Интердисциплинарниот пристап во медиумите е клучот за среќни редакции

29.12.2021. / 08:49

Со новинарство можете да се занимавате на многу начини, да усвоите многу стилови, да се фокусирате на многу теми или да работите со различни медиуми. За новинарскиот резултат да биде препознатлив, тој вклучува тимска работа преводена од голема група на експерти/ки од различни области.

Медиумските редакции не се комплетни без нивниот тим. Финалниот производ зависи од комплетниот тим што е задолжен за реализација и секој член мора да соработува и да работи заедно за да се постигне конечната цел. Од утринските состаноци до крајот на последниот дел од емисијата, од прилогот, од статијата.

Продуцентите/ките, мултимедијата, репортерите/ките, водителите/ките, уредниците/чките, техничарите/ките, маркетинг секцијата, сите тие заедно сочинуваат еден медиум. Секако, некои сегменти се разликуваат од медиум до медиум, така што сигурно студиската екипа нема да ви биде потребна во печатениот медиум, но ќе ви биде потребна печатницата и тимот што е задолжен за дизајнот и за печатењето.

За да развиете успешен интердисциплинарен тим, ќе треба да обрнете внимание на многу чекори, да усвоите различни вештини и да бидете подготвени да ги отворите вашите видици. Во некој момент ќе мора и да се откажете од определени навики и научени правила на работа.

Но, поради тоа што може ваквиот пристап да ви донесе на крајот, веројатно вреди да тргнете по овој пат.

Совети, искуства и алатки за интердисциплинарна редакција

Niemanlab ги наведува следните идеи, искуства и алатки кои ќе ви помогнат доколку основате интердисциплинарен тим во редакцијата:

  • Дефинирајте ја вашата мисија

"Луѓето во интердисциплинарниот тим треба да се вклопат како делови од сложувалката", вели Cameron Hickey, поранешен лидер на тимот на Лабораторијата за информациски нарушувања.

Како што наведува тој, мисијата за зависност во ваквиот тим изгледа вака:

МИСИЈА → УЛОГИ → ЛУЃЕ → РАБОТА

Мисијата мора да биде јасно дефинирана и со јасни улоги за секого, за да не се случи повеќе луѓе да работат исти работи.

Важно е исто така да се има во предвид дека мисијата со тек на време ќе се промени, па и тимот ќе се менува.

  • Органски зголемете го својот тим

Паметно е со тек на време органски да развивате интердисциплинарен тим наместо да го покренете од 0 на 100 одеднаш. Понекогаш немате избор, но ако можете, лобирајте за повеќе време. "Ако морате да го изградите тимот одеднаш, ќе имате многу сообраќај", вели Hickey. “Малку е веројатно дека тимот ќе успее, затоа што мисијата и тимот треба да растат заедно.”

  • Интегрирајте го моделот во вашата редакција

Есенцијално е да имате модел на вашата редакција. Тоа одредува како вашиот тим е интегриран во организацијата на вестите, како луѓето работат заедно, кој го поставува дневниот ред и на кого му поднесуваат извештај членовите на тимот. Редакциите усвојуваат различни модели, од централизирани, вметнати и комбинирани.  

  • Усовршете ја дигиталната стратегија и начинот на размислување

За Aron Pilhofer, професор по иновации во новинарството, клучот за создавање на интердисциплинарен тим е „Дигиталното мора да биде јадро на медиумот. Тоа е повеќе дигитална стратегија и начин на размислување што резултира со правилни одлуки и структури отколку самите структури." Тој со текот на годините преку работењето создал еден своевиден барометар кој покажува колку е пријателско окружувањето во медиумот за интердисциплинарните тимови што поттикнуваат иновации: „Колку е медиумот далеку во поместувањето на вредностите од традиционалниот на дигиталниот производ? Дали дигиталниот производ е ценет барем колку и недигиталниот производ?”

  • Работа на заедничкиот јазик

Клучно е да имате способност да ги разберете вештините на другите луѓе и да го преведете вашиот јазик на нивниот. Разбирање а не несогласување. За Anа Serrano, главната дигитална директорка на Канадскиот филмски центар и генералната директорка на ideaBOOST, споделувањето на мислења значи не само да зборувате за вашите вештини, за работните текови и за вашето професионално потекло, туку и да разберете како луѓето ги обработуваат информациите.

  • Управувајте со вашите групи на вештини

Потрудете се да постојат групи на вештини што се преклопуваат помеѓу различните занаети. Тимовите пропаѓаат кога различните задачи не се преклопуваат. Од првичната идеја до конечната изработка на текстот, истражувачката работа, анализата на податоците, раскажувањето и графиката треба да одат рака под рака. Програмерите/ките и истражувачите/ките треба заедно да работат на главните прашања кои ве водат до собирањето на податоци. По анализата на податоците сите треба да работат на верзиите на текстот и паралелно на графиките.

  • Во живо во бета верзија

Ова е корисно за сите делови на интердисциплинарната тимска работа: плановите на проектот, хипотезата за истражувањето, текот на работата, структурата на тимот, па дури и мисијата на тимот.

Испробајте ги идеите така што ќе ги поделите на мали делови од работата, ќе ги преземете првите чекори, ќе го процените резултатот и како тим ќе одлучите дали продолжувате понатаму или ја отфрлате таа идеја. Клучот е во одговорот на промените.

  • Развијте сопствени алатки

Секој тим е посебен на свој начин, а најдобро е да развиете свои работни процеси и алатки. Преку искуството, како што се наведува во Nieman Reports, постојат практики кои се корисни, како што се дневни состаноци не подолги од 10 минути, или неделни не подолги од еден час. Понатаму, секој проект треба да има свој манифест, како и листа на влијанија, документ за посакувани и остварени цели за секој проект. За тимска комуникација, Slack е најдобар начин за да спречите сите да се дават во мејловите. Ако собирате и споделувате информации, некои тимови исто така користат алатки kако што е OneNote на Microsoft, затоа што овозможува покомплексно индексирање.

  • Вклучете се во развој на работни места за бубалици во вестите

Интегрирањето на луѓе од различно потекло не завршува со тоа што ќе им се даде место на масата. Ако сте страсни во вашата работа, многу веројатно е дека сакате да имате перспектива за тоа што да се направи следно. Но, улогите на виш уредник/чка или лидер во повеќето наследени компании се резервирани за личности со традиционално новинарско искуство.

Она што може да помогне, е да ги држите луѓето со различно потекло во кругот и да ги прашате што им треба за да напредуваат во редакцијата. Вклучете ги во развојот на обуката за следната генерација на новинари/ки. И интеграција на луѓе во човечки ресурси кои ја разбираат различноста на позадината како неопходна во редакциите.

  • Многу експериментирајте и учете од вашите неуспеси

На интердисциплинарните тимови им е потребен простор за експериментирање и менаџмент кој е сериозен во намерата да им даде простор за неуспех. Се разбира, морате да учите од вашите неуспеси.

Овој вид на тимска работа не е секогаш лесен. Различните истражувања сугерираат дека тоа е поради културолошките разлики помеѓу професионалните групи. Најзначајните разлики вклучуваат однос кон времето, но и однос кон грешките и различната употреба на јазикот. Тие културолошки разлики се зголемени со изолацијата на професионалните групи во медиумските куќи. Иако пристапот бара многу труд, долгорочно може да му донесе многу на секој медиум, па во врска со тоа вреди да се обрне внимание на него и да се види какви се можностите за да се имплементира во вашите редакции.

 

Ocijenite kvalitet članka