Пренесувајте снимки во живо од VEED апликацијата

17.05.2022. / 16:48

Пред околу две години ви ја претставивме алатката за обработка на видеозаписи под името Veed. Veed е наменет за обработка на видеозаписи на високо професионално ниво, со многу сериозни карактеристики што можат да се споредат со многу видео алатки, како што е Headliner.

VEED нуди бесплатна услуга за онлајн видео хостирање и ви овозможува на едно место да управувате и да го споделувате вашиот видеозапис на социјалните мрежи, без да морате да го преземете видеозаписот од нивната апликација. Можете да споделувате со едноставно испраќање на линкот до вашиот видеозапис и вашите корисници да можат да го гледаат директно во пребарувачот.

Одлична опција која исто така ја нуди VEED е снимањето на екранот со помош на бесплатниот уредувач и снимател на екранот на VEED. После снимањето можете едноставно и брзо да го обработите, за да биде подготвен за дистрибуција.

Снимајте во живо со висок квалитет

VEED од неодамна има и услуга за пренос во живо, што веруваме дека ќе израдува многумина. Преносот во живо нагло порасна за време на Covid-19 пандемијата и остана важен канал за ширење на информации за публиката. Денес многу организатори на дискусии, на предавања и слично, без оглед на тоа што истите се вратени во живо, користат и пренос во живо за да дојдат до што поширока публика.

Креирањето на видеозапис, како и самиот пренос во живо се многу едноставни за поставување, а целокупното хостирање на вашиот видеозапис во живо ќе биде на онлајн платформата на VEED.

Можете да ја поставувате приватноста на видеозаписот онака како што ви одговара, без разлика дали е приватно или јавно. VEED преносот во живо вклучува и можност за коментирање на вашиот видеозапис, а од десната страна при коментирањето ќе се гледа временската линија и редоследот на коментарите.

frw

Преносот оди директно од вашиот пребарувач, така што нема да морате да се грижите за зачувување на големите датотеки после преносот.

Преносот во живо можете да го пренесувате на Facebook, на LinkedIn, на YouTube, на Twitter или на Twitch.

Како да се оди во живо преку VEED

Во продолжение следуваат чекорите како да го покренете снимањето во живо со алатката VEED.

1. За емитување во живо мора да имате VEED налог. Откако ќе се најавите, едноставно кликнете на "Live stream" на вашата контролна табла.

asf

2. Ќе бидете пренасочени на контролната табла на видеозаписот во живо, каде што ќе најдете видеозапис за тоа зошто пренамената на содржината е корисна. Можете да го игнорирате, да го избришете или да го преземете за да го погледнете подоцна.

2

3. Кликнете на "Live stream" и дозволете му на VEED да ги користи вашиот микрофон и вашата камера. Потоа проверете дали звукот и видеото се во ред и додадете го вашето име на екранот.

3

4. Кликнете на "Enter studio" за да отидете во студиото.

5. Во студиото можете да додадете позадина на вашиот видеозапис како и да го додадете вашето лого.

ar

6.   Под видеозаписот се наоѓаат начини за тоа како сакате да бидете презентирани, дали ќе има само едно лице на екранот додека зборува или повеќе. Исто така постои и опција за делење на екранот како и неизбежните икони за on/off на микрофонот и на камерата.

7. Во горниот десен агол се наоѓаат две опции: Start recording и Go live.

8. Кога ќе кликнете на Start recording, автоматски почнува да се снима вашето видео.

9. Кога ќе кликнете на Go live, ќе ви се отворат опции преку која социјална мрежа сакате да го правите преносот во живо. Она што е добра опција е дека во исто време можете да пренесувате во живо на повеќе платформи.

SAF

10. Кога ќе изберете на која социјална мрежа сакате да пренесувате во живо и ќе кликнете на неа, ќе треба да внесете Stream key. Она што е одлично е кога ќе кликнете на било која од понудените мрежи, ќе најдете линк каде да ја пронајдете оваа информација на вашата социјална мрежа.

6

 

Доколку правите видеозапис во живо на англиски јазик, при снимањето ќе можете да го добиете целиот транскрипт на видеозаписот, кој можете да го зачувате во SRT датотеката. За жал, сѐ уште немаат можност за доработка на транскриптот, но како што најавуваат од VEED, оваа опција ќе биде достапна наскоро.

Водениот жиг на VEED ќе биде во горниот лев агол во бесплатната верзија, но тоа може да се исклучи во платените верзии.

Она што е важно да се нагласи е дека бесплатната верзија нуди одличен квалитет на видеозапис со 1080 px full HD снимање, како и неограничено време на снимање и додавање на 8 лица во преносот.

Исто така можете да го снимите целиот видеозапис на вашиот компјутер.

Ocijenite kvalitet članka