Медиумска пристрасност: Дали сме свесни за пристрасноста и за нејзините последици

12.06.2021. / 08:43

Новинарот/ката  не мора да биде неутрален/на, но мора да биде непристрасен/на.

Колку и да изгледа тешко и неправедно, новинарот/ката е тој/таа кој/а треба да донесе јасна, објективна и прецизна информација во која заклучокот нема да го донесе тој/таа, ниту уредникот ниту медиумот.

Заклучокот го донесува публиката.

Дали се новинарите/ките свесни за пристрасноста?

Дали е оправдано новинарот/ката лицето на кое му се суди да го нарекува балкански крвник?

Или ни е попотребен одговор каква корист од овие епитети или прекари има публиката на која и е потребна информацијата?!

Многу медиуми и новинари забораваат дека новинарот/ката не суди, туку пренесува информации и човечки приказни.

Кога новинарот го изнесува своето мислење, тоа го нарекуваме колумна, коментар, но тоа не го емитуваме во централниот дневник ниту го нарекуваме ударна вест.

sd

Балкански крвнике елемент на пристрасност.

Кога ќе помислите на овој израз, веројатно мислите дека се зборува за Слободан Милошевиќ. Меѓутоа, ако истражувате вести на интернет ќе откриете дека постојат поголем број на балкански крвници и дека овој израз во медиумите лесно се користи. Балкански крвник или Butcher of the Balkans е израз кој се користел многу пред војната од 90-тите, но јавноста на која и е пласирана информацијата не е упатена, но е обземена со страст кога се говори за овие теми. Затоа етикетирањето, дури и на злосторници и фашисти, во дневните вести е лизгав терен.

 

Што е медиумска пристрасност?

Пристрасно известување се медиумските извештаи, чија основна намера не е да пренесат одредена информација, туку одредено лице, група или институција да ги претстават во позитивно или негативно светло. Таквите извештаи по правило ги фаворизираат фактите, ставовите и заклучоците кои одговараат на одреден наратив, додека истовремено се запоставува или се искривува сѐ што во него не се вклопува, се наведува на порталот Raskrinkavanje.ba.

Како што наведуваат “за разлика од лажните вести или дезинформации, кои можат да се јават во вид на само едно тврдење во инаку коректниот извештај, пристрасното известување претежно се однесува на тонот на целиот медиумски извештај, т.е. на севкупниот третман на информациите кои се претставени во една статија или радио/ТВ прилог. Таквите медиумски извештаи можат но и не мораат да бидат неточни, но по правило не ја прикажуваат целата слика и сите страни на приказната која ја пренесуваат.”

Кои се типови на медиумска пристрасност

Понекогаш пристрасноста го одразува свесниот избор на новинарот/ката или на уредникот. Понекогаш е резулатат на обична мрзеливост.

Потребно е многу и концентрирано да се работи за доследно да се произведуваат квалитетни вести. А новинарот/ката под притисок на рокот можеби и не разбира одреден став доволно за да го објасни во својата приказна. Ако експертот кој го повикал не се јави на време, таа перспектива нема да влезе во приказната.

Ништо од наведеното не е валидно оправдување. Работата на новинарот е да изнесе урамнотежена приказна.

Кои типови на непристрасност ги имаме во медиумите?

Неосновани тврдења

Новинарот/ката понекогаш изнесуваат тврдења во своето известување, а не вклучуваат докази кои ги поткрепуваат. Изјавите кои изгледаат како факти, но не вклучуваат конкретни докази се показател на овој вид на медиумска пристрасност.

Спин

Спинот е вид на медиумска пристрасност кој означува нејасен, драматичен или сензационалистички јазик. Кога новинарите/ките ќе ја "завртат" (spin) приказната, се одалечувааат од објективните и од мерливите факти. Спинот е вид на медиумска пристрасност кој го замаглува погледот на читателот/ката, спречувајќи го/ја да разбере што навистина се случило.

Пристрасност со изоставување

Изоставување на едната страна во текот на известувањето не е само пристрасност туку е и манипулација со информациите. Да изнесувате одредени тврдења, а при тоа да не вклучите во информацијата различни мислења и извори етички не е добар пристап.

Пристрасност со етикетирање

Пристрасноста со етикетирање постои во две форми. Првото е обележување на конзервативните групи со екстремни етикети, додека либералните групи остануваат необележани или со поблаги етикети, и обратно.

Другата форма на пристрасност со етикетирање настанува кога новинарот/ката не само што либералот не го препознава како либерал, а конзервативецот како конзервативец, туку го опишува лицето или групата со позитивни ознаки, како експерт“.

Пристрасноста со етикетирање е присутна кога:

  • приказната го обележува конзервативецот, но не и либералот

  • кога приказната користи поекстремни звучни етикети за конзервативците отколку за либералите ("ултраконзервативни", "крајно десни" и "тврдо десни", но само "либерални" наместо "крајно лево" и "тврдо лево")

  • кога приказната двосмислено ги идентификува либералниот функционер или групата какоекспертилинезависна организација

Пристрасност според позицијата

Се појавува ли приказната во горната половина на насловницата или е закопана назад со некролозите и хороскопите? Се појавува ли на насловницата на порталот или како ударна вест?

Уредниците на вестите имаат влијание на поставувањето на приказните. Веста која ја сметаат за најважна или најверојатно е дека ќе ги продаде весниците оди "над преклопот" (above the fold) на насловната страница. На овој начин насловот може да се прочита додека весниците стојат на сталакот или кога само ќе ја отворите насловницата на порталот без кликнување на веста.

Помалку важните приказни одат на долната половина на првата страница, на втората страница...

Образецот за поставување на вестите се користи за да се намалат информациите кои поддржуваат одредени ставови.

Пристрасност според сместувањето може да се случи и кај телевизиските или радио вестите. Но многу е полесно да се препознае оваа форма на пристрасност во весниците и на порталите каде поставувањето на приказната на насловната страница или “некаде во масата” создава динамичен контраст.

Пристрасност со избор на извор

Вклучување на повеќе извори во приказната кои се поддржуваат еден со друг. Оваа форма на пристрасност може да се забележи и кога новинарот користи фрази од типот "експертите веруваат", "набљудувачите велат" или "поголемиот број луѓе мисли".

Кога известувачот вели "поголемиот број на експерти верува..." често мисли: "Јас верувам..."

Цитирањето на името на експертот не мора да влијае на веродостојноста на приказната, затоа што новинарот/ката може да избере било кој "експерт".

Сведоци сме на вакви примери секојдневно затоа што се бараат изјави од луѓе кои не се ниту стручни ниту компетентни да зборуваат за одредени теми, но сепак зборуваат.

dsa
Мунира Субашиќ: Изборите во Сребреница треба да се поништат
 
На прашањето како го коментира фактот дека во аферата околу местењето на изборите се спомнуваат и имиња на одделни Бошњаци, Субашиќ одговорила:
„Не сум само разочарана, туку сум тажна и лута. Тажна сум што во врска со тоа се доведуваат Бошњаци, луѓе кои самите го преживеале геноцидот. Зарем може некој да управува со нечиј мозок? Не постои ништо на светот што може да ми каже дека е различно за Сребреница во однос на тоа што сум го преживеала. Јас ќе се држам до тоа. Никогаш нема да дозволам вистината да стане лага, ниту лагата вистина. За тоа ќе се борам до крајот на животот.“
Фадила Ефендиќ, претседател на Здружението “Мајките на Сребреница“, која исто така е една од потписничките на молбата упатена до ЦИК, исто така смета дека изборите во Сребреница треба да се поништат, потоа да се повторат, а сите кои биле вклучени во манипулациите да бидат казнети на соодветен начин.
„Неправдата мора да излезе на виделина, изборите мора да се повторат, од повеќе причини. Граѓаните излегле на избори во голем број, меѓутоа резултатите покажале нешто сосема друго, поради неправдата која му е направена на бошњачкиот кандидат“, навела Ефендиќ.  

Пристрасност според изборот на приказни

Образецот со кој се истакнуваат вестите кои се совпаѓаат со настаните или со ставовите на едната опција, занемарувајќи ги приказните кои се совпаѓаат со спротивното стојалиште.

Како и со пристрасноста  со изоставување, за да препознаете пристрасност со избор на приказна, мора да знаете:

  • настани кои ги загрижуваат двете страни

  • колкава е покриеноста со конзервативни прашања во споредба со прашањата на либералниот дневен ред. Ако либералната група изнесе студија која ја докажува либералната точка, погледнете колкав опфат добила во споредба со конзервативната студија која е објавена претходно.

Ако против двете страни со приближно еднаква моќ, се изнесуваат обвинувања, споредете го количеството на известување за нив.

Што не е медиумска пристрасност

Тоа што не е пристрасност спаѓа во три категории:

  1. Уредничките статии или колумни

  2. Приказните или изјавите поради кои едната страна изгледа лошо, но се точни

  3. Приказните за одреден настан кои не мораат да даваат рамнотежа на настанот

Кога се пристрасни, новинарите/ките не ја работат својата работа. Наспроти тоа, уредниците и колумнистите би требало да заземаат стојалиште.

Ocijenite kvalitet članka