Метаподатоци на фотографиите: Зошто е важен стандардот и како тој се применува во секојдневната практика

12.08.2022. / 11:55
Автор/ка
Metadata words with photos on the rope
Foto+Metapodaci (Mashup)
Metadata words with photos on the rope

Кој е сопственик на фотографијата во вестите, дали е дозволено таа да биде пренесена заедно со вестите, дали лицата со попреченост знаат за што “зборува” фотографијата?

Дали ние, покрај сите предизвици во редакцијата, мораме да посветиме толку внимание на она што се нарекува метаподатоци на фотографијата?

Што се метаподатоци на фотографиите?

Метаподатоци на фотографијата се збир на податоци што обезбедуваат информации за авторските права и за администрацијата на фотографијата.

Тие овозможуваат пренос на информациите со датотека со слики, на начин на кој и софтверот и луѓето можат да го разберат тоа.

Постојат 3 главни категории на податоци:

  • Описни – информации за визуелната содржина. Ова може да вклучува наслов, опис на фотографијата, клучни зборови. Лица, локации, претпријатија, уметнички дела или производи што се прикажани на фотографијата. Ова може да се направи со помош на бесплатен текст или со кодови.
  • Авторски права – идентификација на креаторот на фотографијата, информации за авторските права, заслуги и основни права на визуелната содржина, вклучувајќи ги правата на моделот и на сопственост. Понатамошни услови за користење на правата и други податоци за лиценцирање на користењето на фотографијата.
  • Административнидатум и место на создавање, упатства за корисниците/чките, идентификатори на работни места и други детали.

Метаподатоците се важни за идентификација и за заштита на авторските права. Тие се важни за полесно пронаоѓање на дигиталните фотографии на пребарувачите и за следење на користењето на фотографиите. 

Зошто се важни стандардизираните метаподатоци?

Постојат многу различни видови на соработка во фотоиндустријата, од фотографи кои работат во новински организации, фотоновинари, визуелни уметници, сѐ до слободни новинари (фриленсери) кои работат со агенциите и со медиумите. Сите сакаат да бидат сигурни дека се почитуваат нивните авторски права и дека ќе им се даде признание за содржината што ја создале.

Покрај авторските права, употребата на стандардизирани форми на метаподатоци спречува deepfake и ширење на лажни информации, бидејќи врз основа на податоците што се наоѓаат во датотеката ние знаеме кога нешто се случило. Стандардот IPTC Photo Metadata се обидува да го реши ова со вградување на поле за метаподатоци во фотографијата.

Со ваквата практика, манипулацијата со фотографијата се сведува на минимум.

Или може да се намали доколку оваа практика се применува во медиумите. Во истражувањето, спроведено од компанијата Imatag во 2018 година, биле анализирани повеќе од 50.000 фотографии на преку 750 различни медиумски веб страници ширум светот.

Fotografija daje pregled statistike upotrebe metadpodataka za 23 mrežna mjesta u Evropi i Sjevernoj Americi

Деталната анализа откри дека само 8% од медиумите ги чуваат податоците што можат да се употребат за идентификување на авторот или на дистрибутерот на фотографијата.

На некои веб страници, авторите на фотографиите се наведени на страницата (во HTML), но метаподатоците сепак се избришани. Кога сликата се копира на други страници (легално или нелегално), нема гаранција дека авторските права ќе бидат зачувани и наведени.

Од каква корист му/ѝ се стандардизираните метаподатоци на просечниот/та посетител/ка на медиумот?

Кога зборуваме за метаподатоците, акцентот се става на авторските права и на податоците за автентичноста на фотографијата. Ова се информации кои не го интересираат (премногу) просечниот посетител на еден портал за вести.

Важен аспект на метаподатоците е ALT ознаката и пристапноста до фотографиите на веб страницата, а токму тоа е делот што најмногу им значи на читателите/ките. ALT ознаката е краток текстуален опис на целта и на значењето на фотографијата до која може да се пристапи со помошна технологија или може да се прикаже кога сликата е оневозможена во пребарувачот. Овој опис не смее да надмине 250 знаци.

Пример за огромната важност на овој формат на информацијата и показател за тоа како ALT ознаката на една фотографија стана вест во целиот свет е неодамнешната објава на NASA на фотографиите од вселенскиот телескоп James Webb
 

ALT atributr James Web foto

ALT ознаката на фотографијата е долга дури 975 знаци, што е невообичаена практика.

Тимот кој вклучуваше писатели, дизајнери, научници и едукатори, работеше на составување на пакетот на слики што ги виде јавноста, а алтернативниот текст не беше последователна мисла,  кажа Tim Rhue, главниот експерт за неформално образование на Научниот институт за вселенски телескоп. Тој кажа и дека тимот ги видел фотографиите само една недела пред јавноста. Но, тие ги поминаа претходните две години дискутирајќи за пристапноста и работејќи со консултантска агенција за изработка на книга на стилови на алтернативниот текст. 

За време на овој процес, тие вежбале пишување на описи и научиле што не функционира.

“Мислев дека должината е многу важна работа. Тоа е вообичаена заблуда", кажал Rhue. Тој укажал на изреката ‘сликата вреди илјада зборови’ и кажал дека на “овие слики им се потребни многу повеќе зборови од тоа за целосно да се опишат."

Дали фотографијата мора да има метаподатоци?

Не мора.

Не постои закон кој ќе ги обврзува медиумите нивната содржина да ја направат достапна на секој/а читател/ка и на пребарувачите што тие ги користат. Ако описот на фотографијата не постои, поради потешкотии, поради лоша интернет конекција и поради проблеми на веб страницата, вашата фотографија може да биде само квадратче.  

Kada nema ALT atributa

Дали покрај тоа квадратче ќе стојат оние 250 знаци кои ќе ја комплетираат веста кога и е тоа оневозможено на фотографијата, останува на уредничката политика.

Етиката и желбата да ја информирате секоја личност на која и е потребна информација, може да биде поттик за создавање на достапни, проверени безбедни податоци за секоја медиумска содржина што ја консумираме и за авторот кој со своето име и интегритет стои зад таа содржина.

Кога тоа ќе ни стане секојдневна практика во редакцијата, тогаш можеме да го наречеме тоа користење на стандардизирани метаподатоци.

Оценете го квалитетот на статијата