Кои комуникациски апликации не споделуваат лични податоци?

09.12.2021. / 09:41

Користењето на апликации за комуникација е секојдневие на сите, па така и на новинарите/ките. Денес е незамисливо да се комуницира преку СМС пораки, затоа што сите ги користат бесплатно достапните онлајн апликации за комуникација.

Повеќето од овие апликации им припаѓаат на големите компании кои обезбедуваат различни нивоа на приватност. Ретки од нив се со отворен код, со целосна заштита на личните податоци на корисниците/чките.

Неодамна Rolling Stone дојде до документ кој зборува за можностите за пристап до личните податоци и до останатата содржина која ја пласираме преку комуникациските апликации, како што се WhatsApp, Viber, iMessage, Signal, Telegram.

Огранокот за наука и технологија на ФБИ и Одделот за оперативна технологија кои го подготвија овој документ, даваат увид во видовите на информации што различните услуги можат да ги дадат како одговор на барањата за корисничките податоци. До овој документ дошла групата наречена Property of the People, преку Законот за слобода на информациите (FOIA). 

Ова е необјавен документ и не е класифициран, но е означен какосамо за службена употребаичувствително за спроведување на законот“.

dsad

Овие податоци ни покажуваат на кој начин ФБИ може легално да пристапи до безбедната содржина на водечките апликации за размена на пораки, вклучувајќи детали за достапните информации врз основа на важечката правна постапка. Некои од податоците до кои е дојдено преку овој документ не се новост. Веќе е познато дека, да речеме, Apple може да ѝ ги достави на полицијата целосните текстови испратени преку iMessage доколку тие пораки безбедносно се ископираат на iCloud.

Она што исто така може јасно да се види во овој документ е фактот дека WhatsApp е единствена апликација за безбедна размена на пораки која дава податоци во речиси реално време како одговор на барањата на полицијата.

Претходно веќе известувавме за тоа колку е WhatsApp безбедна апликација за користење, а во својот одговор на прашањето на Rolling Stone, WhatsApp ги потврдува податоците што се наоѓаат во овој документ.

"Внимателно ги прегледуваме, ги проверуваме и им одговараме на барањата на органите за спроведување на законите врз основа на важечкиот закон и јасни сме за тоа на нашата веб страница и во редовните извештаи за транспарентност." Понатаму наведуваат дека документот "го илустрира тоа што го зборувавме – дека полицијата не мора да ја пробива end-to-end енкрипцијата за успешно да ги истражи злосторствата". Со ова јасно се потврдува дека WhatsApp ги нуди податоците во речиси реално време како одговор на барањата на полицијата.

Покрај WhatsApp, документот прикажува и низа на други апликации кои нудат многу информации што можат да бидат доволни за да се откријат важни податоци. Можеби не во реално време, како што е тоа во случајот со WhatsApp, но и понатаму може да се дојде до телефонскиот број (Viber), типот на уредот на кој е инсталирана апликацијата (Wickr), IP и мејл адресата (WeChat).

Кои апликации да се користат?

На многумина ќе им биде доволен фактот дека некои апликации имаат end-to-end шифрирана комуникација. Меѓутоа, оние лица кои сакаат да ги задржат информациите приватни, можат да се најдат во сериозен проблем со користењето на WhatsApp, но и на другите гореспоменати апликации. Користењето на овие апликации може да биде голем проблем за новинарите/ките кои не сакаат да ги откријат своите извори и информации.

Како апликации кои нудат најмалку информации, овој документ ги посочува Signal и Telegram.

Од Signal, како што стои во документот, не може да се добие содржината на пораките, но може да се добие датумот и времето кога корисникот/чката е регистриран/а на оваа апликација, и последен пат кога лицето ја користело апликацијата.

Telegram исто така не ја нуди содржината на пораките, и само според изјавата за приватност на Telegram, за потврдени терористички истраги, Telegram може да им ја открие IP адресата и телефонскиот број на надлежните органи.

Повеќе за Signal

Signal поради тоа што е open source апликација, стана една од најпопуларните апликации за размена на пораки. Познат по својата end-to-end енкрипција и независната структура која ја креирала непрофитна организација која е управувана од фондација, а не од голема технолошка компанија, Signal е популарен кај многу корисници/чки, како што се новинари/ки, активисти/ки, дигитални експерти/ки и многу други кои сакаат безбедно да комуницираат.

Достапен е бесплатно за iPhone, Android, Mac и PC. Корисниците/чките на Android дури можат да ја постават својата стандардна апликација за размена на пораки на Signal доколку го сакаат тоа.

Ако сте загрижени дека некој пристапува до апликацијата Signal од вашиот телефон, можете да ја заклучите апликацијата со истата шифра или со скенирање на отпечатокот на прстот што инаку се користи за заклучување на вашиот телефон. Signal го бара телефонскиот број за пристапување на апликацијата.

Прв пат забележа значително зголемување на бројот на корисници/чки во пролетта 2020 година кога луѓето кои учествуваа во антирасистичките протести околу убиството на George Floyd сфатија колку полицијата внимателно ги набљудува и бара од компаниите да им ги предадат корисничките податоци.

Во почетокот на јануари оваа година WhatsApp најави нови измени во својата политика за приватност и за користење кои, во меѓувреме, овозможија споделување на податоците со Facebook. Оваа одлука доведе до големи последици, што принуди многу корисници/чки да преминат на други мобилни апликации за комуникација. Така, на пример, Signal и Telegram забележаа нагло зголемување на корисниците/чките во оваа година. За споредба бројот на корисници/чки на Signal во декември 2019 година изнесувал половина милион, а во јануари 2021 година 40 милиони. 

Ocijenite kvalitet članka