

Според BusinessWire, глобалната употреба на VPN мрежите порасна за нешто повеќе од 27% во текот на 2020 година. Најголемата причина за порастот на VPN-от во 2020 година беше наглото зголемување на работата на далечина. Повеќе од 88% од ИТ компаниите ширум светот ги префрлија своите вработени на договори за работа од дома во 2020 година.
Податоците од App Annie покажуваат дека виртуелните приватни мрежи (VPN) доживеале значаен пораст во користењето оваа година.
Овие податоци покажуваат дека речиси 3-ца од 10 корисници/чки на интернет веќе користат VPN барем за некои од нивните активности на интернет, но како и кај многу аспекти на нашето дигитално однесување, сликата значително се разликува од земја до земја.
„Корисниците на интернет во Јужна и Југоисточна Азија најверојатно ќе ги користат VPN мрежите, а повеќе од 4-ца од 10 работоспособни корисници/чки на интернет во Индија и Индонезија велат дека ги користат овие алатки барем дел од времето.“ – се наведува во извештајот за дигиталните трендови.
VPN мрежите денес најчесто ги користат бранителите/ките на човековите права, но и новинарите/ките кои знаат што значи кога некој ќе им ги хакира податоците или ќе им ги загрози изворите на информации.
Глобалниот интерес за пребарување на терминот "VPN" во целиот свет драматично растеше во текот на март 2020 година. Се чинеше дека интересот за VPN како термин за пребарување е најголем меѓу населението на САД и Кина.
Според Ofcom, во Велика Британија повеќе од 39% од луѓето кои користат VPN имаат помеѓу 16 и 22 години, што значи дека се дел од генерацијата Z. Околу 75% од сите корисници/чки вкупно се помлади од 37 години. Тоа укажува дека постарите корисници/чки на интернет можеби не се толку упатени во виртуелните приватни мрежи.
Иако немаме веродостојни податоци за користењето на VPN за сите балкански држави, глобалните податоци и податоците што ги нуди Ofcom за Велика Британија укажуваат на потенцијалните трендови и за нашиот регион.
Најдобрите апликации за 2022 година
Повеќето компании и дигитални експерти/ки ги наведуваат, помалку или повеќе, истите VPN апликации кои ќе останат популарни и во годината што ни доаѓа.
Cnet наведува дека тоа се Express VPN, Surfshark, NordVPN, ProtonVPN, IPVanish, што не се разликува многу од листата што ја нуди PCMag.
ExpressVPN ви дава избор од над 3000 сервери на 160 локации во 94 земји. Неговите пет симултани врски ќе бидат и повеќе од доволни за поголемиот број на претплатници и со фантастичните апликации на Windows, Mac, Android, iOS и Linux (и наменските проширувања за Chrome и Firefox), исто така е многу едноставен за користење на Apple TV, на Roku, на Amazon Fire Stick, на паметните телевизори, на PlayStation и на Xbox.
Услугата веќе користи индустриско стандардно шифрирање и избор на разни други протоколи (вклучувајќи ги IKEv2, OpenVPN и L2TP/IPsec) за да ги заштити вашите податоци. А неговиот сопствен Lightway протокол со отворен код сега целосно е достапен во сите апликации и уште повеќе ја зголемува брзината и доверливоста.
Во моментов понудата за купување на овој VPN е по цена од 6,67 долари месечно, за наредните 15 месеци, со вклучени 3 месеци бесплатно.
Кога станува збор за вашата заштита и заштитата на вашиот интернет идентитет, тука Surfshark е одличен. Surfshark може да се пофали со приватен DNS и со дополнителна безбедносна покриеност преку двоен VPN скок. Интерфејсот е многу едноставен и без некои дополнителни компликации. Сѐ што ќе видите се опциите за 'Брзо поврзување' и 'Сите локации', придружени со иконата Поставки, и ништо друго.
Месечниот трошок за оваа VPN мрежа изнесува нешто помалку од 2,50 долари, со три месеци бесплатно користење. Surfshark нуди поврат на парите во рок од еден месец, давајќи ви доволно време да го испробате пред да се обврзете на подолг период.
NordVPN е еден од најпознатите и најпрепознатливите VPN-ови, за кој веројатно некогаш сте слушнале. Нивоата на безбедност што може да ги понуди NordVPN ги импресионираат нивните корисници/чки. Нудејќи AES-256 како стандард, исто така имате можност да го вклучите неговиот Double VPN систем каде што целиот ваш интернет сообраќај е шифриран не еднаш, туку двапати. Корисно е да знаете каде вашата интернет анонимност е најважна, како кога сте на јавна Wi-Fi мрежа, или можеби, кога користите торенти. Се разбира, и овој VPN вклучува силна заштита од истекување на DNS, прекинувачи за поништување (специфични за апликацијата и за целиот систем), proxy проширувања за пребарувачите Chrome и Firefox како и опции за плаќање кои вклучуваат Bitcoin, PayPal и кредитни картички.
Моментално имате можност по акциски цени да добиете двегодишна претплата која чини 3,29 долари месечно.
Proton во изминатите неколку години значително ги подобри своите стриминг вештини, станувајќи сигурен давател на услуги за заобиколување на гео-ограничувањата кога сте надвор од земјата. Неговата мрежа на сервери порасна од неколку стотици на речиси 2000 и направи значителни подобрувања на своите клиенти/ки и апликации, додавајќи нови функции и поддршка.
Не треба да се грижите за чекањето за поврзување ако се брзате со вклучувањето на ProtonVPN-от, а потоа можете едноставно да го оставите да работи во позадина знаејќи дека нема да ја успори вашата интернет врска.
ProtonVPN плус пакетот сега можете да го добиете по промотивна цена од 4,99 долари месечно за две години.
IPVanish има импресивни статистики, над 40.000 заеднички IP адреси, над 1.900 VPN сервери на повеќе од 70 локации, неограничен P2P сообраќај, неограничени истовремени врски и корисничка поддршка 24/7. Што се однесува до поддршката, можете да ѝ пристапите директно од вашата Android или iOS апликација на мобилниот уред.
Без разлика дали ви е потребен штит за Wi-Fi хотспотот или безбеден пристап до датотеката, овој VPN го нуди тоа. IPVanish VPN и алатките за безбедносно копирање ја поедноставуваат онлајн безбедноста за целиот дом со поставките за десктоп компјутерите, мобилните уреди, конзолите и рутерите.
Доколку го земате пакетот за една година, месечната претплата изнесува 3,2 долари, и секако ви нудат поврат на парите во рок од 30 дена доколку нешто не ви се допадне во овој VPN.
***
Се разбира постојат и некои бесплатни апликации што можете да ги користите. Една таква е особено достапна за новинарите/ките, а за неа пишувавме претходно. Се работи за TunnelBear VPN заштитата која им се нуди бесплатно на новинарите/ките.
Бидејќи новите технологии со себе носат и голем број на безбедносни грижи, користењето на VPN за новинарите станува многу важно. Никогаш не било полесно некој да дојде до вашите податоци или да ги идентификува вашите извори на податоци. Постои голем спектар на начини на кои вашата безбедност и анонимност на интернет можат да бидат загрозени. Во врска со тоа, користењето на VPN може да ви помогне да се заштитите себеси и вашиот медиум од потенцијалните опасности.