Напредно пребарување на X (Twitter): Клуч за информирано истражувачко новинарство

28.09.2023. / 12:33
Автор/ка
twiiter x
twiiter x

Врската помеѓу социјалните мрежи и новинарството се одржува и се развива веќе долга низа години. Влегувањето во дигиталната ера за новинарите/ките значеше можност за користење на онлајн алатките за да ги соберат релевантните податоци и информации кои ќе ги збогатат нивните приказни. Социјалните мрежи се една од овие алатки кои им овозможуваат на новинарите брзо и лесно да дојдат до потребните податоци и информации за настаните и за луѓето.

Како што Chris Benevento објасни во еден од нашите претходни текстови, социјалните медиуми се многу повеќе од споделување на приказната - тие се приказната, меѓутоа, нивната употреба во областа на истражувачкото новинарство најчесто се занемаруваили не е претставена на вистинскиот начин. Chris објасни како да се искористи потенцијалот што го нуди Instagram, а денес ќе се обидеме да одговориме на прашањето како да се искористат и да се подобрат техниките за напредно пребарување на објавите на X (порано познат како Twitter), и како различните напредни техники за пребарување кои се достапни можат да им помогнат на новинарите/ките да нурнат подлабоко во светот на социјалните мрежи за да создадат богати и информирани приказни.

Користењето на X (Twitter) во истражувачкото новинарство

X, како социјална мрежа, спаѓа во категоријата на OSINT извори. За тоа како да се планира и да се спроведе истражување со користење на OSINT алатките, како и совети за тоа како можете да го користите Twitter во новинарството, зборувавме претходно. Огромната база  на податоци, можноста за следење на настаните и на вестите во живо, доведе до тоа X (Twitter) да стане една од клучните алатки за новинарите/ките кои се занимаваат со истражувачко новинарство. Можноста за следење на настаните додека тие се одвиваат е од суштинско значење за известувањето за итните настани и за развојот на приказните. Покрај тоа, достапноста на X (Twitter) на глобално ниво, значи и пристап до информациите, ситуациите и луѓето ширум светот.

Некои од основните начини на кои сите новинари/ки можат да го користат X (Twitter), вклучуваат пронаоѓање на стручни извори, односно луѓе со кои можете лесно да стапите во контакт и да разговарате за темата што ја истражувате. Покрај тоа, X овозможува и да се дојде до сведоци на определен настан што се случил или е сѐ уште во тек. X во голема мера го олесни и доаѓањето до луѓе кои можат да понудат разновидни перспективи и информации, кои имаат различни професии и позадини, што обезбедува разновидност на изворите кои можат да ги збогатат истражувачките приказни.

Огромниот потенцијал што го нуди оваа социјална платформа во истражувачкото новинарство веќе одамна е препознаен, особено ако се комбинира со другите знаења како што е геолокацијата, за што претходно сме зборувале. Еден од примерите за ова е и откривањето на приврзаниците на милитантниот култ Daesh (приврзаници на  ISIS) кои објавуваа фотографии од рачно напишани пораки за поддршка откако нивниот портпарол објави аудио порака. Меѓутоа, многу од овие фотографии содржеа траги кои ја откриваа локацијата на лицата што ги објавија. Истражувачите ги користеа овие траги за да пронајдат четири локации, вклучувајќи ги Минстер (Германија), Париз (Франција), Лондон (Велика Британија) и Хофдорп (Холандија), каде што биле направени овие фотографии. Соработката на X (Twitter) и употребата на достапните информации помогнаа во следењето на овие локации.

Можностите што ги нуди напредното пребарување на X (Twitter)

За целосно да се искористи потенцијалот што го нуди X (Twitter), потребно е да се знае како да се филтрираат огромните количини на содржина на оваа социјална мрежа и да се дојде до оние информации и податоци што нам ни се потребни.

Клучот за ефикасно истражување на X (Twitter) се наоѓа во напредното пребарување. Стандардното пребарување на X (Twitter) може да биде ограничено, но X нуди голем број на напредни техники кои им овозможуваат на корисниците/чките прецизно да ги филтрираат информациите и да дојдат до релевантните податоци.

Како што е прикажано на снимките од екранот кои ги презентираме во продолжение, напредното пребарување на X ги нуди следните категории за пребарување:

Пребарување по клучни зборовиоваа опција нуди низа на различни можности за пребарување која ги нуди следните можности:

  • Сите овие зборови вклучете ги во вашето пребарување сите зборови кои ги сметате за клучни во вашето пребарување. Ако ги внесете зборовите климатски промени, резултатите ќе ги вклучуваат зборовитеклиматскиипромени“.
  • Токму овој терминако внесете климатски промении ги ставите меѓу наводници, резултатите од пребарувањето ќе бидат фокусирани само на тој термин;
  • Кој било од овие зборови наведете ги сите зборови што ги сметате за релевантни за истражувањето со кое се занимавате. Сите зборови што ќе ги внесете ќе бидат прикажани во резултатите од пребарувањето;
  • Ниту еден од овие зборовиги исклучува од пребарувањето зборовите кои не сакате да бидат прикажани во резултатите од вашето пребарување;
  • Овие хаштаговиовозможува резултати што ќе ги прикажуваат сите објави што го содржат хаштагот што сте го напишале;
  • Јазиковозможува пребарување по кој било јазик или по саканиот јазик што сами ќе го изберете.
x twitter
Илсутрација {C}{C}1{C}{C} – Приказ на прозорецот за напредно пребарување на X (Twitter)

Пребарување по налозиоваа опција овозможува подлабоко и потемелно истражување на корисничките налози кои се регистрирани на Twitter, а го вклучува следново:

  • Од овие налози ако сакате да ги видите сите објави што се објавени од определен налог, овде го впишувате точното име на корисничкиот налог;
  • На овие налозиако сакате да ги видите одговорите што се испратени на определени кориснички налози, во ова поле го впишувате точното име на налогот од интерес;
  • Спомнување на овие налозивпишувањето на името на корисничкиот налог во ова поле резултира со објави во кои други корисници го спомнале корисничкиот налог што го истражувате.

x twitter
Илустрација {C}{C}2{C}{C} – Напредно пребарување на налозите на X

Напредното пребарување исто така овозможува и вклучување/исклучување на следниве филтри:

  • Одговориовозможуваат филтрирање на објавите кои ќе ги вклучуваат одговорите и оригиналните Tweet-ови, или само одговорите;
  • Линковиовозможува филтрирање на објавите кои ќе ги вклучуваат Tweet-овите со линкови, или кои ќе ги прикажат исклучиво Tweet-овите што имаат линкови.
x twitter
Илустрација {C}{C}3{C}{C} – Филтри за пребарување на налозите на X

 Вашето пребарување можете попрецизно да го одредите и според ангажманот на публиката (engagement). Овој начин на пребарување може да биде многу корисен, особено ако сакате да стигнете до оние објави кои имаат голем број на одговори, лајкови и споделувања. Имено, имате можност вашето пребарување да го прецизирате на следниов начин:

  • Минимален број на одговориго впишувате саканиот број;
  • Минимум лајковиобјавите кои содржат помалку лајкови од бројот што ќе го внесете, нема да се прикажуваат во резултатите од пребарувањето;
  • Минимум споделувања (retweets) – го определувате минималниот број на споделувања.

Проучувањето на интеракциите помеѓу корисниците на X (Twitter) може да обезбеди дополнителни увиди. Значи, анализата на одговорите на определена објава може да ги открие мислењата и ставовите на корисниците за одредена локација или настан.

twitter

На крајот, напредните пребарувања на X (Twitter) ви овозможуваат и пребарување по датум. Имате можност во предвидените полиња за тоа да го внесете периодот на кој се однесува вашето пребарување. Со изборот од кој до кој месец, ден или година сакате да се прикажуваат вашите резултати од пребарувањето во голема мера може да ви помогне да дојдете до настаните, луѓето или местата кои се важни за вашата истражувачка приказна. Ова е корисно ако сакате да го следите развојот на настаните за време на определен временски период или ако истражувате настани кои неодамна се случиле.

x twitter
Илустрација {C}{C}4{C}{C} – Ограничување на напредното пребарување на X (Twitter) според временскиот период

о комбинирање на прецизни пребарувања, следење на релевантните резултати и анализата на содржината, новинарите/ките можат брзо да пристапат до важни информации и да известуваат за актуелните настани. Важно е дека на користењето на X (Twitter) во истражувачката работа треба да му пристапите одговорно и со почитување на правилата за приватност и авторските права за да се обезбеди етичко и професионално известување. Сепак, користењето на напредните техники за пребарување може да им помогне на новинарите/ките, во морето од Tweet-ови што се објавуваат секој ден, да го пронајдат токму она што им треба за квалитетна истражувачка приказна.

Оценете го квалитетот на статијата