Како да креирате подкаст на Youtube

16.05.2023. / 08:46

Популарноста на подкастот ширум светот е во пораст во последните неколку години, а се очекува дека бројот на глобални слушатели/ки во текот на 2023 година ќе се зголеми на 464,7 милиони и дека во 2024 година оваа бројка ќе надмине половина милијарда. Подкастите највеќе се слушаат на телефоните, во дури 73% од случаите.

Публиката која најчесто слуша подкасти е на возраст над 35 години.

market
Извор: 23 Podcast Statistics You Should Know in 2023 (influencermarketinghub.com)

Додека Spotify води по популарност во голем дел од Европа и светот, подкастите на YouTube не заостануваат многу зад нив. Во Шпанија, на пример, YouTube е во предност.

И во земјите од Западен Балкан сѐ повеќе се слушаат подкасти и се гледаат преку мултикастинг на YouTube и веројатно е дека нивната популарност ќе биде сигурно сѐ поголема и поголема во годините кои се пред нас.

Уште во 2021 година, платформата Youtube вложуваше напори за создавање на YouTube подкастинг. На некој начин, изгледа чудно што водечката светска видео платформа се потпира на аудио, но од друга страна, овој потег е совршено во согласност со пошироката визија на YouTube за создавање на сеопфатна матична база за креаторите, за да им се помогне да го максимизираат досегот на публиката, наведува Social Media Today.

Што ви е потребно за покренување на видео подкаст?

Иако подкастите првично настанале во аудио форма, како што и повеќето луѓе ги слушаат, денес постојат и видео подкасти кои се можеби дури и попопуларни во нашиот регион. Затоа и не е чудно што Youtube е дестинација број еден за потрошувачка на подкасти“, како што се наведува во истражувањето на Денешниот слушател на подкаст: Извештај за националното истражување за 2019 година, кое го изработија Futuri Media и Универзитетот Флорида.

Ако дури сега почнувате да креирате подкасти, особено видео подкасти, ова се основната видео опрема и софтвери за подкаст што треба да ги имате со вас за вашите подкаст снимки да бидат што е можно подобри. 

  • Микрофон со добар квалитет
  • HD камера, веб камера или дури и камерата од телефонот може да биде одлична
  • Лаптоп, десктоп компјутер или некој друг хардвер
  • Слушалки
  • Софтвер за снимање
  • Софтвер за уредување
  • Софтвер за хостирање на подкаст

Дополнителната опрема и софтверите што треба исто така да ги земете во предвид вклучуваат:

  • Статив
  • Рака за микрофон
  • Аудио миксер и/или интерфејс
  • Дополнителни микрофони и камери
  • Комплет за осветлување

Повеќе за препорачаната опрема и квалитет, прочитајте во статијата Седум чекори како да започнете подкаст на Youtube.

Како да креирате подкаст на YouTube

Со оглед на тоа што YouTube е едно од најважните места за аудио содржини на интернет, има смисла оваа платформа да ја вклучите во вашите планови за креирање на подкаст.

На YouTube, секоја епизода на подкаст е претставена како видеозапис. MP3 фајловите не можат да се конвертираат во подкасти на YouTube. За да креирате подкаст, збогатете го вашето аудио со видеозапис, без разлика дали се тоа слики или е видеозапис.

Обрнете внимание на тоа епизодата на вашиот подкаст да не ги прекршува правилата на YouTube за авторските права, зошто во спротивно вашата содржина можеби нема да ги исполнува условите за функционирање на подкастот.

За да креирате нов подкаст на YouTube, потребно е да:

  1. Кликнете во YouTube Студио на копчето Креирај, а потоа на Нов подкаст. Можеби ќе се бара од вас да го потврдите вашиот налог пред да креирате нов подкаст.
  2. Во прозорецот што се отвори, изберете Креирај нов подкаст. Изберете ја опцијата Постави постоечка плејлиста како подкаст (Set an existing playlist as a podcast) ако сакате постоечката плејлиста да ја конвертирате во подкаст.
  3. Внесете ги деталите за вашиот подкаст, вклучувајќи: Наслов на подкастот, Опис, Видливост (јавна или приватна), Квадратна сликичка на подкастот.
  4. Кликнете на копчето Креирај.

gif
Илустрација {C}1{C} – Create a podcast in YouTube Studio - YouTube Help (google.com)​​​​​

Откако ќе го креирате вашиот подкаст, додадете епизоди со вчитување на нови или на постоечки видеозаписи во вашиот подкаст.

Кога ќе ги креирате или ќе ги внесете вашите подкаст епизоди, можете да креирате плејлиста со вашите епизоди на едно место.

Ова ќе го направите на следниов начин:

  1. Во YouTube Студио, одете на Содржина, а потоа на Плејлисти.
  2. Задржете го покажувачот над плејлистата што сакате да ја обележите како подкаст.
  3. Кликнете на Мени и потоа на Постави како подкаст.
  4. Прегледајте ги деталите на вашиот подкаст и додадете квадратна сликичка на подкастот. Деталите на подкастот вклучуваат наслов, опис и кој може да го види вашиот подкаст на YouTube.

5.     Кликнете на Готово за да ги потврдите вашите промени.

sad
Илустрација 2: Create a podcast in YouTube Studio - YouTube Help (google.com)

За време на поставувањето, дајте му описен наслов на вашиот подкаст. Не му додавајте дополнителни зборови на насловот на вашиот подкаст (вклучувајќи 'подкаст', освен ако тоа не е дел од името на вашата емисија).

Избегнувајте ги генеричките наслови на подкастот, како што се 'Целосни епизоди', 'Подкаст', итн. Ако насловот на вашата плејлиста е премногу нејасен, YouTube ќе го замени насловот на вашиот подкаст со името на вашиот канал во апликацијата YouTube Music. Ова се важни информации доколку сакате вашиот подкаст полесно да се пронајде.

Подкастот секако стана многу важен медиум за креирање на содржини и важно е да се земе во предвид при секојдневното новинарско работење, а Youtube како една многу важна платформа за презентација на видео содржини ќе ви овозможи ширење на подкастот и досег на голем број на публика. Бидејќи денес сите се на YouTube. Искористете ја оваа можност и уште денес започнете со концептот за вашите подкаст емисии. Овде можете да слушнете некои од подкастите што ги креираа новинарите/ките за новинарите

Ocijenite kvalitet članka