Новинарките и новинарството: Денешните предизвици на родовата нерамноправност и родово трансформативниот пристап како одговор

29.03.2024. / 13:21

Иако е постигнат одреден напредок на полето на рамноправноста на жените во медиумите, новинарките и понатаму наидуваат на пречки во нивната секојдневна работа, вклучувајќи го и недостатокот на можности за напредување, разликите во платите, недостаток од препознавање на нивните придонеси и стереотипи кои ги маргинализираат. Онлајн насилството сѐ повеќе станува сериозен проблем за новинарките , кое често вклучува онлајн  малтретирање, закани и напади врз нивниот професионализам и интегритет.

Овој проблем сè повеќе го добива заслуженото внимание, но соочувањето со последиците и спречувањето на негативното влијание што го има врз животите на новинарките, но и на новинарите и понатаму останува предизвик со кој многу медиумски организации штотуку почнуваат да се занимаваат.

Повеќе за оваа тема прочитајте во текстот

Последиците од онлајн насилството врз менталното здравје на новинарките

Патријархатот е длабоко вкоренет во сите сфери на животот, па ниту новинарството не е изоставено. Проблемите со кои се соочуваат жените, од вознемирување, присуство на стреотипи, објективизација, насилство, дискриминација, нерамноправна положба, го отежнуваат нивниот напредок и ги ставаат жените во позиција да мораат двојно, а понекогаш и повеќекратно, повеќе да се трудат и да се докажуваат за воопшто да бидат препознаени.

 

Состојбата со жените на лидерските позиции во медиумите сè уште заостанува зад очекувањата. Иако се зголемува свеста за потребата од поголем број на жени на места каде што се одлучува, бројот на жени на високи позиции во медиумите останува релативно низок.

 

Во истражувањето на Институтот Reuters за 2022 година беше анализирана родовата структура на главните уредници/чки на примерок од 240 главни онлајн и офлајн медиумски куќи на 12 различни пазари на пет континенти.

 

Само 21% од 179 главни уредници во 240 медиумски брендови се жени. Во просек 40% од новинарките на 12 пазари се жени. Минатата година оваа бројка беше 22% на истите пазари.”се наведува во истражувањето.

 

Предизвиците се рефлектираат и во пречките со кои се соочуваат жените кои ги водат бизнисите.

 

USAID CATALYZE Engines of Growth (EoG) Активност на Западен Балкан неодамна покрена регионални настани на кои се разговараше за пречките со кои се соочуваат бизнисите што се во сопственост на жени во пронаоѓањето и пристапот до соодветното решение за финансирање на нивното работење.

 

Во земјите од Западен Балкан, малите и средните претпријатија сочинуваат 99 отсто од претпријатијата во шест економии (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, С. Македонија, Србија). За да го одржат и да го развијат нивното работење, на малите и на средните претпријатија им треба пристап до капиталот. Сепак, многу мали и средни претпријатија во сопственост, под водство и управување на жени ги немаат потребните информации и пристап до финансирање, што резултира со неискористен потенцијал за економскиот раст на земјата.” – беше истакнато на овие настани.

 

Повеќе за видливоста на нееднаквоста на жените во медиумите и на лидерските позиции прочитајте во статиите:

Нееднаквоста на жените и мажите во новинарската професија е видлива

Жените на лидерските позиции и во сопственичката структура на медиумит

 

Сепак, постојат позитивни примери и напредок во земјите од Западен Балкан. Кога зборуваме за 16-те клучни медиумски партнери на BMAP FORWARD, ситуацијата е значително подобра.

 

sads

 

Одговор на нееднаквоста и стереотипизацијата на жените во медиумите

 

Како одговор на овие предизвици, медиумите треба да усвојат родово трансформативен пристап. Овој концепт препознава дека родовите стреотипи, нееднаквоста и дискриминацијата се вкоренети во структурата на медиумите и на општеството и дека е потребна системска акција за да се промени оваа состојба.

 

Најчесто внатрешната организациска структура е местото што најдобро ја илустрира родовата нерамноправност преку позициите на моќ и носителите на одлуки. Нееднаквите можности се одразуваат на сите аспекти на делувањето, често оставајќи ги жените во позадина.

 

Родово трансформативниот пристап во медиумите подразбира промена на начинот како работат медиумите, како се претставуваат жените во медиумите и како се користи медиумскиот простор за промовирање на родовата рамноправност.

 

Конкретно, ова може да вклучува промени во политиките за вработување кои промовираат разновидност, обезбедување на еднакви плати за еднаква работа,  зајакнување на жените да ги заземат лидерските позиции, зајакнување на новинарките да известуваат за разновидни теми и унапредување на позитивни и инклузивни слики на жени во медиумите.

 

Родово трансформативниот пристап во медиумите бара соработка на сите учесници, вклучувајќи ги новинарите/ките, уредниците/чките, менаџерите/ките, креаторите/ките на политиките, но и публиката. Дури преку заедничкиот напор можеме да постигнеме поправедно и поизбалансирано медиумско окружување кое ја одразува реалноста и потребите на сите членови на општеството.

 

Повеќе за овој пристап прочитајте во публикацијата Родово трансформативната комуникација во медиумите: Пат кон инклузивност и рамноправност. Публикацијата е достапна на БХСЦГ и на англиски јазик.

 

А по читањето на публикацијата, тестирајте го вашето разбирање на оваа тема преку краток квиз на знаење.

 

 

Оценете го квалитетот на статијата