Пет совети кои редакциите можат да ги применат за подобра дигитална безбедност

08.04.2021. / 09:13

Предизвиците со кои се соочуваат редакциите во поглед на дигиталната заштита се различни. Со доаѓањето на пандемијата и со трансформација на работата која се огледа во различности на крајните точки и локации, како и на променливото окружување на нападите, особено предизвикани со ransomware напади и со компромитирани деловни мејлови, им задале главоболка на ИТ експертите/ките.

Последиците од пандемијата врз дигиталната безбедност се огромни, а неодамнешните трендови откриваат огромен пораст на хакерски напади и компромитирани податоци преку изворите како што се лични мобилни телефони и лаптопи. Лошите проценки на дигиталната безбедност на работењето од дома довеле до големи ризици за нападите. Има многу дигитални закани кои демнат зад секој клик во онлајн сферата и голема е одговорноста на секој медиум и новинар/ка да сторат сè што е во нивна моќ за нивната ранливост и ранливоста на останатите членови/ки на редакцијата да биде колку што е можно помала.

Пандемијата и работењето на далечина не стивнуваат, а прашањето е дали со престанокот на пандемијата ќе престане и работењето на далечина. Предвидувањата воглaвно одат во насока дека нема и дека работењето на далечина ќе биде задржано во определена мерка. На крај, новинарите/ките секако ќе продолжат да патуваат и да известуваат од терен, што дефинитивно ќе го вклучува поврзувањето со редакциите и испраќање на материјали од различни локации.

Во врска со тоа, темата за дигитална безбедност и заштита на медиумите од потенцијални напади е неисцрпна. Во продолжение наведуваме пет совети кои редакциите би можеле да ги усвојат како придонес за подобра заштита на медиумот.

Да се понуди периодична обука за подигање на свеста

За медиумите да ги одбегнат потенцијалните слабости и ризици нивните новинари/ки да бидат жртви на хакерски напади, потребно е од време на време да се одржуваат информативни обуки со фокус врз најновите можни сценарија на закани. Ваквиот начин на работа би требало да биде присутен за сите вработени, без оглед дали работат на далечина или работат од редакциите. Важноста да се биде во тек со најновите начини на хакерски напади може да спречи сериозни последици. Новинарите/ките мора да бидат свесни за дигиталните закани со кои се соочуваат за да ги преземат потребните мерки и да се заштитат себеси, своите уреди и чувствителните податоци на медиумот. Една можност за говорниците на босански, хрватски, српски или црногорски јазик е да ги упатат новинарите/ките во својата редакција на одличен toolkit на фондацијата Share за да можат да се запознаат со потенцијалните закани за нивната дигитална безбедност. За колегите од албанско и македонско говорно подрачје постои и верзија на англиски јазик.

Споделете ги научените лекции

Редакциите би требале да ги применат периодичните прегледи на искуствата на вработените и раководителите во занимавање со кражба на идентитетот и со други тактики на социјален инженеринг. Слушањето на искуствата на колегите/шките и на „научените лекции“ му помага на персоналот подобро да се препознае и заштити од заканите. Врз основа на овие лекции, редакциите можат да воспостават јасни политики и процедури за да обезбедат подобра дигитална безбедност за работење на далечина.

Утврдете ги уредите на крајните точки и применете ги VPN врските

Пред да им овозможите на вработените далечинско поврзување со редакциите, објаснете им како функционира поврзување на преносници и насочувачи кои се поврзуваат од матичните канцеларии и од мобилните уреди. Со оглед на тоа дека воглавно е полесно да се пробијат домашните мрежи од канцелариските мрежи, барајте и овозможете им на вашите новинари/ки да користат VPN врски кога работат на далечина. VPN ги шифрира и ги штити податоците, обезбедувајќи врската да остане приватна и безбедна. TunnelBear апликацијата која веќе ја препорачавме е добар почеток со бесплатната опција за користење.

Да се имплементираат двојна автентификација, сложени шифри и ажурирање на софтвер

Овој систем на заштита претставува уште еден чекор кон превенирање на дигиталните упади и овозможува побезбеден пристап на интернет. Двојната автентификација, иако нема можност за стопроцентна заштита, и понатаму дава можност за потешко упаѓање во вашите налози. За да се заштитат новинарите/ките, пред сè е потребно познавање на основни факти за дигиталната безбедност како што се двојна автентификација на налози, сложени и единствени шифри, како и редовно ажурирање на софтвер.

Одделете ја организацијата на заштитата

Редакциите треба да воспостават единствен безбедносен оперативен центар кој посебно ѝ е посветен на дигиталната одбрана и кој може поефикасно да ги надгледува, да ги ажурира безбедносните контроли и да се брани од напади. Овој сектор може да изврши темелен попис на ранливости и методи на одбрана, а во контекст на работење на далечина може да ги покрие и серверите, инсталациите во облак и домашните крајни точки. Организациите мораат да го извршат пописот на тие врски за да ги пронајдат слабите точки и да се одбранат од потенцијалните закани со примена на безбедносни мерки со кои се налага пристап само до определени организациони средства надвор од канцеларијата.

Ocijenite kvalitet članka