Известувањето за климатските промени како важен фокус за медиумите

29.06.2021. / 15:55

Климатските промени со кои секоја година сѐ повеќе и повеќе се соочуваме отвараат многу важен простор за медиумско известување. Еколошките и економските импликации за планетата која се загрева се далекусежни, жаргонот е збунувачки, а локалните влијанија на климатските промени на временските обрасци често е тешко да се проверат со брзина која ја бара веста.

Во наредните децении климатските промени многу ќе влијаат на севкупниот живот на сите на планетата Земја и известувањето за животната средина ширум светот треба да допринесе за разбирање на овие промени и отворање на прашањата што и како секој поединец може да направи.

Како што се наведува во научната статија Климатското новинарство во медиумскиот екосистем кој се менува: Проценка на производството на вести поврзани со климатските промени ширум светотклиматското новинарство собира, оценува, одбира и претставува информации за климатските промени, нивните карактеристики, причините и влијанијата, како и за начините за ублажување, и ги дистрибуира преку техничките медиуми до поширока и специјална публика“.

Медиумите остануваат важни во процесот на информирање на поединците/ките и општеството поради подоброто разбирање на климатските промени и влијанија кои климатските промени ги имаат врз нив.

Значи, климатското новинарство, како засебна сфера на новинарството се става во функција на претставување на климатските промени во медиумите, и преку сите поактуелни промени станува сѐ поважна сфера на новинарството.

Климатското новинарство е сегмент на новинарството кој се занимава со климатските промени, особено со своите карактеристики, причини и влијанија на различните општествени полиња, како и на начините за ублажување или приспособување на нив. Ова разбирање не е поврзано со одреден новинарски ритам или маса – како што е еколошкиот или научниот оддел – туку со актуелниот фокус. Вклучува запирања различни како известувањата за науката за климатските промени, нејзините економски трошоци и влијанието на условите за зимски спорт. Такви известувања можат да се најдат во научните, деловните, енергетските или спортските оддели на медиумите. Значи, климатското новинарство "ги пресекува тактовите".  се наведува во статијата.

Известувањето за климатските промени дефинитивно не е нова тема и се протега наназад со децении. Во врска со тоа, различните алатки кои се однесуваат на помош при известувањето и собирањето на информации за климатските промени веќе се развиени.

Во јуни 2016 година, iSeeChange ја покрена својата апликација во партнерство со NASA. Апликацијата им овозможува на корисниците/ките да ги пријават своите набљудувања, вклучувајќи и слики, метаподатоци од мобилниот телефон и поврзани податоци за CO2 преземени од вселената. Како дел од партнерството, набљудувањата на iSeeChange додаваат елемент на теренско собирање на податоци на мисијата на NASA за следење на CO2 (OCO-2). „Сателитите на NASA даваат витална  услуга затоа што рутински ја проценуваат состојбата и здравјето на Земјините системи од одалечените делови на вселената, но важно е за вистината на тлото тоа што го откриваме од вселената споредувајќи ги тие мерења со набљудувањата од Земјината површина”, рекла Amy Kaminksi, виш советник за политика во Кабинетот на главниот научник во седиштето на NASA. "Граѓаните/ките кои го бележат развојот на своите заедници можат да помогнат во тој процес."

Вклучување на сите сфери на новинарството

Во оваа многу важна тема за човештвото, ќе биде потребно да се искористат сите сфери на новинарството од граѓанското и мобилното новинарство, па сѐ до важноста на развивањето на апликации кои можат да допринесат, како во разбирањето, така и во креирањето на вести кои ќе имаат големо влијание на општеството.

На климатското новинарство, како и на било кое друго новинарство, влијаат неговите организациски контексти и структури. Достапните извори, во смисол на време, финансии и персонал и организацијата на редакциите, вклучувајќи ги нивните специфични работни рутини и процедури, имаат значајно влијание на (климатско) новинарството, на работата на неговите протагонисти и неговите исходи.“ – стои понатаму во научната статија.

Фокусот на известувањето за климатските промени полека се менува со актуелизирањето на оваа тема, па новинарите/ките полека преминуваат од таа улога на  чувари на врататаи ситуациското известување во важна примарна улога за одбирање на теми, информации и гласови кои ќе се шират.

Многу климатски новинари ги преземале улогите на кустоси, при што пронаоѓаат релевантна содржина, ја реструктуираат и ја претставуваат со додатна оценка и ориентација кон определена публика (Fahy и Nisbet, 2011). Станале трагачи по патиштаиизвидници“ (Brüggemann, 2017.) на текот на вестите или картографиистакнувајќи интересни вести (Santamaria, цитирано во Trench, 2009.), означувајќи значително отстапување од традиционалните функции на чувари на вратата кои вклучувале давање на содржини од горе кон доле на јавноста.“

Новинарите/ките пред сѐ треба да тргнат од локалните проблеми поврзани со еколошките промени, предизвиците со кои се соочува населението, како загадувањето на реките, изградбата на МХЕ, сечата на шумите и слични активности кои оставаат сериозни последици на нашата животна средина и на квалитетниот живот на општеството. 

Ocijenite kvalitet članka