Проблематично: Состојбата на слободата на медиумите на Западен Балкан

13.01.2021. / 10:17

Во последниот Индекс за слободата на медиумите во светот кој го направиле Репортери без граници се наведува дека медиумите влегуваат во одлучувачко десетлетие за новинарството, а дека тоа е дополнително загрозено со кризата предизвикана од пандемијата со корона вирусот. Извештајот покажува дека наредните десет години, низ бројни кризи кои се очекуваат, ќе ја истакнат кризата на слободата на медиумското известување, на независни, разновидни и сигурни информации.

Јасна е корелацијата помеѓу потиснувањето на слободата на медиумите како одговор на пандемијата со корона вирусот и рангирањето на земјата во Индексот. Минатата година на мошне јасен начин покажала како државите ги користат кризите за да ја сузбијат слободата на медиумското известување. Кина и Иран интензивно ја цензурирале содржината поврзана со Ковид-19. Во Ирак властите му ја одзеле на Reuters дозволата за работа откако тие ја објавиле приказната која ги испитува официјалните податоци за корона вирусот. Ниту Европа не останала на страна при сузбивањето на слободата на медиумското известување, па така Виктор Орбан во Унгарија го донел законот за корона вирусот со кој се казнуваат лажните податоци до пет години затвор, што е целосно несразмерна и присилна мерка, се наведува во извештајот на Индексот за слободата на медиумите во светот.

Западен Балкан и слободата на медиумите

Критериумите по кои се рангира слободата на медиумите во некоја држава се плурализам, медиумската независност, цензура, законска рамка, транспарентност, инфраструктура и злоставувања. А кога ќе се земат овие критериуми, Западен Балкан станува портокалов, односно мошне проблематичен кога е во прашање слободата на медиумите.

srsrr

Во 2020 година најдобро рангираната меѓу шестте земји од Западен Балкан била Босна и Херцеговина, која го достигнала 58-то место на глобално ниво, а најниско рангирана е Црна Гора која се нашла на 105-то место.

Во табелата подолу можете да погледнете како се движат државите од Западен Балкан наназад 8 години според индексот за слободата на медиумите.

po

Загрижувачки тренд во сузбивањето на слободата на медиумите е забележлив во Србија, која веќе четири години по ред назадува. Иако на ранг листата не е далеку од Северна Македонија, туку ги дели само еден бод, сепак е загрижувачки фактот дека во последните четири години само се влошува положбата на слободата на медиумите.

Изгледа дека податоците присобрани од овој индекс покажуваат целосно различни приказни за земјите од Западен Балкан. Некои прават доследни подобрувања како што се Босна и Херцеговина, Косово и Северна Македонија, додека другите покажуваат ограничен напредок, како Албанија и Црна Гора, и на крај Србија чијшто тренд на опаѓање на слободата на медиумите е сериозно загрижувачки.

Од друга страна, кога овие резултати ќе се стават во глобалниот контекст, може да се види дека сите земји на Западен Балкан се прилично блиску една до друга и се наоѓаат во средина, и ниту една од овие земји не се поместила драстично нанапред. Останува да се види што нѝ носи 2021 година и како ќе се отвора или стеснува просторот на делување на медиумите во земјите на Западен Балкан.

Ocijenite kvalitet članka