Клонирање на веб-страници: Укради медиум за да ја заштитиш елитата

16.09.2022. / 08:41
Автор/ка
web
web

Колку ќе ви звучи неверојатно, кога еден ден додека пребарувате некој термин на интернет, го пронаоѓате вашиот медиум, но кога ќе погледнете подобро тоа не е вашиот медиум.

Сѐ е исто: доменот, брендирањето, структурата на веб-страницата, имињата на категориите на содржината.

Потоа ги гледате вестите од политиката и сфаќате дека сте среќни, сепак не сте го изгубиле умот. Само ви го украле медиумот, клонирањето на веб-страницата е направено одлично за да го деградираат вашиот медиум.

Што е клонирање на веб-страници?

Клонирање на веб-страници е метод со кој од злонамерни мотиви се создаваат речиси идентични веб-страници кои се одраз на оригиналните.

Таквите веб-страници имаат URL-адреса која е блиска до оригиналната и можат да ги измамат корисниците со промена на слични знаци, со удвојување на определени знаци во URL-адресата или со регистрирање на домен каде што само една буква е различна.

Клонираните веб-страници можат да бидат хостирани кај давател на хостинг кој не ги почитува барањата за отстранување. Тие се многу популарни затоа што му овозможуваат на напаѓачот објавување на содржина што ја нарушува интелектуалната сопственост или било која друга злонамерна содржина, а давателот на хостинг услугата не ја прекинува техничката поддршка кога некои организации или поединци ќе поднесат барање за отстранување на таа содржина.

Списоците на т.н. непоробојни даватели на хостинг услуги се достапни бесплатно на интернет, а некои од нив тоа дури го рекламираат и како предност.

Кој може да биде цел на клонирањето на веб-страниците?

Сајбер криминалците не дискриминираат.

Се таргетираат веб-страници без разлика, заедно со жртвите читатели/ки кои не се сомневаат во ништо и кои веројатно нема да ги забележат малите разлики на веб-страницата и во URL-адресата.  Медиумите не се некоја поистакната цел во оваа активност. Важна е големата посетеност на веб-страницата без разлика дали се работи за бренд, компанија или медиум.

Она што ја прави опасна оваа практика е кога медиумите се цел со намера да се цензурира објективното новинарство и транспарентното известување. Парите не се примарна цел, туку целта е да се заштитат (политичките) елити со дезинформирање на јавноста.

Зошто напаѓачите ги клонираат веб-страниците?

Постојат повеќе причини, а разликата зависи од тоа кој клонира. Во некои случаи напаѓачите сакаат пари, а веб-страницата е средство што ќе помогне да се дојде до парите. Целта е да се украде сообраќајот.

Пребарувачите им го испраќаат сообраќајот на клоновите што ги користат напаѓачите за монетизирање со помош на Google Ads.

Има случаи во кои клонирањето на веб-страницата е форма на цензура.

Напаѓачите го крадат брендот на медиумот и сето она што публиката навикнала да го гледа како карактеристика на тој медиум, после што тие можат да манипулираат со содржината. Објавуваат сосема поинаква содржина која е благонаклонета кон политичката опција која оригиналниот медиум ја критикува. Понекогаш се прават промени на клонот за да се збунат читателите/ките со ставање на зборови во устата на оригиналниот медиум.

Ви звучи неверојатно? Во практика тоа изгледа толку реално што ќе се посомневате во сопствената перцепција отколку во медиумот.

sfa
Фото: Насловната страница на оригиналниот портал OzonPress.net и неговиот клон OzonPress.rs со истакнати вести во кои се гледа правецот на уредувачката политика

Според пишувањето на порталот Raskrinkavanje.rs, кој е проект на порталот Krik.rs (го споменувавме во добрите медиумски практики на пишување за веб) “критичкиот однос кон власта пречи пред изборите.” Ако новинарите/ките на порталот се тврди преговарачи и не сакаат да преговараат за содржината, се прибегнува кон поедноставно решение. Клонирање на веб-страницата.

Според содржината на двете исти насловни страници на различни портали што е регистрирано на 14. 9. 2022 година, јасно е зошто континуирано се работи на проектот.

Copy-paste пристапот кон креирањето на вестите не е целта. Целта на медиумскиот клон е да го замагли оригиналот што е можно повеќе.

Како да се заштитите од клонирање на веб-страницата?

Постојат препораки за заштита и мерки на претпазливост кои ќе ги наведеме во продолжение на текстот. Колку се ефикасни зборува фактот дека веб-страницата на The Guardian е клонирана на доменот Trem.media и активна е и денес.

Без никаков проблем во мета описот се наведува дека содржината е преземена од The Guardian. Останува прашањето зошто некој би сакал да чита идентична содржина од еден медиум во друг. ew 

Како превентивна мерка, се препорачува да ѝ се олесни на публиката препознавањето на вашата веб-страница. Како да се постигне ова?

Со интерно поврзување на вашите статии

Напаѓачот можеби нема да ги промени сите внатрешни врски, што ќе значи дека дури и посетителите што ќе дојдат на клонот можат да кликнат на врската за да дојдат на оригиналната веб-страница.

Тоа ќе значи дека посетителите што ќе дојдат на клонот можат да кликнат на врската за да дојдат на оригиналната веб-страница. Ова помага во откривањето на клонот со помош на аналитиката на оригиналната веб-страница затоа што сообраќајот од клонот кон оригиналот е видлив во изворите на сообраќај.  

Поврзување на различни домени

Поврзувањето на веб-страниците со врски е корисна практика затоа што клонот не може да има поврзаност со конкуренцијата од која медиумот презема содржина со дозвола.

Инвестирање во брендот

Колку се логото, изборот на фонтовите и визуелниот изглед на веб-страницата повпечатливи, толку читателите/ките подобро ќе ги запаметат. Затоа е помала веројатноста дека клонерите ќе ги збунат читателите/ките кога тие ќе дојдат до домен што се разликува за две букви од доменот на оригиналниот медиум.

Во можностите што се наведуваат како мерка на заштита е контактирање со давателот на услугата каде што се наоѓа клонираната веб-страница, вклучувајќи го давателот на доменот, хостингот или CDN, со барање за отстранување.

Она што го гледаме во наведениот случај на порталот OzonPress е дека овие препораки немаат голем ефект. Законите за авторските и сродните права на Балканот не се соодветни, особено кога станува збор за електронските медиуми.

На крајот останува прашањето: зошто публиката која е наклонета кон опозицијата (па соодветно на тоа и на темите за кои се зборува во медиумите) би сакала да чита содржина за сето она што е во спротивност со нивните животни вредности? И само затоа што медиумот ја одбрал бојата HEX #b32e2e на банерот на насловната страница. (HEX #b32e2e е кодот на темноцрвената боја на двата портали OzonPress).

Оценете го квалитетот на статијата