LumaFusion: Апликација за мобилно монтирање на видео записи

31.08.2020. / 10:51

MoJo новинарството е реалност на денешната новинарска професија. Поседување на вештини за истражување, пишување, снимање, обработка на фото и видео материјали, и монтирање стана неопходно за секој новинар/ка.  Мобилното новинарство е едно од најбрзите растечки сфери на новинарството.

Порано пишувавме како да се сними одлично MoJo интервју со android и iPhone мобилни апликации, а денес ви претставуваме една апликација која може да ви го олесни монтирањето и да ви го заштеди времето при монтирањето на видео прилози. Со денешната технологија, севкупната работа за монтажа можете да ја завршите и на телефонот.

sd

LumaFusion е моќна алатка за работа врз повеќе видео записи која ја користат мобилните новинари/ки, автори/ки на филмови и професионални видео продуценти/ки за да ги раскажат убедливо видео приказните.

LumaFusion е најпопуларната апликација за обработка на видео записи за iOS, особено за iPhone, Ipad, iPod Touch, но е достапна и за Android уреди. Со помош на оваа апликација можете да уредувате видео записи како професионалци/ки.

Luma Touch во почетокот на 2013 година ја креирале Крис Демирис и Тери Морган со мисија да направат видео апликација на професионално ниво за мобилни уреди која ќе ги користи искуствата кои тие ги имале во светот на дизајнирањето и развојот на видео софтвери.

Ако сте новинар/ка кој/а добар дел од својата работа го работи на телефонот, оваа апликација може да ви помогне вашите видео приказни да ги уредувате и презентирате едноставно и брзо, а финалниот производ да изгледа како да е монтиран во професионално студио. Со видео водичи и бесплатна поддршка што ја нуди, како и со неверојатна заедница на видео ентузијасти/ки и професионалци/ки на LumaFusion форумите ќе ви помогне да станете професионален/на монтажер/ка на видео записи.

Оваа апликација ќе ги покрие сите ваши потреби кои сакате да ги имплементирате во своите видео записи.

Што нуди LumaFusion

За професионалниот видео едитор е важно да се имаат сите потребни функции како видео движења, премин на видеа, зголемување или намалување на брзината на видео записот, додавање на текст во видеото, правење слајдшоу од фотографии, додавање на своја музичка библиотека во видео записи, како и поседување на различни филтри за обработка на видеа. Сето ова го добивате во апликацијата LumaFusion.

LumaFusion ги нуди следните опции за директна обработка на видеото:

  • Поставување на шест ленти за видео, аудио, наслови, графика и фотографии
  • Шест дополнителни ленти за музика, звучни ефекти и раскажување
  • Магнетна временска линија со проширени опции како вметнувања, вметнувања/препишувања (insert/overwrite) и поврзувања на видеа (link/unlink clip)
  • Поседува заглавје за сокривање, заклучување и исклучување на сите ленти
  • Голем број видео премини (video transitions)
  • Прикажување на прегледи на надворешен монитор

sds

Кога е во прашање звукот, LumaFusion поседува:

  • Нивоа на звукот и кадрирање на клучната рамка за совршени миксови
  • Преслушување на миксот додека го приспособувате
  • Двојно приспособување на звукот – исполнување на звукот од десната или левата страна
  • Одберете ги песните од вашата датотека на записи (совршено за снимање на екрани)
  • Додавање на аудио филтри и EQ

Содржи голем број ефекти за обработка на видеа, како што се заматување, бои, пикселизирања. Овозможува целосна корекција на бојата. Со помош на слојните ефекти и боите можат да се создадат бесконечни нови ефекти. Содржи Chroma филтер за зелен екран, син екран, лума тастатура и уште многу работи. Можете да додавате стотици клучни рамки за да го анимирате својот ефект или бојата. Можете лесно да ги видите сите промени во реалното време. Да ги снимате и споделувате однапред поставените поставки за движења и ефекти, како и да ги копирате и залепите ефектите и атрибутите помеѓу исечоците.

Апликацијата овозможува создавање на повеќеслојни наслови со текст, различни форми и слики.  
Можете да го подесите фонтот, бојата, лицето, работ и сенката, да уфрлите нови фонтови преку опцијата „open-in“, да ги снимите однапред поставените наслови или стилови, да ги примените ефектите и премините на движењата за анимирање.

Апликацијата навистина овозможува доста работи што може да биде мошне корисно во денешното занимавање со новинарството. Се надеваме дека и таа уште повеќе ќе ја олесни вашата работа и дека со оваа апликација ќе правите одлични видео прилози, кои уште во текот на монтирањето ќе можете веднаш да ги приспособите за сите типови и формати кои ви се потребни за вебот и за социјалните мрежи.

Ocijenite kvalitet članka