Изборот на зборови е важен: Културата на говорот и патријархатот во новинарството

10.03.2023. / 09:08
Автор/ка
Share
patrijarhat
patrijarhat

"Значи, веројатно треба да ве повикам вас за да ми објасните следниот пат што да правам, ако имало подеми и падови?"

Ова е одговорот на човекот што води спортска екипа на една држава.

Што мислите, дали овој одговор му е упатен на маж?

Фото: sportal.blic.rs
Фото: sportal.blic.rs

Се разбира дека не. Бидејќи не е вообичаено машкиот новинар што работи како спортски новинар, некој да го деградира поради знаењето. Се подразбира дека тој знае.

 

Покрај ваквиот стил на комуникација со јавноста, одговорот ѝ е упатен на жена новинарка која ете не е доволно способна да процени дека катастрофално лошиот прв дел од натпреварот бил катастрофално лош.

Патријархални ставови и дури од позиција на моќ

Изборот на зборови е важен.

Не е важен само затоа што ѝ се обраќате на новинарка. Важен е секогаш, особено во медиумите кои ги креираат ставовите и мислењето на јавноста.

Да се нарече некој затвореник илиосуденикзначително се разликува од тоа да се повикувате на некое лице кое е во затвор. Известувањето во знак на солидарност значи да се обрне внимание на тоа:

·       како луѓето се самоидентификуваат,

·       важноста на етиктетите што ги користи вашата приказна и

·       нормите во заедницата што ја покривате.

Објаснувањето на изборот на зборовите може да биде корисна и важна периферна лента во многу приказни за солидарност.”, вака изборот на зборови го коментираше Brett Simpson во неговата статијаЗатвореник не е фиксен идентитет.”

Во медиумите да се нарекува некој поубав пол, понежен пол, да се упати коментар од позиција на моќ во стилот што знаеш ти е далеку од некултура на говор. Зошто? Затоа што во медиумите мажите не се претставуваат вака. Ваквиот наратив е резервиран за жените (и за малцинските групи).

Во медиумскиот простор мажите не се етикетираат како неспособни затоа што не можат да се грижат за дете што е старо 15 дена, во медиумите нема да најдете насловиКошаркарите се шампионкибидејќи тоа е исто, шампион или шампионка.

Но, затоа ќе најдете огромни количини на содржини кои ги претставуваат жените со обилно користење на дискриминација, микроагресија, етикетирање, омаловажување.

Како да се отплетка маѓепсаниот круг на патријархатот, јазикот и доминацијата во медиумите

Извештаите од многу земји наведуваат дека на новинарките не им се доделува често покривањето на "тешките вести" за теми како што се политика, надворешни работи, криминал и економија.

Irene Khan во извештајот “Главните предизвици за новинарките на локално ниво” наведува дека во Египет новинарките често ги спречуваат да покриваат 'серизони' вести, како што се полтичките вести, главно им се доделува покривање на забавните содржини. Слично на ова, во Малезија новинарките треба постојано да бидат погласни за да добијат задача за покривање на тешките вести како што се бизнис и финансии и покрај тоа што имаат специјализирана диплома по економија. Ваква дискриминација постои и во Непал, каде што на жените често им се доделуваат приказни што се поврзани со децата, образованието, здравството и забавата. Во Никарагва, нашиот партнер ги опишува истите пречки со потешките теми на вестите кои главно им се доделени на новинарите.”

Оваа практика е навистина дискриминација, но уште полошо од тоа е што ова влијае на можностите за напредување во кариерата на новинарките и на жените кои работат во медиумската индустрија без оглед на професиите.

Покривањето на тешките вестиго следат многу можности за промоција.

Тогаш се случува да имаме мажи на сите клучни позиции, кои повторно ги избираат приказните, ги одобруваат буџетите, ги уредуваат текстовите и начинот на презентирање на вестите и сето тоа во согласност со нивните сфаќања на јазикот, полот и позицијата.

Исклучувањето на новинарките од напредувањето влијае и на разновидноста на медиумските содржини.

Така имаме медиуми во кои едниот пол знае што се тоа финансии и моќ, а другиот пол добро знае што е црпалка. Јавноста чита и не регистрира зошто е патријархатот проблем во јавниот дискурс, па сѐ е вистина. Не излажале за ништо.

Маѓепсаниот круг не завршува тука.

Секој маж од позиција на моќ има право да ѝ каже на новинарката во јавност тебе ќе те прашам, што знаеш ти."

Затоа што навистина, што знае една жена за спортот?

Културата на говорот што ја оформил патријархатот

Половата дискриминација на работното место и понатаму е голем проблем со кој се соочуваат новинарките насекаде во светот.

Видовите на дискриминација на работното место можат да се подкатегоризираат во четири типа на дискриминација:

  • Поткопување на компетенциите од страна на машките колеги и од останатите мажи кои се актери на приказната

  • Не е дозоволено да се покриваат теми за "тешки вести"

  • Нееднаквост во платите

  • Развој на кариерата нема жени на раководните позиции

Поткопувањето на компетентноста, што мажите многу често го прават е постојан предизвик со кој треба да се справат новинарките.

Khan наведува дека дискриминацијата на новинарките не е резервирана за определени општества, ситуации и генерации, во Пакистан тоа доаѓа од таму што машките колеги ги омаловажуваат новинарките, ја намалуваат вредноста на нивната работа или на идеите или пак им велат дека во тој сектор нема место за новинарки. Многу мажи едноставно не веруваат дека жените се еднакво способни како и нивните машки колеги. Нашите партнери во Нигерија се соочуваат со слични ограничувања со оглед на тоа што постои силна култура на 'клуб на момчиња' од кој новинарките се најчесто исклучени. Во Костарика постои слична култура, каде што нашите партнери ги споделуваат нивните искуства за тоа како машките колеги ги замолчувале и биле отфрлени кога давале придонес во дебатата, по што никој не зборувал во нивно име. Овој тип на (во некои случаи суптилно) поткопување често продолжува со недостаток на култура на говор. Како што нашиот партнер тоа остро го опишува: ‘Молчењето е исто така патријархално.’”

Како да се излезе од маѓепсаниот круг?

Веќе споменатиот извештај Главните предизвици за новинарките на локално ниво, Khan го завршува со препораките:

  • градење на мрежи на доверба за новинарките

  • обезбедување на финансиска поддршка за опрема

  • обезбедување на обука, особено за новинарките

  • да се бара инклузивно и родово трансформативно известување

  • да се бара редакциите да имаат внатрешна родова политика

  • да се стимулираат и да им се овозможи на жените да напредуваат на раководните позиции.

Медиумите имаат моќ да ги предизвикаат и да ги променат постоечките верувања преку создавање на родово трансформативна содржина; содржина која активно се занимава со родовите нееднаквости и ги предизвикува родовите стереотипи во општествата.”

Ocijenite kvalitet članka