Како изгледа дигиталната пристапност во пракса

09.02.2024. / 07:27
Автор/ка
Share
kako izgleda digitalna pristupačnost
kako izgleda digitalna pristupačnost

Дигиталната пристапност на мрежата далеку заостанува зад она што навистина им е потребно на луѓето.

Годишната анкета за милион најпопуларни веб-страници што ја спроведе WebAIM даде поразителни резултати.

  • Просечната страница во 2023 година има 50 грешки во пристапноста.
  • Почетните страници станаа покомплексни, со 10% повеќе елементи отколку претходно, но пристапноста порасна за само 1,6% од година во година.
  • Речиси 100% од страниците сè уште имаат барем една грешка при пристапноста.

Додека стапката на страници без забележливи грешки беше многу ниска, 20,7% од страниците имаа околу 5 откриени грешки а 30,8% околу 10. Повеќето грешки спаѓаат во само неколку категории.

Најчестите грешки се исти во последните 5 години

96,1% од сите откриени грешки спаѓаат во овие четири категории. Овие најчести грешки се исти во последните 5 години. Решавањето само на овие неколку видови на проблеми значително би ја подобрила дигиталната пристапност на мрежата.

Текст со низок контраст

Текст со низок констраст (стручно кажано под праговите WCAG 2 AA) е пронајден на 83,6% од почетните страници. Ова е најчестиот проблем со пристапноста. Во просек секоја почетна страница имала 30,4 различни примери на текст со низок контраст.

Слики и ALT текст

Во примерокот имаше повеќе од 43 милиони слики или во просек 43,4 слики по почетна страница на мрежата. Бројот на слики порасна за изненадувачки 9,1% во текот на изминатата година, почетните страници стануваат сè повеќе графички, а помалку текстуални. 22,1% од сите слики на почетната страница (во просек 9,6 по страница) немаат опис ниту алтернативен текст. Повеќе од половина од сликите што немаат алтернативен текст во нив имале врска (линк), но ниту линковите не биле описни.

10,9% од сликите со алтернативен текст имале лош или повторувачки алтернативен текст, како што е "слика", "графика", "празно", име на датотеката.

Овие податоци покажуваат дека повеќе од една третина од сликите на почетните страници на мрежата воопшто немаат опис или тој опис е лош и се повторува од соседните слики.

Наслови

Откриени се над 24,7 милиони наслови (над 24 во просек по почетна страница).

Бројот на наслови на анализираните почетни страници се зголемил за 6,8% од 23,2 милиони во 2022 година. Присуството на сите нивоа на наслови исто така се зголемило (H1 H2... наслови) со оглед на тоа што насловите се примарен механизам што им помага на корисниците на читачите на екрани да се движат низ содржината.

Затоа е важна нивната правилна имплементација (поеднакво е важна за SEO оптимизацијата). 20,1% од почетните страници имале повеќе од h1 наслов, што претставува зголемување во однос на 19,6% во 2022 година. Ако лаички го објаснуваме ова, тоа е како еден производ да има две имиња, значи еден производ да се вика чоколадо и чипс.

Имаше 1.146.080 случаи на прескокнати нивоа на наслови (на пример скокање од <h2> на <h4. Ова е и SEO грешка бидејќи треба да имате h3 за да можете да користите h4 во текстот.

Овој текст има неколку нивоа на ознаки H:

  • H1 Како изгледа дигиталната пристапност во пракса (наслов на целиот текст)
  • H2 Најчести исти грешки во последните 5 години
  • H3 Текст со низок контраст
  • H3 Слики и ALT текст
  • H3 Наслови
  • H3 Врски
  • H2 Како да се спроведе дигиталната пристапност во пракса

Дури и ако не размислувате за дигитална пристапност и за SEO оптимизација, овие нивоа на насловите ви олеснуваат да разберете за што се работи во текстот.

Прескокнати нивоа на наслови се присутни на 42,2% од сите страници, а 7,9% од страниците воопшто немале наслови.

Врски

17,3% од страниците имале двосмислен текст на врските како што се "кликни овде", "повеќе", "продолжи", итн. Ваквиот опис не му кажува на корисникот каде се движи. Подобриот сидро текст (anchor text) има големо влијание врз SEO и колку е описот на врската подобар, толку страницата е дигитално попристапна и подобро SEO оптимизирана, а се прави само една работа.

Како да се спроведе дигиталната пристапност во пракса

Gareth Ford Williams и Charlie Turrell го основаа првиот тим за дигитална пристапност на BBC и ја создадоа Champions of Accessibility Network за да ги поттикнат луѓето да размислуваат и да зборуваат за бариерите во пристапот до информациите и вестите.

Нивниот совет за започнување на работењето на дигиталната пристапност, особено за медиумите со ограничени ресурси и техничка експертиза е да се направи една работа поинаку.

Направете нешто поинаку. Дури и ако тоа значи дека секој пат кога објавувате нешто визуелно, запрашајте се 'Дали постојат титлови?' Поработете на тоа. Потоа, кога тоа ќе ви стане навика и ќе ви стане втора природа, погледнете нешто друго.“

Во ова интервју се споменува дека алтернативниот текст е едно нешто на кое новинарите/ките можат веднаш сега да работат.

Ford Williams рекол дека ALT текстот секогаш треба да ја одразува намерата за користење на сликата.

Кога разговарав со новинарите/ките, ќе кажев: Која беше намерата за користење на таа слика?’ Тие ќе почнат да објаснуваат: ‘Па, мислевме дека тоа е многу интересно бидејќи го покажува односот помеѓу ова и ова што се случува, а таа гледа таму бидејќи го почувствувала тоа и тоа ја покажува таа енергија...’ Ми раскажуваа приказна за сликата, а јас обично ќе ги прекинев и само ќе кажев: ‘Напишете го тоа, затоа што имате ALT текст.’"

Алтернативниот текст се споменува како прв елемент на кој може да се работи бидејќи е едноставно. Втората причина е големата количина на фотографии кои ги објавуваат медиумите.  Ако оптимизираме голема количина од содржината, влијанието врз комплетната веб-страница ќе биде многу позитивно.

Wiliams и Turrell ги препорачаа алатките кои тие ги користат во работата, а достапни им се на сите.

Јас ја користам алатката за проверка на алтернативниот текст која можете да ја презмете од Chrome. Ја користам алатката за проверка на контрастот на боите и алатката за проверка на насловите. Воопшто не сум нешто особено вешта во техничките работи. Не треба да бидете програмер за да можете да ги користите.“- изјавила Charlie Turell.

Примената на овие 4 принципи во секојдневната работа (наслови, алтернативни ознаки на сликите, линкови и контраст на боите на позадината и фонтот) може во голема мера да ја подобрат веб-страницата и нејзината пристапност.

Аргумент за веднаш да започнете да ги имплементирате овие практики е дека тие не бараат никаков дополнителен ангажман затоа што се дел од рутината за пишување, како што е и случај во овој текст.

Оценете го квалитетот на статијата