Фотографии, медиуми и GDPR: Има ли едноставно решение за постапување

18.12.2020. / 11:01
Share
GDPR i Fotografije
GDPR + Media
GDPR i Fotografije

Да се објават фотографии снимени на улица или од некој настан повеќе не е task кој се извршувал за да се употполни веста.

Денес тоа е засебен проект.

Дали сакате фотографиите од луѓе да ги објавите во медиумот, првин морате да имате согласност од лицата кои се наоѓаат на вашите фотографии. Бидејќи законите, пред сé GDPR, го бараат токму тоа.

Ако сега мислите дека вам ви е полесно бидејќи вие не живеете во земјите на ЕУ, туку во некоја од балканските земји, се лажете. Не ви е полесно.

GDPR или Општа уредба за заштита на личните податоци не ја штити земјата, туку граѓаните. Тоа што вие не сте во ЕУ, не значи дека лицето на вашата фотографија не е граѓанин/ка на Европска унија.

Од кога фотографијата е личен податок?

За да бидете сигурни дека законски сé е во најдобар ред, првин мораме да знаеме основни работи.

Лични податоци се според член 4 од Општата уредба за заштита на податоците сите податоци на поединецот чиј идентитет е утврден или може да се утврди со помош на идентификаторите како што се име, идентификациски број, податоци за локацијата, мрежен идентификатор или со помош на еден или повеќе фактори својствени за физички, физиолошки, генетски, ментални, економски, културни или социјален идентитет на тој поединец.

Под личен податок се подразбира:

  • име
  • адреса
  • е-маил адреса
  • IP и MAC адреса
  • GPS локација
  • RFID тагови
  • колачиња на веб страниците
  • телефонски број
  • фотографија
  • видео снимки на поединецот
  • ЛИБ (личен идентификациски број, ЕМБГ)
  • биометриски податоци (отпечаток од прстите, снимка на шареницата на окото)
  • генетски податоци
  • податоци за образование и стручна подготовка
  • податоци за плата
  • податоци за кредитно задолжување
  • податоци за сметки во банки
  • податоци за здравјето
  • за сексуална ориентација
  • гласот
  • …и многу други податоци кои се однесуваат на поединецот чиј идентитет е утврден или може да се утврди.

Ако на вашата фотографија јасно се истакнува лице, за да ја објавите фотографијата и за да бидете сигурни дека нема да имате проблем, морате да имате дозвола од тоа лице.

Кои закони го регулираат снимањето и објавувањето на фотографии

Покрај GDPR, постојат неколку закони кои го регулираат ова подрачје, зависно од законските решенија на одделна земја. Тоа можат да бидат:

  • Закони за заштита на личните податоци,
  • Закони за медиумите,
  • Кривичен закон – ако се работи за неовластено снимање на фотографии.

Без оглед што определена земја не е членка на ЕУ, обврските за почитување на Општата уредба за заштита на личните податоци постојат. Законодавствата на земјите во регионот во изминатиот период се усогласени со GDPR. Така што и во домашните закони имаме мошне слични прописи кога се во прашање објавувањето на фотографии и заштита на личните податоци или тие се во подготовка за да се усогласат со GDPR.

Како фотографиите да се усогласат со GDPR

Да се усогласат фотографиите и фотографирањето со барањата на GDPR и да се заштитите себеси, медиумот и правата на граѓаните е комплицирано, како и самите прописи.
Не постои едноставно решение.
Тоа го докажува и посебниот пристап на одделните медиуми каде читателите од ЕУ се блокирани во целост, бидејќи така е поевтино. Или како The Washington post, имате посебна претплата за граѓаните на ЕУ во чии рамки сте го ограничиле мерењето, земањето и обработката на какви било податоци од граѓаните на Европската унија.

 

Washington Post EU Subscription
Washingto Post EU Subscription

Ако блокирањето не е опција, медиумот сепак може да направи нешто:

Објавувајте ги оние фотографии на кои луѓето не се прикажани во крупен план

Фотографирањето од далечина, по можност така што посетителите да се свртени со грб, ќе му ги обезбеди на медиумот сите услови за објавување. Проблемот во ваквите случаи е фактот дека ваквите фотографии не придонесуваат многу за квалитетот на информацијата. Бидејќи голем број луѓе свртени со грб кон камерата не придонесуваат за автентичноста на настанот ниту на местото кое е снимано.

Определени лица можат да се замаглат со користење на софтверски алатки за обработка на фотографии

Ова е добро решение кога објавувате фотографии од деца кои се наоѓаат во специфично окружување кое ѝ дава контекст на приказната, дури и ако не го гледате лицето. Меѓутоа, ако замаглите половина фотографија снимена на некоја конференција, се поставува прашањето каков ефект ќе добиете со таа фотографија.

Побарајте согласност од лицата кои на фотографиите се прикажани во крупен план

Препораката е да се добие согласност од лицето, ако веќе сакате да снимите фотографија од блиску.
Дополнителна препорака е да му се покаже на лицето таа фотографија. Се поставува прашањето, како да се реализира ова во практиката ако денес имате три настани на различни адреси, ако морате да го чекате крајот на настанот за да му пријдете на лицето и да го замолите за потпишување на согласноста.
Прашањето над прашањата гласи како во редакцијата која има неколку илјади фотографии во архива да се организираат фотографии, согласности и доказите за користење на тие фотографии на различни локации (на веб страницата, на социјалните мрежи на медиумот, во њузлетерот).
GDPR е, според зборовите на многумина врз чие работење влијае, преполн со контрадикторни прописи и барања. Истовремено, тој не нуди решенија за конкретни барања и проблеми со кои луѓето се соочуваат. Со тоа, обврската за почитување на законот постои, но неговото спроведување поради нејаснотиите многу им го отежнало на оние кои можат да трпат последици од непочитување на законот.

Што GDPR значи за медиумите?

Уште дополнителна внимателност, уште едукации во редакцијата.
Но може да значи и можност за изградба на довербата со публиката.
Во своите препораки до новинарите/ките Џон Беинс, советникот за заштита на податоците во лондонската адвокатска канцеларија Mishcon de Reya, истакнал: GDPR е можност оние кои навистина го разбираат тоа да се истакнат од масата, искористете го тоа.

Ocijenite kvalitet članka