

Гласот на една жена се губи во гласовите на шест мажи.
Оваа бројка е резултат на истражувањето на компанијата AKAS Consulting.
Пет месеци ги набљудувале трендовите во шест земји: Индија, Кенија, Нигерија, Јужна Африка, Велика Британија и САД.
Резултатите се лоши. Жените ја сочинуваат половината од населението, но само 39% од жените ја сочинуваат новинарската професија.
Тие се многу запоставени во медиумското известување. Гласовите на жените се цитирани во само 29% од онлајн вестите што се анализирани во Обединетото Кралство во 2019 година (ова е највисок процент меѓу шесте земји). Во Индија се цитирани само 14 отсто.
Во некои категории, како што е на пример економијата, уделот на гласовите на мажите е 31 пати е поголем од уделот на гласовите на жените.
Со ова темпо ќе ни бидат потребни 75 години за да постигнеме родова еднаквост
Според истражувањето на Global Media Monitoring Project (GMMP) во 1995 година, само 17% од изворите на вести (луѓе што сте ги виделе, сте ги слушнале или сте ги читале во медиумите во 71 земја) биле жени.
Дваесет години подоцна, во 2015 година студијата на GMMP покажува дека таа бројка е малку повисока: од 45.402 интервјуирани лица и субјекти во 22.136 приказни од 114 земји, 24% биле жени.
Бројката се поместила за 7 процентни поени за 20 години.
Со ова темпо ќе бидат потребни 75 години за да се постигне родова еднаквост.
Балканот ги следи светските трендови во новинарството
Мониторингот на медиумите во Босна и Херцеговина покажа дека во вестите мажите се доминантни во однос на нивните функции. Жените сочинуваа само 11% од субјектите во вестите. Во истражувањето GMMP 2020 само 21% од жените се претставени како експерти или коментатори, а како портпароли во 23% од вестите.
Слична е ситуацијата и кога станува збор за вестите за економијата и за општествено-правните теми, каде што мажите се значително присутни и сочинуваат речиси 92% од сите вести. Единствените рубрики во вестите во кои жените биле повеќе застапени се науката и здравјето со 42%.
- Жените сочинувале само 12% од вестите за политиката и за владата,
- 24% од вестите за економијата
- и незначителни 8% од општествените и правните вести.
Жените биле слабо застапени дури и во вестите за криминалот и за насилството со 8%, познатите личности, уметноста, забавата, спортот со 18%, како што е прикажано на графиконот 2.

Истото истражување за подрачјето на Србија открива дека жените се мнозинство само во маргинализираната родова и во сродните теми чиј удел изнесува само 1% од анализираните приказни. Во тие приказни 80% од субјектите ги сочинуваат жени (или, во апсолутни бројки, четири од пет).

Во сите други теми жените се значително маргинализирани. Родовиот јаз е најтесен во приказните за:
· познати личности, уметност и медиуми, спорт (35% жени)
· наука и здравје (33% жени)
· политика и влада (11%)
· криминал и насилство (4%) .
Истражувањето покажува дека некои области постојано се претставени како доминантно машки, обично оние што се поврзани со моќта.
Зошто новинарките и жените како извори во вестите се толку потребни?
Постојат голем број на причини зошто жените експерти не се појавуваат во приказните во весниците толку често како мажите.
Internews, во проектот Reflect Reality, во соработка со Светскиот економски форум презентираше четири клучни аргументи за поголемо вклучување на гласовите на жените во вестите, а особено гласовите на експертките, раководителките и портпаролките.
Еве зошто е важно вклучувањето:
Тоа е добро новинарство: кога цела група на луѓе е недоволно застапена во дневните вести што го опишуваат нашиот свет, имаме нецелосно или неточно претставување на реалноста. Кога новинарките нема да успеат да разговараат со експертките, ризикуваат изоставање на перспективите што се релевантни за голем дел од општеството и ги пропуштаат новите приказни.
Вишата извршна уредничка, Laura Zelenko, ја предводи иницијативата New Voices на Bloomberg, глобална програма за зголемување на опсегот во кој редакциите на Bloomberg ширум светот пронаоѓаат експертки за финансии и за бизнис. Таа објаснува како овој специфичен фокус им овозможил на новинарите/ките на Bloomberg да ги откријат приказните кои инаку можеби не би ги имале.
„Од нашата канцеларија во Лондон стигна известување дека конечно, после една година, сме добиле ексклузивно интервју со една од ретките жени извршни директорки во Италија. Тоа интервју доведе до шест наслови. Решеноста на новинарите да дојдат до ова интервју доведе до квалитетна содржина. Како што носиме повеќе жени експерти како коментаторки на ТВ, дискусиите се сѐ подобри, поразновидни, а тоа ја прави подобра ТВ на сите фронтови.”
Гради доверба: довербата на публиката стана клучна грижа за индустријата на вести, а медиумите се сега во ситуација најмалку да им се верува на глобално ниво. Трајниот недостаток на разновидност и на застапеност во медиумите придонесува за тоа. Ширум светот континуирано се покажува дека медиумите ги исклучуваат или погрешно ги претставуваат маргинализираните и малцинските групи. Ова значи дека многу луѓе не ги добиваат информациите што се релевантни за нивното искуство и за околностите, а тоа предизвикува недоверба.
Тоа е добар бизнис: медиумските менаџери сѐ повеќе ја гледаат рамноправноста на половите како клучна, не само за квалитетот на нивната работа тука и за финансиска одржливост на нивниот бизнис. Зајакнувањето на гласот на жените раководители и експерти во вестите може да изгради поголема доверба меѓу публиката и да го подобри квалитетот на новинарството. Исто така, може да го зголеми ангажманот на публиката на редакцијата, базата на претплатите и вредноста меѓу огласувачите. Во деловниот свет, сѐ повеќе истражувања укажуваат на поврзаност меѓу половата рамноправност и финансискиот успех на медиумот.
"Ако сакате луѓето да ви плаќаат, треба да ви веруваат, а нема да ви веруваат ако не се гледаат себеси во вас", кажала Kathy English, уредничка во Toronto Star.
Тоа е добро за општеството: кога професионалните и авторитативните гласови на жените точно се рефлектираат, а штетните полови стереотипи ги оставаме зад нас, сите имаме корист. Девојчињата – и момчињата – растат во свет каде што учат дека можат рамноправно да учествуваат. Половите предрасуди во училиштата, на работните места и во заедниците се намалени.
Постојат некои едноставни, но итни работи што треба да се направат.
Што можеме да направиме?
Приказните за новинарките и за водителките од различни средини да се направат видливи и нормални во медиумите. Да се запре сексуализацијата и објективизацијата на жените и на девојките на екранот и погрижете се содржината да нѐ дискриминира ниту да ги зајакнува негативните стреотипи и однесувањето.
Надвор од забавната индустрија, погрижете се жените лидери кои можат да послужат како моќни примери за младите жени и девојки, да бидат видливи и да имаат глас во медиумите.