Како мобилните апликации можат да им бидат корисни на медиумите

09.12.2020. / 12:33

Медиумскиот сектор сигурно е една од најбрзо растечките индустрии во светот. Оваа година дополнително ја покажа важноста на постоењето на медиумите, и на правовремено и вистинито известување.

Истовремено со развојот на технологијата, во доменот на мобилните апликации може да се забележи нагол раст на популарноста и сé поголем број на корисници/чки. Не е ни чудо што медиумскиот сектор е повеќе од подготвен да ги усвои тие мобилни алатки. Во нашиот неодамнешен повик за иновативни идеи на USAID BMAP Media Innovation Lab, голем број пријавени идеи беа токму мобилните медиумски апликации.

Во јули 2020 година Datareportal забележал 5,15 милијарди единствени корисници/чки на мобилни уреди, што изнесува 66% од глобалната популација. Според студијата што ја направил Yahoo, 90% од употребата на мобилните уреди кај луѓето доаѓаат од апликациите. Се очекува дека бројот на корисниците/чките на мобилните уреди ќе биде 20 милијарди во 2021 година.

„Интердисциплинарните истражувања, особено на студиите по новинарство, почнаа да ги набљудуваат апликациите во новинарската работа од перспектива на произведувачот и корисниците/чките. Сé уште во повои, научното истражување на апликациите и новинарската работа ги одразуваат поголемите трендови кои се истражени во студиите по дигитално новинарство, истовремено проширувајќи го разбирањето на мобилните вести.“ – се наведува во публикацијата Mobile Applications and Journalistic Work.

Од почетокот на 2000 година медиумите ширум светот почнале да експериментираат со апликациите во новинарската работа. Преку експериментирање со апликациите, медиумските куќи нудат и сé уште развиваат различни начини за претставување на вести. Од 2009 година се бележи процут на мобилните апликации во новинарската работа. Мобилните апликации им овозможија на медиумите и новинарите/ките да добијат нови увиди за новинарската работа.

Традиционалните медиуми губат популарност, па постапно ги заменуваат мобилните платформи и апликации кои даваат моментален пристап до сето она што медиумите го содржат.

Многу светски познати медиуми се обидуваат да ги вклучат апликациите во својата секојдневна работа, и на тој начин да ја зголемат достапноста на користењето на медиумите како извори на информации. Така, на пример, апликацијата на CNN моментално е достапна на сите мобилни уреди. CNN го препознал значењето на мобилните апликации, а својот дизајн редовно го приспособуваат кон трендовите во светот, па така во 2017 година својата апликација ја приспособиле така за да нуди повеќе видео содржини. Неговиот user-friendly дизајн е подготвен за да им овозможи на корисниците да останат во тек со актуелните вести, домашните и меѓународните. Оваа форма на надградба на медиумите отвори уште еден простор за доаѓање до приходи,  кој преку апликациите се остварува во вид на огласување.

Со оглед дека медиумите и понатаму се оддалечуваат од традиционалните извори на приходи засновани врз хартии, Интернетот се претвора во прибежиште за дистрибуција на медиумската содржина. Со новите и иновативни начини за зголемување на приходите, апликациите изгледаат како простор кој на медиумите ќе им овозможи и дополнителна читаност и начин да ги зголемaт приходите преку огласувањето. Особено ако ја земемe предвид оваа година, која целото општество го сврте во нова насока со пандемијата. Експертите/ките во подрачјето на дигиталниот маркетинг препорачуваат вклучување на развојот на апликациите во кампањите на дигиталниот маркетинг, бидејќи сметаат дека тоа е еден од најдобрите начини со инвестиција да го поттикнете растот на своето работење.

Мобилните уреди станаа важно средство за социјализација и информирање, и во врска со тоа се отвораат како подрачје за кое медиумите би можеле уште повеќе да размислуваат и да креираат иновативни идеи кои можат да ѝ бидат корисни и информативни на публиката.

За да создадат најдобри апликации, медиумите мораат да соработуваат со програмерите и заедно да бидат во тек со брзиот и непрестајно менливиот пејзаж на технологиите на мобилните телефони.

Ocijenite kvalitet članka