Како го користиме видеото за промоција на медиумската содржина?

24.07.2020. / 09:11
Автор/ка
Share
sa
sa

Дали постои нешто што го прави видеото да биде добро? Постои.

Што е тоа?

Одговорот е најчестиот збор кој можете да го слушнете во планирањето на дигиталните проекти и услуги: ЗАВИСИ.

Зависи од вашите деловни цели.

Креирањето на видео содржина мора да придонесе за остварување на вашите деловни цели (и медиумот е бизнис!) и да обезбеди финансиска одржливост. Ако вашите деловни цели се привлекување на нова публика и нови извори на заработувачка (задржување на моменталното ниво на заработувачка) видеото е логична насока.

Производството и објавувањето на видео содржина расте како што расте и неговата консумација на сите платформи. Медиумите себеси не можат да си дозволат индиферентност, но ниту луксуз за да снимаат по секоја цена.

Снимивме видео, што сега?

Пред да снимиме видео си одговоривме себеси на неколку основни прашања:

  • Колкави се трошоците за снимањето
  • Колку нѐ чини опремата
  • Дали имаме едуцирани новинари/ки
  • На која платформа го складираме видеото

Наведеното е работа на менаџментот врз кој новинарот/ката нема влијание.

Откако ќе го снимиме видеото, настанува најголемото работење.

Зошто велам дека тука е најголемото работење, а всушност добрата продукција е клучот на успехот? Бидејќи во овој момент започнува деловниот пат на видео клипот кој сте го снимиле. Целта треба да биде исполнета, а од вашата работа зависи дали тоа ќе се случи.

Ешли Кодиани, поранешната директорка на информативното видео во Mashable, тврдела дека создавањето на видео запис за социјалните мрежи е потешко отколку продуцирање на содржината за телевизија. Таа ги работела и двете.

„Мојата одговорност во создавањето на видео записи на мрежата не е само за да се воодушеви публиката. Тоа лице мора да го гледа видеото, тоа лице мора да се запре, мора да отиде на својот Фејсбук или Твитер и да го сподели. Значи, наш предизвик е многу поголем од телевизијата."

Продуцирањето на видео за онлајн окружувањето на ист начин како за телевизијата доведува до истата грешка која ја прават оние кои го снимаат подкастот како радио емисија. Зборувате во амбис во кој нема никој.

Онлајн публиката е разгалена и побарлива, со кратко внимание.

Вие снимате со нив, промовирате видео со нив, себеси се оставате за крај. Која е користа од добрата приказна и продукцијата ако нема публика.

Како го користиме видеото во онлајн медиумите?

Основната цел на видео содржината е да привлечеме колку што е можно поголем број луѓе во нашиот медиум.

Ако притоа се работи за привлекување на новата публика дотолку подобро. Последицата од поголем број луѓе на нашата веб страница се подобри резултати и поатрактивен огласен простор.

Како со видеото да се влијае врз атрактивноста на медиумот?

Со паметен избор на содржини и со целна промоција на таа содржина на сите социјални мрежи. Пишувавме досега дека видеото е скапо, дека не е за секоја приказна и секој медиум, но домашните медиуми успешно можат да ѝ одговорат на оваа задача.

Во неколку следни примери ви ги донесуваме примерите од извонредната практика на користење на видео содржини:

Видеото како промоција на содржината објавена во медиумот

Најдобрата промоција на содржината која е објавена во медиумот е околу 5 минути долго видео, концизно, со провокативни изјави и прашања, кое навестува големо откритие, интрига, голема приказна.

Најавата на поголемото откритие од она што краткото динамично видео ѝ ја дало на публиката е клучот на успехот. На социјалните мрежи на кои ја споделуваме ваквата содржина е бучава и гужва. Вашата јасна порака и повикот до публиката да ја посети веб страницата на медиумот мора да се истакнуваат од останатото.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

[NAJAVA] Uskoro nova priča! #CINformacija #istrazioCIN #pravosudje #sudije

Objavu dijeli www.cin.ba (@cinbih)


Видеото како промоција на извонредни новинари/ки кои со своите настапи ја креваат гледаноста (читаноста) на медиумот

Секој бизнис, па и медиумскиот, го прават луѓето. Вештините, искуството и харизмата можат од необичните и непријатните ситуации да направат хит на интернет. Секако, ако имате новинар/ка кој/а владее со ситуацијата и кој/а може на гледачите/ките да им понуди шоу и тогаш кога тие не го очекуваат шоуто.

Забавна содржина од сериозно политичко интервју гледавме на N1info.ba благодарејќи ѝ на интересната соговорничка и на новинарот кој со својата реакција се извлекол најдобро од ваквиот момент.

Што видеото значи за вашиот медиум

Иако не изгледа така, видеото пред сѐ значи промени, а не само воведување на уште еден формат во медиумот.

За секој медиум е важно на почетокот стратешки да пристапи кон одлуката што видеото значи за медиумот и што се сака да се постигне со него.

Рик Берке, поранешниот извршен уредник на магазинот Politico кажал дека овој магазин се соочува со единствен предизвик. Неговите теми се нишни (сегментирани) и не се идеални за видео содржина. Но, тие и понатаму успеваат да си го пронајдат својот пат.

Во оној момент кога ќе го пронајдете својот пат, следи приспособување на веб страниците, на информациската архитектура на медиумот, корисничкото искуство, промоцијата на содржината… Цел екосистем во кој видеото се наоѓа мора да биде креиран така за да ги оствари најдобрите можни резултати.

Енди Пергам од McClatchy кажал: „Ви требаат луѓе кои го зборуваат јазикот на видеото. На ист начин како што би им кажале на новинарите од печатот: Таа приказна не е доволно добра за А1, уредниците мора да бидат во состојба да кажат: Тоа видео навистина е лошо, тоа нема да оди на нашата страница.“

Ocijenite kvalitet članka