Перуџа принципи: Прирачник за заштита на свиркачите

19.05.2023. / 09:14
Автор/ка
Share
whistleblowers
whistleblowers

Принудени сме да се однесуваме како шпиони, мораме да учиме шифрирање и сите нови начини на заштита на изворите, раскажа James Risen, виш дописник за национална безбедност на The Intercept, кој често пишуваше за тајните владини активности.

Во фантазијата на јавноста, новинарите/ките кои работат со свиркачите/ките носат темни мантили, одржуваат состаноци во гаражи и на скриени места, растенијата во саксиите се претворени во сигнали.

Денес е поголема веројатноста дека интеракцијата на новинарите/ките со свиркачите/ките ќе биде во четовите на Signal или Telegram отколку во темните гаражи. А тоа ги промени условите на често збунувачки начини.

Но, ние не сме разузнавачка агенција.” – продолжува Risen. Ние всушност не сме шпиони. Инаку, ќе дојде време кога можеби ќе згрешите или ќе направите нешто што нема совршено да го заштити изворот. Ова е навистина тешка работа. Тоа е навистина опасно за сите.”

Ова е размислување на новинар кој поради неговите истражувања за високите функционери во

владата беше судски гонет.

Неговите стравови не се неосновани.

Последиците од откривањето на корупцијата за новинарите/ките и свиркачите

На Меѓународниот новинарски фестивал во Перуџа покрената е иницијативата Working With Whistleblowers in the Digital Age, како и јавни консултации и тркалезна маса на која учествуваа некои од највлијателните светски истражувачки новинари, заедно со лидерите на организациите кои ги поддржуваат.

James Risen, поранешен дописник на The New York Times за национална безбедност, кој се соочи со затворска казна додека се бореше за да ги заштити неговите извори од разоткривање во долготраен судски процес, сега го води известувањето за националната безбедност за The Intercept. Свесен за опасностите со кои се соочени новинарите/ките и свиркачите/ките, тој ја истакна потребата да се постапува кон свиркачите/ките со почит и со достоинство.

Тој ја нагласи важноста на продолжувањето на изградбата на способноста за дигитална одбрана меѓу новинарите и изворите. Но, исто така го сврте вниманието од потребата новинарите/ките да се вратат на основите на аналогната ера. Способноста на владите да ги следат новинарите/ките и нивните извори е главно сајбер. Затоа степенот до кој ќе научите лично да ги запознавате изворите и да излезете од мрежата и всушност да разговарате со луѓето лице в лице, ќе биде од клучно значење за да продолжите да помагате. Тоа е првиот чекор што треба да го преземете за да го заштитите вашиот извор", рече Risen.

Неговата борба со судовите не е изолиран случај.

На конференцијата Dark Havens, која во соработка со Transparency International ја организираше Disruption Network Lab, берлинска платформа за настани и истражувања кои се насочени кон пресекот на политиката, технологијата и општеството, организираше панел насловен како "Замолчени од властите: анти-корупциските новинари и свиркачи соочени со насилство и прогон."

Координативното тело беше сосредоточено на приказните на тројца истражувачки новинари/ки и свиркачки/ки кои се соочиле со одмазда за нивната работа.

Pelin Ünker је презентираше нејзината ситуација како единствена новинарка која се соочила со обвиненија за известување за Документите од Панама (Panama papers), а која сè уште отслужува затворска казна во Турција поради известувањето за бродските компании на семејството на поранешниот премиер основани како 'офшор' компании на Малта.

Истражувачката и телевизиска новинарка Khadija Ismayilova, под забрана за патување во Азербејџан, испрати видео снимка во која детално ги опишува нападите што ги изнела владата против неа, од шпионирање и уцена, преку затвор, до измислени обвиненија. "Се чувствував како владата на Азербејџан да ги проектира нејзините злосторства врз мене."

Stéphanie Gibaud, свиркачка на UBS од Франција, ја опиша нејзината измината деценија како од ноќен кошмар, која започнала откако таа одбила да ги избрише датотеките во кои детално е  опишано како нејзината работа во одделот за односи со јавноста во француската филијала на една швајцарска банка била користена за префрлање на банкарски сметки 'офшор' во Швајцарија каде што ќе подлежат на пониски даноци.

Години подоцна, откако банката ја малтретирала и поднела тужба до француското Министерство за труд, ѝ се обратило Министерството за финансии и тие ја ангажирале како таен сведок.

Stéphanie е пример за тоа како може да се направи штета во животот на свиркачот/ката кога оние кои дејствуваат врз основа на нивните информации не им обезбедуваат доволна заштита.

Нејзиното име протекло во медиумите, кои го откриле нејзиниот идентитет. Доживувајќи, како што вели, 'социјална смрт' и продолжена невработеност, таа напишала книга обидувајќи се да укаже на колективната несреќа на свиркачите. Делумно како резултат на таа книга, минува од еден во друг судски спор, од кои некои сè уште се во тек.

Приказната на новинарката што ја доби анти-корупциската награда за 2018 година, не успеа сама да ја раскаже. По убиството на Daphne Caruana Galizia, нејзините синови нагласија дека надлежните институции не се ангажирале доволно во истрагата за нејзиното убиство.

Прогоните, заплашувањата и убиствата не се сценарија што се случуваат во некои големи земји со авторитарни политички режими.

Новинарите на Балканот секојдневно доживуваат прогони и заплашување. Само затоа што се трудат со нивната работа да го направат општеството подобро.

20 Перуџа принципи кои им помагаат на новинарите/ките да ги заштитат свиркачите/ките

Дигитализацијата донесе многу можности за истражувачко новинарство со големо влијание како што се досиејата на Snowden и Документите од Панама (Panama papers).

Сега е можно свиркачите/ките да се движат и да откријат голем број на вредни податоци кои се од јавен интерес во невидени размери. Но, ова исто така е и време во кое свиркачите/ките се затвораат бидејќи безбедносните агенции ги пресретнуваат и ги откриваат ваквите случаи. Не е рамноправна борбата кога противникот ви е агенција за национална безбедност.”

Перуџа принципите произлегоа токму од потребата да се заштитат свиркачите, без чија помош многу приказни ќе останеа недовршени или неоткриени.

Ова се принципите (прирачник во PDF) кои на новинарите/ките им ги напишаа новинарите/ките, а кои треба да помогнат во постапувањето:

  1. Прво, заштитете ги вашите извори
  2. Препознајте ги трошоците за свиркањето на свиркачот
  3. Заштитете ја анонимноста кога тоа се бара
  4. Спроведете дигитална проценка на ризик за секоја приказна која вклучува доверлив извор или свиркач/ка
  5. Преземете одговорност за вашата дигитална одбрана и хигиена на податоците
  6. Прифатете и користете енкрипција
  7. Заштитете ја енкрипцијата како човеково право кое е поврзано со слободата на изразување и со пристапот до информациите
  8. Во чувствителните приказни, обучете ги вашите свиркачи за основната дигитална безбедност со оглед на 'податоците во мирување'
  9. Обучете ги вашите свиркачи за основната дигитална безбедност со оглед на "податоците во пренос"
  10. Објавете изворни документи каде што е тоа можно и безбедно
  11. Да се препознае важноста на збировите на податоци како "приказни"
  12. Објавете ги збировите на податоци во целост таму каде што ресурсите дозволуваат и ако е безбедно
  13. Избришете ги податоците кои ги доставиле изворите, кога ќе се побара од вас да ги заштитите изворите, во согласност со етичките, правните и обврските на работодавачот
  14. Избришете ги податоците кои веќе не ви се потребни и направете го тоа на безбеден начин
  15. Погрижете се сите дигитални сандачиња (inbox) нудат добро ниво на безбедност за изворите и за свиркачите, а за високоризичните материјали анонимност и безбедност
  16. Проверете го материјалот што е сосредоточен на вредноста на информациите од јавен интерес, а не на вашиот поглед на ставовите или на мислењата на изворите или свиркачите
  17. Активно поттикнете ја вашата организација да обезбеди соодветна безбедност на податоците за новинарите, за изворите и за складираните материјали, заедно со соодветна обука за новинарите/ките
  18. За високоризичните свиркачи, поттикнете ги однапред да размислат како ќе се однесуваат кога ќе излезе приказната
  19. Познавање на државните, регионалните и меѓународните правни и регулаторни рамки за заштита на доверливи извори и свиркачи/ки
  20. Објаснете им ги на вашите извори/свиркачи ризиците од дигиталната изложеност во согласност со вашите етички обврски да ги заштитите.
Ocijenite kvalitet članka