Како да се линкува содржина за да бидат задоволни и читателите и медиумот кој линкува

08.05.2020. / 11:51

Според истражувањата линк (link) или хиперлинк (hyperlink) е еден од најважните елементи на онлајн новинарството, оној дел кој може на онлајн новинарството да му донесе значителна предност во однос на традиционалните форми. Под услов да се користи правилно и иновативно. 

Зошто линкуваме содржина?

Се линкува за да се поврзаат факти или да ја доловиме заднината на приказната, сместувајќи ја така приказната во една рамка или контекст. 

Денес сме свесни дека линкувањето не е само за оние содржини кои имаат големи приказни. Постои потреба и за поврзување на ударните вести кои заедно ја донесуваат целината. 

Колку линкувањето во медиумите е важно?

Линкот или хиперлинкот, како што стручно се нарекува, има влијание врз квалитетот на приказната, веста и медиумот кој ги објавува. Се линкува бидејќи:

  • Создаваме интерактивност  

Да се креира содржина која не е статична е еден од основните елементи на онлајн содржината. Читателите очекуваат дека и најобичните политички вести имаат елементи на модерна технологија. Истражувања, дата новинарство, мултимедија, интервјуа, сето ова треба да биде составен дел од една обична вест.

  • Создаваме веродостојност 

Директно да се донесе читателот до повеќе заднински информации, повеќе контекст, повеќе факти и извори го прават текстот кредибилен и сигурен извор на информации. 

  • Ја зголемуваме транспарентноста

Кога сакате информациите да ги направите целосни и релевантни, линкот е наједноставна и најтранспарентна метода. Дозволувајќи му на читателот да ја следи вашата постапка за известување и да прибира вести, им давате и на новинарството и на информациите поголема вредност. Практиката за собирање на вести, како пронаоѓање и избор на вредни извори денес повеќе не е скриена, а линкот е одличен начин тоа и да го покажете.

Како се линкува во истражувачкото новинарство?

Како сето ова можеме да го постигнеме во една приказна која има исклучителна важност за заедницата и за медиумите кои ја покренале приказната? Погледнете ја илустрацијата во приказната на порталот Klix.ba или приказната моментално можете да ја следите во живо. 
Со вакво поврзување на информации, какво што е прикажано на илустрацијата каде со линкот Klix.ba се повикува на BIRN BIH, на читателите не им оставате сомнеж дека информацијата е проверена и точна.

Покрај тоа што за себе сте си обезбедиле кредибилитет, на друг медиум сте му дале заслужено признание поради покренување на важна приказна, што е важен дел од новинарската етика.
sasa

Како правилно да се линкува содржина?

Линковите нудат поопширна приказна и детали кои можат дополнително да се истражуваат ако кај читателите постои интерес за тоа. Меѓутоа, постојат и некои правила за линкување кои треба да се почитуваат:

  1. Линкувајте го оригиналниот извор
    Без оглед каде сте ја прочитале приказната и кој известувал за тоа што вие сакате да го линкувате, важно е да се обидете да го линкувате оригиналниот извор на приказната. Кога имаме ударна вест, може да биде тешко да се провери голема количина на информации од теренот и од интернет. 
  2. Deep linking (длабоко поврзување)
    Некогаш вообичаена практика било да се зборува за определен текст од веб страница, а линкот да се стави на насловната страница (homepage). Тоа се правело бидејќи многумина настојуваа да го креваат рејтингот на веб страницата на ваков начин. Ваквата практика нема повеќе место во медиумите. 
  3. Опишете го линкот
    Ако веќе го користите овој вид поврзување, нека знаат читателите од описот на линкот (на пр. истражување спроведено во 2019) што можат да очекуваат. 

Дали правилата за линкување важат еднакво за сите ситуации?

За жал, не важат. 

Постојат ситуации кога правилата за поврзување на содржини бараат посебен пристап и донесување на одлуки. Таква е токму оваа ситуација во која моментално се наоѓаме. 

Известувањето за корона вирусот бара посебен пристап и аналитичност во создавање на контекстот на приказната која сакате да ја пласирате во јавноста.

Има премногу информации со терминологија која голем број луѓе не ја разбираат, медиумите имаат потреба за хиперлокални содржини кои веста ја прават уште покомплицирана. Времето е кратко, новостите доаѓаат во различни интервали. И уште треба да се линкува квалитетно за содржината да не остави никаков сомнеж. 

Порталот NiemaLab објави текст со препораки за линкување на содржина врзана со корона вирусот. Препораките кажуваат:

Секоја приказна која го покрива КОВИД-19 би требала да содржи барем некои од овие елементи:

  1. „Почни тука“ резиме со кратка историја на настанот.
  2. Резиме на најновите случувања, во форма на кратки ставови, објавени по обратен хронолошки редослед. 
  3. Најрелевантни податоци за јавното здравство достапни од официјални институции, локални власти, угледни медицински списанија...
  4. Податоци кои внимателно се објаснети – во контекстот – и не ја заведуваат публиката.
  5. Врски до човечки приказни.
  6. Поврзници до добро организирани и проверени ресурси, како што се контакти на волонтерски групи, ресторани кои испорачуваат оброци, работно време на маркетите, дежурни аптеки...

Пример на ваква практика имаме и во домашните медиуми. Сите информации за кои има потреба читателот може да ги пронајде на едно место:

  • Вести од официјални институции
  • Преглед по градови
  • Состојба во светот
  • Моментални мерки
  • Зборот на научници кои веќе имаат кредибилитет во јавноста

sar

Ваквите приказни во медиумите траат и за нив подолго време постои интерес. Поради тоа постои потреба за постојано ажурирање. Токму поради квалитетна информираност на јавноста е важно уредно, логично и едноставно линкување до сите содржини кои реално, објективно и точно ја опишуваат ситуацијата во која моментално живееме.

Според зборовите на Ковач и Розенстил, авторите на книгата Основи на новинарство, суштината на новинарството е дисциплина на проверка. Токму таа дисциплина го разликува новинарството од забавата, пропагандата, фикцијата, а линкот е извонредно средство кое таа проверка ќе ја направи уште поверодостојна.

Ocijenite kvalitet članka