Како етички да се известува за бизнис новинарството, а да ги задржите клиентите и интегритетот

05.07.2024. / 17:46
Автор/ка
Share
poslovno novinarstvo
poslovno novinarstvo

 Нема многу често целосно неточни вести за компаниите, но честопати гледаме полуточни вести.

Тоа се оние на кои им недостига контекст и тоа таков контекст што ќе го смени тонот на целата информација.

Така, во медиумите можеме да видиме вести за доделување на титули на најдобрите работодавачи, како и на иновативни и успешни компании. Притоа, никој не ги проверува параметрите што треба да се исполнат за да се добие титулата.

Недостатокот на контекст ни носи статии за најдобрите работодавачи чија долгогодишна практика е неплаќање на здравствено осигурување на вработените, отпуштање на трудници, занемарување на обезбедувањето на потребните услови за работа, големи инвестиции, но и уништување на животната средина.

Лицемерието на деловниот партнер (компанијата) се прелева на медиумот кој ги објавува вестите, а потоа ги брише коментарите за фактите кои во текстот гипревиделеи новинарот/ката и уредникот/чката.

Предизвиците во известувањето во бизнис новинарството не се кријат во објективноста на медиумите, туку во етиката.

Како да се собираат точни информации во контекст на етичкото бизнис новинарство

Во статијатаЕтичко новинарство: Како да се известува и да се пишува за деловната етика на начин кој е етички и објективенсе наведуваат неколку елементи кои влијаат на вистинитоста на информациите кога пишуваме за бизнис.

Основата на секоја веродостојна вест лежи во темелното истражување и точните информации.

Ова се некои од клучните практики за собирање на информации и придружни примери:

Различни извори и перспективи

Потпирањето на еден извор може да доведе до пристрасни или нецелосни информации. Новинарите/ките треба да бараат различни перспективи за да обезбедат сеопфатен поглед на темата.

Пример: Во случај доколку покривате корпоративен скандал, не ги интервјуирајте само директорите на компанијата, туку и вработените, акционерите и експертите од индустријата. Ваквиот пристап обезбедува урамнотежена застапеност на сите заинтересирани страни.

Примарните наспроти секундарните извори

Важно е да ги разликувате примарните и секундарните извори. Примарните извори вклучуваат оригинални документи, интервјуа и извештаи од прва рака. Секундарните извори ги толкуваат или ги сумираат примарните информации.

Пример: кога се известува за промена на владината политика, наведувањето на службениот документ за политиката (примарен извор) заедно со експертски анализи (секундарни извори) ја зголемува веродостојноста.

Проверка на факти

Проверката на фактите е императив. Заедно со фактите за настанот, се проверува и автентичноста на мултимедијата. Новинарите/ките треба ригорозно да ги проверат информациите пред да ги објават. Алатките како што се обратното пребарување на слики и контактирањето со експерти помагаат во овој процес.

Пример: Да претпоставиме дека компанијата тврди дека има рекордна добивка. Проверете ги финансиските извештаи, консултирајте се со индустриските аналитичари и споредете ги податоците со изминатите години за да го потврдите тврдењето.

Избегнување на пристрасност за потврда

Новинарите/ките, како и сите други, имаат предрасуди и негативни верувања. Свеста за овие предрасуди е клучна за спречување на пристрасност за потврда, давање на предност на информациите што се во согласност со постоечките верувања.

Пример: Кога истражувате контроверзна деловна одлука, активно барате докази што ги оспоруваат вашите претпоставки. Бидете отворени за промена на вашата перспектива врз основа на нови информации.

Етичко користење на анонимните извори

Анонимноста ги штити изворите, но може да предизвика и етички проблеми. Новинарите/ките треба умерено да ги користат анонимните извори и да ги откријат причините за одбрување на анонимноста.

Пример: Ако инсајдерот открие корпоративно недолично однесување, одмерете го јавниот интерес наспроти потребата да се заштити изворот.

Транспарентноста во процесот на одлучување за изворите е исто толку важна како и транспарентноста во известувањето.

Податочното новинарство и визуелизациите

Известувањето што е засновано на податоци ја зголемува јасноста. Новинарите/ките можат да користат визуелизации на податоците (табели, графикони, мапи) за да можат ефикасно да ги презентираат сложените информации.

Пример: Кога го покривате загадувањето на животната средина, изработете интерактивна мапа што ги прикажува погодените области, нивоата на загадување и кршењето на регулативите. Тоа ги окупира читателите и ја зајакнува приказната.

Запомнете, етичкото новинарство бара трудољубивост и посветеност на точноста. Придржувајќи се до овие принципи, новинарите/ките придонесуваат за добро информирано општество и го одржуваат интегритетот на професијата.

Како етиката помага за да се зачува интегритетот на медиумите?

Додворувањето на огласувачите не е секогаш примарен проблем.

Понекогаш настанува етички проблем поради неселективното објавување на содржини и соопштенија за јавноста што ги креираат компаниите во согласност со сопствените потреби и интереси. На преземените содржини кои на веста ќе ѝ дадат објективен тон им недостига контекст, а тоа го руши интегритетот на медиумите.

Како да се испочитуваат (потенцијалните) огласувачи и јавноста на кои им се потребни вакви информации, а притоа да се задржи довербата во медиумот?

Постојат неколку елементи кои се од суштинско значење за зачувување на интегритетот на медиумите.

Јасно откривање на интересите

Транспарентноста е клучна. Откријте ги сите потенцијални конфликти на интереси, дури и ако тие  изгледаат мали.

Да се стави фокус на проверката

Поставувањето на тешки прашања не значи да се биде против компанијата. Одговорите на прашањата им даваат можност на читателите/ките подобро да ја запознаат компанијата и нејзината деловна етика.

Поставување на граници

Редакциите треба да одржуваат јасна граница помеѓу рекламирањето и уредувачката содржина. Со тоа се обезбедува тоа дека на уредувачките одлуки не влијаат финансиските причини на огласувачите.

Проверка на фактите

Информациите од анонимни извори и од социјалните мрежи можеби не мора да значи дека се целосно точни дури и кога се објавени од сигурни извори. Одвојувањето на време за проверка на информациите е клучно за да се избегне ненамерното ширење на дезинформации и полуинформации.

Контекстот е најважен

Бизнис вестите не треба да постојат во вакуум. Обезбедете контекст за поширокото економско и социјално влијание на корпоративните одлуки. Ова ѝ помага на публиката да ја разбере пошироката слика и потенцијалните последици од активностите на компанијата.

Етичкото бизнис новинарство создава доверба во медиумите.

Конфликт на интереси

Само уредувачкиот одбор треба да ги носи конечните уредувачки одлуки.

Сите зделки со неуредувачкиот персонал, со претставниците за односи со јавноста и со изворите на вести, треба да се одвиваат со јасно разбирање дека од интеракцијата не смее да се очекува никаков привилегиран третман.

Привилегираниот уреднички третман не значи само подобри огласувачки позиции, подобра цена, одреден стил на пишување. Тоа подразбира молк и неработење, бидејќи за привилегиран третман може да се смета селективното известување кое целосно ќе игнорира определени теми.

Транспарентната деловна политика што е истакната на веб-страницата на медиумот е уште една алатка која му е потребна на секој медиум. При воспоставувањето на соработка, треба да им се обрне внимание на клиентите дека постои нешто како “услови за соработка” кои помагаат да се зачуваат професионалните односи меѓу медиумите, огласувачите и публиката.

Оценете го квалитетот на статијата