Новинарско раскажување во дигиталното време

04.11.2020. / 15:11
Share
Novinarsko pripovijedanje u digitalnom vremenu
Novinarsko pripovijedanje u digitalnom vremenu
Novinarsko pripovijedanje u digitalnom vremenu

Многу новинари/ки влегле во новинарската професија токму поради љубовта кон раскажувањето. Раскажувањето на приказни е мошне добар начин за размена на факти, идеи и уверенија. Тоа е одлична алатка преку која се доаѓа до публиката и нејзиното уверување во она длабоко ниво кое раскажаната приказна го нуди преку раскажувањето.

Новинарите/ките истражувале повеќе начини на кои раскажувањето приказни може да дојде до нивната публика за истото да го привлече вниманието на публиката. Меквејл (Media Performance, 1992,) наведува дека вестите не се непристрасни или објективни. Тој исто така наведува дека вестите се производ на општествено влијание, бидејќи крајниот резултат е селективен процес. Пред сé новинарите/ките при изборот на темите и аголот на приказната, а потоа уредниците/чките одбираат и просудуваат кои настани се доволно важни за нивниот медиум и она што тие сакаат да го покриваат.

Но токму низ идејата на раскажувањето во новинарството дојдено е до наративно новинарство и  новинарство на долгите форми. Овој вид новинарство за разлика од директни вести, кои даваат основна приказна, кој, што, каде, кога и зошто, нудат наративни вести кои се подолги и му овозможуваат на новинарот/ката да употреби повеќе елементи на прозно пишување. Приказните кои се сметаат за наративно новинарство најчесто се појавувале во минатото во магазините, и  му/ѝ дозволуваат на новинарот/ката да ѝ пристапи на темата на различни начини.

Дигитално раскажување

Од историска перспектива, новинарството секогаш се наоѓало во потрага по различни начини на комбинирање на мултимедиумските формати како средство за создавање на уверливи приказни. На пример, на почетокот на 20-тиот век, технолошкиот напредок им овозможил на новинарите/ките експериментирање со аудиовизуелните формати.

Новинарската индустрија поминува низ постојани промени, а ова е дефинитивно периодот во кој улогата на дизајнот и визуелното раскажување на приказни е поважна од кога било порано. Дизајнерите/ките на вестите се важен дел од секоја модерна редакција. Некогаш приказните за весниците и списанијата биле обликувани на начин кој овозможувал слободен проток на текстот. Приказната би била впарена со грозд на фотографии или пред или на крајот од приказната. Реткост било тие фотографии да бидат во средината на текстот, бидејќи се верувало дека така ја прекинуваат нишката на читањето.

Денес визуелниот изглед на приказната е сé повеќе важен. Дизајнерите/ките кои работат со новинарите/ките во текот на раните фази од истражувачкиот процес, однапред даваат уште една, нова, димензија на приказната. Тие бараат многу повеќе фотографии, мапи или видеозаписи за да направат целосно визуелно уживање за публиката. Денес, неретко самиот/а новинар/ка веќе ги има овие вештини и тој/таа си е и самиот/ата свој/а дизајнер/ка.

Медиумите како The New York Times или The Washington Post, се исклучително добри во дигиталното раскажување. Една од таквите приказни, иако настанала пред четири години дава одличен пример како изгледа раскажувањето кое ја вклучува дизајнерската поддршка преку видео и фотографии. Новинарката на New York Times Ен Бернард низ својата приказна за Алепо го доведува читателот/ката во сржта на настанот и не ги остава рамнодушни. А тоа е целта на новинарското раскажување. Да се вдахнови душата во текстот и да се разбудат емоциите кај читателите/ките.

Уште еден многу важен сегмент на денешните дигитални раскажувачки приказни е и приспособување на форматот за различни дигитални уреди. Голем број публика ги чита вестите преку своите мобилни телефони и секој медиум, без оглед дали пренесува класични вести или работи врз различни раскажувачки приказни збогатени со мултимедијални форми, мора да го има тоа предвид.

Добар пример за таква приказна е приказната на The Guardian за подемот на deep fake вестите. Во оваа паралелна поставка, читателот/ката има можност да продолжи да го чита текстот или истиот да го збогати со покренување на видео и аудио записи или различни интерактивни алатки.

Medium.com кон крајот на 2019 година распрашувајќи се што е следното за професионалните визуелни раскажувачи/ки се осврнал врз фактот дека во последните десет години станало јасно дека визуелното раскажување е составен дел од текот на работата на кој било медиум, но дека сé уште многумина не ги сфатиле во целост најдобрите практики.

Важноста на раскажувачките приказни потковани со мултимедијална содржина значи одржливост на денешните медиуми на пазарот, ја зголемува читаноста/гледаноста и носи профит. 2020 година веќе ни е на заминување и таа донела низа непредвидливи, нови начини на комуницирање, кои не ни можевме да ги замислиме предвидувајќи ги трендовите во новинарството кон крајот на минатата година. Останува да видиме кои начини на раскажување нé очекуваат во 2021 година.

А за крај ви нудиме неколку техники на раскажувачко новинарство кои можат да ви бидат корисни.

1.    Креирајте простор за слушање

За да се раскаже приказната, потребно е да се даде простор за опфаќање на сето она што една раскажувачка приказна треба да го поседува. Тоа не е едно интервју, тоа е истражување од повеќе агли и претставување преку наративно пишување.

2.    Раскажување со ум и со срце

Раскажувачките приказни се раскажуваат со поетски јазик. Претставете го сето она што сте го дознале така што ќе му вдахнете душа, бидејќи единствено така можете да ѝ ја пренесете емоцијата на публиката.

3.    Раководете се од наративот

Прекрасни дигитални приказни се вкоренети во нивната нарација. Убавината на дигиталната приказна е во тоа што сите оние усни приказни можете да ги претставите  преку уметноста на наративно пишување.

4.    Засилете ја раскажувачката приказна со фотографии и видеа

Извонредни фотографии и видео прилози ги поврзуваат елементите од приказната, го хуманизираат резимето и ја присилуваат публиката да ги види невидливите луѓе и местата. Сликите се влез во душата на приказните.

5.    Гуглајте привлечни наслови и инспирирајте се да си го напишете вашиот

Објаснете им на читателите/ките за што ќе зборувате во својата приказна преку насловот. Треба да се биде привлечен и да се сугерира вредноста. Би требало да се дадат одговори на прашањето зошто да се прочита вашата приказна и што публиката би требало да очекува.

6.    Разгледајте го повеќеслојниот дизајн

Дизајнот е раскажување. Имајте на ум дека традиционалниот начин на читање повеќе не се користи. Луѓето обично ја прелистуваат вашата содржина скокајќи од наслов до наслов. Секако обезбедете шармантен дизајн за своите централни содржини за да ја привлечете публиката.

Ocijenite kvalitet članka