Медиумите и понатаму ги чувствуваат последиците од пандемијата

02.02.2021. / 11:07

Една година откако започнала пандемијата со Ковид-19, многу индустрии и понатаму ги чувствуваат последиците кои таа ги оставила, а меѓу нив е сигурно и медиумската индустрија.

Пандемијата со Ковид-19 уште еднаш ја потврди важноста на јасни, сигурни и точни информации. Во текот на пандемијата публиката им се обраќала на сигурните извори за научни информации за болеста и за нејзиното ширење.

Иако во текот на 2020 година е забележан порастот на корисниците/чките на медиумите, од друга страна е забележан падот од огласувањата, што ги довело во неповолна положба многуте медиуми.

Новиот извештај кој го направиле научниците/чките од Универзитетот Колумбија ги испитува иницијативите од целиот свет кои се создадени со цел „спасување на новинарството“, и ја проценува веројатноста на успехот и ги профилира клучните играчи. Преку достапните информации државите можат да учат една од друга за тоа како да се поддржат квалитетни вести и информации.

Помош за независното новинарство

Се појавија разни напори да се обезбеди итно финансирање, како и долгорочна помош ширум светот. Бројни организации, вклучувајќи ги Google News Initiative, Pulitzer Center, Internews и владините агенции имаат воспоставено итни фондови за помош, од кои многумина се затрупани со пријави.

Уште еден обид да им се помогне на донаторите го прави Глобалниот форум за развој на медиумите (GFMD), кровната организација која координира со бројни медиумски развојни иницијативи. GFMD спроведува различни истражувања и дава препораки како да му се помогне на новинарството во ерата на пост-КОВИД-19, наведувајќи ги можните извори на финансирање.

Марк Нелсон од Центарот за меѓународна помош за медиумите, заедно со Џејмс Дин и Маха Таки од BBC Media Action, работеа врз промоцијата на Меѓународниот фонд за медиумите од јавен интерес (IFPIM), кој би ја распределил развојната помош за поддршка на новинарството и новинарските институции на глобалниот југ. IFPIM го унапредува Luminate во соработка со BBC Media Action, но наскоро ќе биде воспоставен како независна целина.

Нишант Лалвани, генералниот директор на програмата на Luminate Omidyar Network, која годишно троши околу 20 милиони долари за поддршка на новинарството го предложи ваквиот пристап кон категориите за решение:

  • јавни субвенции и владини напори за помош;

  • зголемени средства од фондациите, филантропиите и вложувањата во учиноците;

  • нови деловни модели дизајнирани за да го намалат потпирањето врз приходот од огласувањата;

  • и, најамбициозно од сé, да се натера Big Tech да ги плаќа вестите.

Извештајот покажува дека фондациите биле клучните играчи како во зголемувањето на напорите за финансирање на бесповратните средства за локалните вести, така и во владините партнерства ширум светот за да го обезбедат финансирањето на новинарството.

Нови модели и нови решенија

Како нов деловен модел, оваа студија го дава предлогот на боцванскиот новинар Нтибиниане Нтибиниане „Проект за дигитални трансакции“. Во основата е напорот да се поддржат 20 независни весници ширум јужна Африка додека тие се пренасочуваат на поодржливи дигитални, наместо печатени платформи и тоа е добар пример на модел кој може да се реплицира.

Кога станува збор за плаќање на вестите од страна на големите технолошки компании, истражувањето наведува дека можеби Австралија има вложено најамбициозни напори да ѝ се спротивстави на загубата со воспоставување на новата правна рамка која го користи законот за конкуренција и која би му помогнала на Big Tech да ги плати вестите. Овој нов напор работи врз намалување на неурамнотеженоста која постои помеѓу медиумите и компаниите како што се Google и Facebook.

Новинарството е неопходно јавно добро и треба да се вложат заеднички напори за да се обезбеди тоа да ја преживее пандемијата со КОВИД-19. За иднината на новинарството, да не се најде повторно во ваква ситуација низ идните кризи, ќе биде потребно да се обезбеди повеќеслоен пристап користејќи широка мрежа на решенија кои истовремено ќе дадат финансиска помош неопходна за одржување на медиумите, и ќе постави нови основи за одржлив екосистем на вести кои можат да одат напред.

Ocijenite kvalitet članka