Како help me статиите и SEO оптимизацијата градат доверба во медиумот

21.07.2023. / 09:12
Автор/ка
inform me
inform me

Подемот на SEO оптимизацијата на содржината не се случил во вакуум. Тој ги следи трендовите на онлајн однесувањето на луѓето.

Затоа во интерес на редакциите е да инвестираат во SEO оптимизацијата, за сопствено добро и за доброто на публиката на која ѝ служат.

Сопственото добро е нов канал за зголемување на сообраќајот на веб-страницата, за публиката бидејќи тие имаат сигурен извор на информации што им се потребни.

И сообраќај на мрежата и доверба на публиката

Основниот бизнис модел на веб-страниците со вести е пишувањето за актуелни теми.

Проблемот со овој модел е тоа што во 99% од случаите статиите имаат краток век на траење. На почетокот се случува скок на сообраќајот на статијата, а потоа сообраќајот опаѓа како што старее статијата. Доаѓаат нови актуелни теми, а старите служат како архива. Тие деловно и маркетиншки не му помагаат многу на медиумот.

За да се одржува еднакво ниво на сообраќај без оглед на сезоната, единствено решение е да се продолжи со објавување на еднаков или на поголем број на вести. Овој модел е потребен, особено ако градите медиум на заедницата каде што постои потреба од вести кои не можете да ги пронајдете на другите портали.

Ако медиумот го задржи основниот модел за објавување на вестите и кон тоа да ги додаде help me статиите и сите елементи на услужното новинарство, тоа ќе биде нов континуиран извор на сообраќај на веб-страницата.

Медиумот со овој потег ќе стане сеопфатен извор на информации за неговата публика а не исклучиво извор на вести за дневните настани.

Не се најсекси приказните во јавноста, но тие имаат огромно влијание

Mandy Jenkins, генералната менаџерка во McClatchy и издавачка на неговите локални медиуми Mahoning Matters и The Longmont Leader, смета дека ние во локалните медиуми најчесто сме канал помеѓу институциите и луѓето. Тоа е позиција што треба да ја искористиме за производство на услужно новинарство кое и помага на нашата јавност во снаоѓањето во нетранспарентните системи кои брзо се менуваат.

Без оглед на тоа дали се работи за поднесување на барање за невработеност, за регистрација за гласање или за тестирање за Covid, нашата публика наидува на многу прашања за кои официјалните веб-страници на владата најчесто не се подготвени за објаснување: Што е ова? Што значи ова за мене? Што треба да направам?”

Според нејзините зборови, медиумите можат на публиката да и ги дадат информациите кои ѝ се потребни за снаоѓање во секојдневниот живот.

Во традиционалната прогноза за NiemanLab.org, Jenkins наведе примери за користењето на услужното новинарство и градењето на доверба со помош на овој формат. Кога пандемијата на коронавирусот првпат го погоди северниот дел на Охајо во раната пролет, нашиот тим во Mahoning Matters градеше ресурси за темите како што се нарачки од локалните ресторани и домашна едукација на децата, како и ажурирање на соодветните најчесто поставувани прашања. Го имавме истиот пристап во составувањето на нашите водичи за гласачите за изборите во ноември вклучувајќи ја содржината за прашањата и за кандидатите на гласачкото ливче, како и основите за тоа како се врши регистрација за гласање.”

Обичниот список на ресторани кои имаат достава можеби некому ќе му изгледа како содржина што нема голема вредност. Но, ако ги земеме во предвид околностите дека локдаунот траеше долго, дека услужната индустрија беше во многу тешка состојба и дека на луѓето им беа потребни информации, help me статијата во форма на список на ресторани (нивното работно време и контакти за нарачување) кој е секогаш достапен и ажуриран, е од исклучителна помош.

Jenkins за NiemanLab.org изјавила дека ваквиот пристап е лотарија кога имате само двајца редовни новинари во редакцијата, но дека сепак вредело. Наведените help me статии се најпосетените приказни на годината на порталот Mahoning Matters, што им служеа на читателите/ките и привлекуваа нова публика преку социјалните споделувања и пребарувања.

Ова не се најсекси приказните таму, но овој вид на работа е местото каде што оваа година (2020 година) се почувствува голем дел од влијанието на локалното новинарство и треба да очекуваме дека овој тренд ќе продолжи”, смета Jenkins.

Слушање на публиката и на повратните информации

Причината за ставање на поголем акцент на услужното  новинарство не е само затоа што е тоа добра работа или должност да се заштитат читателите/ките од сомнителните страници кои се SEO оптимизирани. Ваквите содржини им помагаат на читателите/ките да пронајдат решенија за проблемите од реалниот живот, а на медиумите им овозможува да се поврзат со нивните читатели/ки.

Помалите редакции можеби не можат да се натпреваруваат со големите компании за SEO

маркетинг, но медиумскиот бренд сѐ уште има големо влијание за читателите/ките.

"Кога некој ги "гугла"информациите кои му се потребни во заедницата во која живее, доаѓа до препознавање на медиумскиот бренд и до препознавање на експертизата", вели Megan Griffith-Greene, уредничка за услужно новинарство во весникот The Philadelphia Inquirer. “Ова ни дава природна предност во споредба со некои случајни места на кои ќе кликнете. Ова всушност оди [кон] помош во градењето на довербата и во нашите заедници.”

Во статијата на American Press Institute-от се нагласува дека оние кои досега експериментирале со help me статиите и со услужното новинарство, истакнуваат неколку лекции кои можат да им бидат корисни на оние другите кои размислуваат за слични проекти.

Овие четири лекции најчесто се повторуваат

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  • Запознајте ги луѓето таму каде што седури и ако тоа не е на вашата главна платформа.
  • Прашајте ги луѓето какви информации им се потребниако сакате да ги разберете.
  • Соработувајте и комуницирајте со групите или со здруженијата на локалната заедница за да почувствувате што им недостига на луѓето.
  • Информациите и увидите од тековните работи користете ги во идните проекти.

 

 

 

 

 

 

 

Направено како што треба, help me статиите се средба со читателите/ките таму каде што тие бараат решенија. Ова бара слушање на однесувањето на публиката и на повратните информации.

 

 

 

 

 

 

 

Добриот слушател кој е подготвен да помогне, секогаш заслужува доверба дури и кога зборуваме за портал за вести. 

 

 

 

 

 

 

 

Оценете го квалитетот на статијата
Предложете нова тема