Преку TikTok можете да пренесувате вести и да дојдете до нова публика

30.08.2022. / 08:51

 

Социјалната мрежа TikTok е сѐ попопуларна и во Западен Балкан, а во целиот свет има повеќе од една милијарда активни корисници/чки месечно. На почетокот на годината кога правевме преглед на трендовите за оваа година, платформата TikTok се истакна како еден од најзначајните брзорастечки трендови.

Според Sensor Tower, TikTok беше прва апликација во светот по бројот на преземања во првиот квартал од 2022 година.

tiktok

Оваа платформа, првично креирана за создавање на забавни видеа со танцување, ја трансформираше нејзината намена, па сега на неа ќе најдете спектар од различни теми што се обработени на визуелно интересен начин.

TikTok највеќе го користи помладата публика, т.н. Генерација Z. А според податоците на Statista, во април оваа година ако се гледа на глобално ниво, женските лица на возраст од 18 до 24 години се тие што највеќе ја користеле оваа платформа. Општо гледано, највеќе корисници/чки од оваа возрасна група имаат налог на TikTok.

И во Босна и Херцеговина, како и во регионот, ситуацијата не е значително различна. Според Start.io 60,2% од корисниците/чките на TikTok во БиХ се на возраст од 18 до 24 години, а потоа следи возрасната група од 25 до 34 години со 26,8% корисници/чки.

Како да се користи TikTok за медиумска содржина

Ако го земеме сето ова во предвид, ќе биде чудно да се види дека таква платформа не може да биде корисна во новинарството.  Напротив, сѐ повеќе се гледа дека новинарите/ките наоѓаат начини како да ја користат оваа платформа за да ги пренесат вестите на нивната публика.

Washington post во мај 2019 година го виде потенцијалот и покрена свој TikTok канал, кој три години подоцна има дури 1,4 милиони следбеници/чки.

Journalism.co.uk во мај оваа година објави совети за новинарите/ките кои сакаат да покренат сопствен TikTok налог. 

Три новинарки (Sophia Smith Galer, Monika Plaha, Sophy Silver) кои собраа милионска публика на TikTok, преку нивното искуство нудат девет совети кои можат да му/и бидат корисни на секој/а новинар/ка при покренувањето на сопствен TikTok профил.

Monika Plaha наведува дека е важно да се понуди простор за прашањата од публиката на TikTok, од кои вие како новинари/ки можете да црпите идеи и насоки за вашата содржина.

Новинарите/ките се фасцинантни, а ако можете да ја избегнете грешката да го копирате она што сите го прават, имате добри шанси да пронајдете ниша.”наведува Sophia Smith Galer.

Креирањето на видеозаписи стана секојдневие, а вертикалниот формат сѐ повеќе се користи преку социјалните мрежи. И медиумите можат да имаат корист од раскажувањето преку видеозапис во вертикален формат.

Денес, должината на траење на едно TikTok видео може да биде 15 секунди, една, три и десет минути. Размислете внимателно која должина на видеозаписот ќе го задржи вниманието на вашата публика на темата што ја обработувате. Се препорачува да започнете со пократки видеозаписи од 15 секунди или од една минута.

Како што наведува Sophy Silver, првите 15 секунди се клучни за успехот на видеозаписот, а тоа време е како јадица за да ја заинтересирате публиката. Добро размислете што ќе кажете во првите 15 секунди.

TikTok и новости

Slađan Tomić, млад фриленс новинар од БиХ, го препозна потенцијалот што може да го понуди TikTok за пласирање на вести за помладата публика.

Со оглед на тоа што ни се ближат Општи избори, а претходните години излезеноста беше околу 50%, сакав на младите луѓе кои за првпат го користат правото за гласање да им ја пренесам пораката дека гласањето е важно и дека нивниот глас може да донесе промена. Бидејќи младите сѐ помалку ги читаат онлајн медиумите, сѐ помалку се на Facebook, решив тоа да биде преку TikTok. Знаев што сакам, но не и како. И понатаму учам.„

Ако се земе во предвид дека младите луѓе на возраст од 18 до 24 години најмногу го користат TikTok и дека токму тие се оние млади луѓе што за првпат ќе гласаат на избори, полн погодок е да се користи токму оваа мрежа за пласирање на содржини.

@beterlajf #Sarajevo #Mostar #Trebinje #glasanje #mladi #izbori #politika #korupcija #glas #kandidati #ljudskaprava #promjene #nezaposlenost #BiH #PremiereRush #PremiereRush #misljenje #glasanje #PremiereRush ♬ original sound - Slađan Tomić

„TikTok има многу предности, неограниченоста на публиката, присусутвото на публиката. Предизвикот е што не можете да ја спонзорирате содржината ниту постои опција за споделување како на Facebook, така што не можете да ги замолите пријателите да ви помогнат околу видливоста, туку вие треба сами да допрете до публиката. Сега го правам тоа на повеќе начини, а еден од нив е да објавувам интересна неполитичка содржина, за што повеќе луѓе да го посетат мојот профил, каде што има и содржина за изборите.“ 

Тој наведува дека иако е нов на оваа мрежа, веќе има илјадници прегледи и десетици коментари и дека младите луѓе се вклучуваат и јавно коментираат.Имаме интеракција и се надевам дека ќе расте бројот на луѓе до кои ќе дојде видеозаписот, како што ќе расте мојата содржина и мојата видливост.“ 

Како некој совет за колегите/шките, согласно со неговото досегашно искуство во развивањето на TikTok налог, Slađan наведува дека е важно видеозаписите да бидат што е можно пократки, да имаат наратив, да го следат трендот на хаштагови, да објавуваат најмалку две видеа секој ден и да не ги демотивира малата видливост на почетокот. Секако, совет е и што побрзо да се активираат на оваа мрежа, затоа што не можат да си го дозволат луксузот да доцнат и да немаат канали за дистрибуција, а смислата на медиумите е нивната содржина да биде видлива.“ 

Ocijenite kvalitet članka