JuxtaposeJS за креирање на споредбени слики

13.04.2022. / 08:18

Денес, сѐ почесто во медиумите можеме да видиме слики кои прикажуваат некоја област пред и потоа. Без разлика дали зборуваме за климатските промени или пак за разрушените области во воените судири, ефектот на фотографиите пред и потоа е навистина голем. Ефектот ѝ овозможува на публиката појасно да ја види сликата и да се поврзе со она за што се зборува.

За да ги направите споредбените слики уште поинтересни и поефикасни, а да не ги објавувате една под друга, можат да ви помогнат алатките како што е на пример JuxtaposeJS. Со оваа алатка нема да морате да ги ставате сликите една под друга на вашите веб страници или да ги составувате да стојат една покрај друга, туку можете интерактивно да ги прикажете промените што се случиле во определена област. На овој начин вашата публика сама ќе може да ја поместува линијата на фотографијата и да го види приказот на состојбата на определен, да речеме терен, пред и после некој настан.

Алатката JuxtaposeJS

JuxtaposeJS им помага на раскажувачите/чките да споредат два сегменти од слични медиуми, вклучувајќи фотографии и GIF-ови. JuxtaposeJS е приспособлива алатка за раскажување и е идеална за истакнување на фотографии или настани од минатото и сегашноста, кои ги објаснуваат промените со текот на времето или пред/после приказните што го покажуваат влијанието на поединечни настани, како што се природни катастрофи, протести, војни и слично.

Оваа алатка, исто како и TimelineJS и StoryMapJS е создадена во Knight Lab на Универзитетот Northwestern.

Алатка која им помага на новинарите/ките да ги раскажат приказните споредувајќи две рамки, вклучувајќи фотографии и GIF-ови.

JuxtaposeJS е бесплатна, едноставна за користење алатка и е со отворен код. Скоро секој може да го користи JuxtaposeJS, под услов да имате врска до два слични медиуми, без разлика дали имате линк до тие фотографии или ќе ги увезете преку поврзување со Dropbox-от. Откако сте ги нашле линковите за двете слики што сакате да ги вметнете, сѐ што треба да направите е да ги копирате и да ги залепите URL-адресите во соодветните полиња на Juxtapose.knightlab.com, да ги измените ознаките како што на вас ви одговара а потоа кодот што е добиен како резултат на тоа да го копирате и да го залепите на вашата страница.

sdasdsadds

Со JuxtaposeJS можете да ја промените почетната позиција на рачката за да ја истакнете областа на промена и да изберете slider (лизгачки начин) наместо повлекување. Работи одлично на телефоните и на таблетите со допир или со поминување со прстот.

Оваа алатка е достапна за секоја редакција или новинар/ка, без оглед на техничките вештини. Едноставно пополнете ги обрасците  на Juxtapose.knightlab.com за да го направите вашиот споредбен резултат.

Совети и трикови кои ги истакнуваат на нивната страница:

  • Користете слики со иста големина.

  • Извезувајте ги вашите слики со веб квалитет за да го подобрите времето за преземање.

  • Порамнете ги вашите слики на тој начин што главните елементи ќе бидат порамнети.

Оваа алатка не мора нужно да се користи за претставување на содржини што прикажуваат настани или катастрофи што се случиле. Одличен начин е за да се претстават и некои други приказни, како на пример проблеми со видот и како всушност тие лица ги гледаат сликите. На еден многу ефикасен начин е прикажана состојбата на визуелниот приказ што го гледа лицето со проблеми со видот. Погледнете во видеото подолу, каде што можете да ги видите и чекорите како да го користите JuxtaposeJS.

Можете да го користите JuxtaposeJS со пребарување на стари фотографии од локалниот музеј, од семејниот фото албум или на интернет, потоа можете да отидете на тие локации за да ги фотографирате како изгледаат сега или да пронајдете соодветна фотографија на интернет. Исто така можете да ги истражувате сликите од некоја локација пред и после некој голем настан во војните, како што е бомбардирањето на градот. Google Earth може да биде одлична алатка за да извлечете споредбени слики за определени датуми и да ги вметнете во JuxtaposeJS за да добиете одлична визуелна споредба.

За да се постигне најдобар ефект, фотографиите треба да бидат од ист агол, а сите згради или објекти треба да бидат приближно со иста големина во рамката.

На страницата на оваа алатка можете да пронајдете и голем број на примери како е користена алатката. Алатката навистина може да биде многу корисна во новинарството, за визуелно да ја раскажете приказната за определени промени на поинтерактивен но и поефикасен начин.

Ocijenite kvalitet članka