Како да се покрене одржлив локален медиум

08.01.2021. / 11:52

Никогаш не било полесно да се покрене локален медиум.

Покрај тоа, никогаш не било потешко да се одржи локален медиум.

Не го напишавме ваквиот вовед со забуна.

Како се покренува медиум

Веб страница денес можете да покренете многу лесно. Речиси сите даватели на хостинг услуги нудат инсталирање на CMS со неколку кликнувања. Оваа постапка ви овозможува во рок од 15 минути да имате креирана веб страница.

Со копи/пејст техника, страницата е можно да се пополни со вести за неколку дена. Со промоција на социјалните мрежи ќе ја привлечете публиката.

Медиумот е онлајн за 3 дена.

По кратко време доаѓа реалноста на медиумскиот бизнис.

Сé потешко е да се „наговори“ публиката да кликнува, па агенциските вести од светот и регионот се засилуваат со црна хроника. Тогаш тука се додава содржината скандалозно-сензационално-нема да верувате што се случило и имате уште еден во морето медиуми кои по ништо не се разликуваат од оние 999 конкурентските.

Овој процес, за жал, е силно застапен. Овој процес, за кој многумина аматери мислат дека е сосема доволен за покренување на локален медиум, не е рецепт за успех. Особено не може да биде рецепт за финансиска одржливост.

Второто сценарио подразбира креирање на веб страница со оние неколку кликнувања, но пред тоа инсталирање потребно е да се направат подготовки кои ќе го прават медиумот да биде одржлив на подолги патеки.

Елементи на одржливи локални медиуми

Вистински предизвик не е покренување на медиум, туку долгорочно да се одржува локален медиум со релевантна содржина. Креирањето на содржини и објавувањето на автентични приказни може да биде скапо без оглед дали се пресметува во потрошено време или во пари. Со автентични приказни кои новинарите/ките од локалниот медиум ги креираат, потребен е и определен број на агенциски вести бидејќи постои интерес на публиката и за таква содржина.

Како да се обезбеди соодветен број на локални вести и оние од светот, колку содржини да се преземаат, а колку да се креираат, како сето тоа да се плати, и да се обезбеди преживувањето и на медиумот и на новинарите од месец за месец, ќе напишеме во „проектната документација“.

Бизнис план на медиумот

Креирањето на бизнис планот не е случајно ставено на првото место.

Без континуирано финансирање, нема новинарство, бидејќи да се очекува дека медиумот добро ќе функционира и дека медиумот ќе опстане благодарејќи му на алтруизмот, не е реално ниту брзо остварливо.

Дотокот на парите мораме да го планираме од повеќе извори. Не смее да се случи финансирањето да е потпрено исклучиво врз огласувачите, бидејќи ако тие го раскинат договорот, медиумот останува без финансии во целост. Отстапување на просторот за банери и огласи, спонзорираните содржини, различни грантови, донации, сето ова треба да биде дел од одржлив финансиски план на еден медиум.

Фото: Prt scr https://www.thecanary.co/
Фото: Prt scr https://www.thecanary.co/

Од друга страна имаме трошоци потребни за функционирање на медиумот. Пред сé тоа е одржување на дигиталната платформа, потоа на опремата со чија помош ги креираме содржините, платите на вработените...

Водењето на медиум е водење на бизнис. Како ќе го организираме тоа, го дефинираме во бизнис планот на медиумот.

Уредничка политика

  • Колку содржини да се објавуваат дневно?

  • Каков пристап кон креирањето и пренесувањето на содржината ќе имате како медиум?

  • Колку ќе бидат сопствени содржини, колку ќе преземате од другите медиуми?

Ова се само некои од прашањата кои е потребно да се дефинираат на самиот почеток за подоцна да биде полесно да се планираат содржините и да се пристапува до темите.

Уредничката политика ќе влијае и врз односите со огласувачите, бидејќи пристапот до определени теми не им одговара на сите подеднакво.

Оптимизација за пребарувачи (SEO)

SEO е скап, долготраен и побарлив процес, но тој е неопходен. Не само поради обврската вие како медиум својата содржина да ја направите подостапна до публиката, туку и поради рејтингот на веб страницата што ќе влијае врз аналитиката, а сето тоа заедно ќе влијае врз заработувачката од огласите.

Со оглед на тоа дека борбата за внимание на читателите е тешка и секојдневна, сите извори на сообраќајот се важни. Врз SEO влијаат брзината на вчитувањето на веб страницата, корисничкото искуство, пишувањето на текстови на соодветен начин, линкување на содржини...

Она што е важно кај SEO е дека резултатите траат со месеци, па новинарите/ките не мораат да вложуваат време како во социјалните мрежи за да биде видлив резултатот.

Социјални мрежи

Без социјалните мрежи не можеме колку и тие да изгледаат погубни за медиумите.

Наспроти намалениот досег на објавите, големата конкуренција за вниманието и сé поскапите кликнувања, медиумите мораат да ги користат социјалните мрежи како извор на сообраќајот. Има многумина кои за извор на информации ги користат социјалните мрежи, затоа локалните медиуми мораат да ја промовираат својата содржина на она место на кое се наоѓа публиката на тој медиум.

Како да се дефинира пристапот до мрежите, кои формати да се користат и како од сето ова да се извлече најдоброто за медиумот, зависи од бизнис планот и ресурсите (време, луѓе и пари) со кои локалниот медиум располага.

Корисничко искуство

Ако веќе сте успеале да ги донесете читателите на својот веб портал, сакате тука и колку што е можно подолго да ги задржите.

Сите оние кои имаат каква било врска со веб страниците и со аналитиката посакуваат некој клик повеќе. Ако ви го кажат спротивното, да знаете дека не ја зборуваат вистината.

За да кликнат луѓето уште некој пат, морате тоа да им го овозможите и постојано да ги потсетувате. Тоа се решава лесно со линкување на содржината, но и со секциите „Слична содржина“ или „Можеби би можело да ве интересира“.

Фото: Prt scr www.telegram.hr
Фото: Prt scr www.telegram.hr

Медиумот сигурно има содржини кои би можеле да ја интересираат публиката, затоа е потребно со добро испланирано корисничко искуство таа содржина да се покаже на соодветни места. Ако публиката не може да најде определени теми или вести бидејќи тие се закопани меѓу стотици други текстови, квалитетот тука нема да помогне и не е ниту важен, бидејќи луѓето не го виделе.

Довербата на публиката е валута со која денес се тргува

Сé е во довербата.

Публиката која ја привлекува медиумот ќе има влијание врз тоа каква содржина се создава.

Тоа каква содржина создавате и како ја пласирате на пазарот ќе ја дефинира публиката на медиумот и односот кој се споделува со нејзе. Локалниот медиум мора да се издвои од масата, да го понуди она што ѝ треба на заедницата, а кое не може да се најде во другите медиуми. Безлични импресии и прегледи на страници не се доволни, бидејќи локалниот медиум со ваков пристап не може да преживее.

Ocijenite kvalitet članka