Како апликацијата INJECT може да ја унапреди креативноста во дигиталното новинарство

07.06.2021. / 16:13

Новинарството е област која вклучува истражување, креативно размислување и критичка обработка на информациите. Токму поради тоа, новинарите/ките секојдневно работат на истражување на можностите и развивање на креативните вештини со чија помош ќе дојдат до изворите на информации потребни за квалитетна обработка на темите на кои работат. Меѓутоа, сѐ тоа бара многу време, кое во светот на новинарството - особено во областа на дигиталното новинарство – секогаш е ограничено. Затоа новинарите/ките вообичаено користат достапни и познати извори на информации, што може да влијае на квалитетот на обработката на приказната на која работат, да ја намали разновидноста на перспективите и аглите на набљудување и пристапување кон одреден проблем и/или појава која е предмет на нивното истражување и работа.

INJECT е една од бесплатните дигитални алатки која може да им помогне на новинарите/ките на лесен и брз начин да ги надминат овие предизвици. Оваа алатка на новинарите/ките им нуди можност за унапредување на креативноста во работата овозможувајќи им различни перспективи на набљудување на одредени теми. Интегрираните алгоритми за креативно пребарување со чија помош се откриваат информации во претходно објавените вести, и интерактивната поддршка која помага во создавањето на нови асоцијации со тие информации, можат да им помогнат на новинарите/ките во работата на новите приказни, или во осмислувањето на нови начини за раскажување на приказната. Поради тоа INJECT може да се користи како генератор на идеи, машина за сугерирање, или како алатка за инспирација.

Достапен е како бесплатна веб апликација, и како додаток на Google Chrome Extension, Google Docs, Word Press, и Adobe InCopy. Еднаш кога ќе се инсталира, новинарите/ките можат да го покренат како INJECT pop-up bar со еден клик. Оваа  алатка користи обработка на природниот јазик за анализа на зборови и фрази. Манипулира со информации собрани од десетина милиони објавени новински вести, написи во магазини и научни публикации и предлага нови агли, гласови и содржина. Сѐ тоа е достапно на шест европски јазици: англиски, германски, француски, холандски, грчки и норвешки.

Тоа што INJECT го нуди е:

  • Интегрирање со вашите архиви за од вашата постоечка содржина да извлечете максимална вредност;

  • Овозможува создавање на содржина на различни јазици;

  • Го анализира сентиментот на објавените информации за да можете да истражувате повеќе позитивни и/или негативни агли во текот на создавањето на содржината на приказната на која работите;

  • Ве поддржува да пишувате за научни теми користејќи личности од светот на науката, ефикасни комуникациски метафори и показатели на квалитетно научно новинарство.

Слика 1
Слика 1

На Слика 1 прикажана е насловната страна на апликацијата, односно sidebar-от на екстензијата за Google Chrome, која се состои од четири основни подрачја.

Првото подрачје е пребарувачот, и е наменет за опис на темата на вестите со впишување на клучни зборови или поими.

Второто подрачје е простор за одредување на стратегијата за пребарување. Овој простор на новинарите/ките им нуди можност за одредување на креативниот агол од кој сакаат да ѝ пристапат на одредена тема. Тоа е можно со помош на 6 однапред дефинирани типови на агли, со кликање на иконите. Секоја од иконите претставува различна креативна стратегија која ги пребарува изворите на вести поврзани со друг тип на креативен агол. Тие агли се:

  • EVERYTHING (Сѐ) – Истражување без ограничување;

  • BACKING AND EVIDENCE (ПОЗАДИНА И ДОКАЗИ) – Квантитативни докази (на пр. бројки и мерки).

  • INDIVIDUAL (ПОЕДИНЕЦ/КА) – Кои се клучни личности? Ставови на одредени индивидуи
  • CAUSAL (ПРИЧИНИТЕЛ) – Позадина, историја, што предизвикало нешто.

  • RAMIFICATION (ПОСЛЕДИЦИ) – Што во иднина?

  • DATA VISUALISATION (ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ) – Графикони и инфографики (опција која наскоро ќе биде достапна).

Третото подрачје е наменето за претставување на информациите. Новинарите/ките можат да скролаат, да преминуваат со курсорот на глушецот и да кликнат на прикажаните вести и креативните предлози за да откријат и генерираат нови идеи за претставување на одредени вести.

Четвртото подрачје, сместено на дното, претставува контролен простор, кој на новинарите/ките им нуди можност за приспособување на поставките за пребарување (времето на објавување, стратегијата на пребарување, јазикот на вестите, јазикот на пребарување, изворите на информации и сл.). Покрај тоа, тука е сместена и опцијата за префрлање на QUEST, која на новинарите/ките им отвара дополнителни перспективи на набљудување на темата на која работат, како и додатни совети за пристап и обработка на одредени теми, и унапредување на професионалната работа.

Примена на апликацијата INJECT во практика

Претходно наведеното најдобро може да се согледа преку едноставен пример. Имено, ако новинарот/ката работи на тема врзана за, на пример, изградбата на хидроцентрали на реките во БиХ, може да го користи INJECT за да добие нови агли на набљудување, да пристапи кон истражувањата врзани за оваа област, до емпириските податоци кои ги покажуваат предностите и недостатоците на нивната изградба, односно нивните позитивни и негативни ефекти, и бројни други информации кои можат да бидат корисни при работата на оваа тема.

Слика 2
Слика 2

На почетокот, во пребарувачот (подрачје 1) потребно е да се внесат клучните зброви за наведената тема. Како што е претставено на Слика 2, со внесување на  клучните зборови „Bosnia“ „rivers“ „hydropower plants“ („Босна“ „реки“ „хидроцентрали“), на новинарите/ките им се нуди можност за истражување на темата со користење на шест различни стратегии на пребарување, кои ги бираат со кликање на понудените икони кои се сместени под лентата за пребарување (подрачје 2). Секоја од понудените стратегии настанала во соработка со искусни новинари/ки, врз основа на стратегии кои тие ги навеле како креативни агли за набљудување на одредени теми. За да се откријат и да се опишат тие стратегии, користени се полу-структуирани интервјуа со искусни новинари и експерти во дигиталното новинарство. Потоа е извршена проверка и вреднување на стратегиите до кои се дошло во соработка со други искусни новинари, и нивно проширување и приспособување. Според тоа, секоја стратегија претставува операционализирана експертиза на искусни новинари/ки кои сите корисници/ки на INJECT можат да ја користат во својата секојдневна работа.

Слика 3
Слика 3

На пример, со кликање на иконата INDIVIDUAL (ПОЕДИНЦИ/КИ), избрани поими INJECT ги користи за пребарување и пронаоѓање на извори на вести, извлекување на имињата на поединци од тие извори и претставување на тие имиња со основните информации за поединецот/ката и изворната вест. Како што се гледа на Слика 3, новинарите/ките кои работат на наведената тема имаат можност за истражување на работата на различни новинари/ки кои пишуваат, или пишувале за слична тема, но и да се поврзат со бројни научници кои дале свој придонес во истражувањето на оваа област.

Слика 4
Слика 4

Покрај тоа, со преминување на курсорот на глушецот преку името, се отвараат информации за името на приказната/написот и издавачот, како и хиперлинк кој новинарите/ките ги поврзува со неговиот извор. На пример, ако со курсорот на глушецот преминеме преку името „A Kuriqi“, (Слика 4) ни се отвара можност со кликање на понудениот линк да дојдеме до опсежна студија под име „Ecological impacts of run-of-river hydropower plants—Current status and future prospects on the brink of energy transition“ („Еколошкото влијание на хидроелектраните на реките – Моментална состојба и идните перспективи на работ на енергетската транзиција“).

5
Слика 5

Од друга страна, ако ја избереме иконата CAUSAL (Слика 5), користејќи ги истите поими, INJECT ќе ги пребара и ќе ни понуди опсежни написи кои имаат за цел да ја објаснат темата, и ќе ни ги претстави нивните имиња и извори. Новинарите/ките и овде имаат можност за скролање и пребарување на одредени информации, за истражување на нови агли за набљудување на одредена тема, и за пристапување кон додатни информации за темата. Со кликање на насловот на написот, INJECT во нов прозорец ќе го отвори изворниот напис.

wew
Слика 1

 

Покрај тоа, клучните зборови од секој од понудените написи се претставени под насловот на написот во правоаголници и се означени со различни бои – зелена за луѓе, црвена за настани, кафена за места и сина за организации. Ако новинарот/ката преминат со курсорот на глушецот преку било кој правоаголник ќе му се понудат креативни предлози кои се дизајнирани да ги охрабрат новинарите/ките да научат и да ги користат едноставните креативни вештини. Така, со преминување на курсорот на глушецот преку правоаголникот „Hydroelectricity“ (Слика 6), се отвора скокачки прозорец кој нуди креативни решенија за наведената тема. Во овој случај, тие предлози се:

  • Размислете што е битно за хидроелектричноста;

  • Која е алтернативата?

  • Како алтернативната употреба на хидроелектричноста би можела да влијае на вашата приказна?

7
Слика 7

Исто така, со кликање на истиот правоаголник (Слика 7), се отвора интерактивна картичка која го содржи неговиот текстуален опис. На тој начин, новинарите можат дополнително да учат и тоа знаење да го вградат во својот напис.

Иако овде се претставени само некои од функциите на апликацијата INJECT, нејзините можности за примена со цел унапредување на работата во областа на дигиталното новинарство се многу поголеми и пошироки. Нејзината примена можеби нема да ги направи новинарите/ките покреативни, но ќе им овозможи креативноста која ја поседуваат да ја искористат на најдобар начин, и во многу краток период да дојдат до нови идеи, до кои инаку не би дошле, а кои ги прават нивните приказни поинтересни, поиновативни и поквалитетни.

Ocijenite kvalitet članka