со голем број на фотографии, имате и голема можност. Подобро да имате повеќе фотографии отколку нешто да ви недостига.

Бидете немилосрден/на уредник/чка Постапката на уредување треба да биде остра. Ако е кадарот убав, но не се вклопува во вашиот есеј, не го користете. И немојте да ги уредувате фотографиите истиот ден кога сте ги фотографирале. Ќе бидете пообјективни ако помине малку време помеѓу фотографирањето и монтажата.

Изберете 10 најдобри За почеток изберете ги најдобрите 100 фотографии од сликањето. Подоцна, погледнете ги тие 100 фотографии и стеснете го изборот на 25. На крајот, тие 25 стеснете ги на 10 најдобри фотографии, внимавајќи секоја фотографија да служи на вашиот изворен концепт на приказната.

Напишете описи Последните 10 фотографии можат да имаат описи за да ја подобрите визуелната приказна. Ако сметате дека вашите фотографии би ги дополнил текст, додадете го. Ако мислите дека фотографиите можат самостојно да стојат, претставете ги такви какви што се.

За добар фото есеј потребни ви се сите овие елементи. Добар фото есеј може и без овие елементи. Нема правила затоа што тајната е во создавањето на приказна низ вашиот објектив, а не во процесот на креирање на фотографии и нивното уредување.

Ocijenite kvalitet članka