Промени и последици кои пандемијата ги оставила врз дигиталната безбедност

07.01.2021. / 10:47

Минатата година неочекувано внесе многу промени и предизвици во сите сфери на животот. Зголемувањето на користењето на онлајн просторот, ги зголемило  ризиците од дигиталните напади. Префрлувањето на севкупната деловна сфера во дневната соба на сопствениот дом значело среќавање со многу дигитални ранливости. Ранливоста не ги заобиколила ниту медиумите, а особено новинарите/ките кои голем дел од својата работа го извршувале од дома. Дополнителни големи напади врз софтверските снабдувачки синџири како SolarWinds нападите, а за кои новинарите/ките нашироко известувале, укажале дури и на ранливоста на големите инфраструктури.

Сериозноста на последиците од зголемувањето на користењето на дигиталната сфера, особено на работењето на далечина е неизбришлива. Она што е важно е да се учи од минатата година и сериозно да се сфати што ќе мора долгорочно да се преземе за да се намалат ранливостите на работењето на далечина.

Обезбедување на работењето на далечина останува приоритет

Предвидувањата на CISO за 2021 година велат дека автентификацијата, заштитата на податоците во облак и надзорот на апликациите ќе се стават на врвот на списокот и приоритетите за дигиталната безбедност.

Според истражувањето на CISO, третина од доносителите на одлуките во областа на безбедноста и ИТ-то велат дека нивниот буџет за безбедност за 2021 година ќе биде поголем отколку што очекувале дека ќе биде пред пандемијата.

Повеќето од испитаните (87%) се свесни што ги предизвикало безбедносните инциденти во минатата година, а 36% од нив наведуваат дека се работело за ненамерна корисничка грешка кога жртвата паднала на фишинг измама или за ненамерно кршење на безбедносната политика.

Нема сомнеж дека и редакциите се натерани да ги преиспитаат своите безбедносни ранливости, а еден од големите предизвици е фактот дека се зголемило користењето на услугите во облак на кој новинарите/ките започнале да споделуваат информации со своите колеги/шки. Зголемувањето на користењето на Zoom, Skype и други алатки за комуницирање ќе остави трајно влијание врз дигиталниот свет.

Истражувачите на Bitdefender го споделуваат мислењето дека обезбедувањето на работењето на далечина ќе стане главниот фокус на организациите, бидејќи ќе продолжат да се развиваaт единствените хакерски напади со фокус врз домашните интернет конекции.

Овие информации повеќе не се ништо ново, но како што со години ја повторуваме важноста на грижата за дигиталната безбедност, како што е поседување на двојна автентификација или силни шифри, кои и понатаму се користат во недоволна мерка, исто така ќе биде важно да се продолжи да се повторува што предизвикала 2020 година и врз што ќе биде важно да се сврти вниманието.

„Со оглед дека сé повеќе луѓе се придржуваат кон распоредот за работење од дома кој го наметнува пандемијата со корона вирусот, вработените за удобноста ќе ги користат кратенките за дигиталната безбедност. Недоволно обезбедените лични уреди и домашни насочувачи (рутери), преносот на чувствителни податоци преку небезбедни или несанкционирани  канали (како апликации за размена на моментални пораки, лични е-маил адреси и процесори на документи во облак) ќе играат клучна улога во кршењето и истекувањето на податоците.“ – наведуваат истражувачите од Bitdefender.

Зголемувањето на зависноста од работењето на далечина ќе создаде плодна почва за напади на криминалците кои ќе продолжат да ги користат дигиталните пропусти на работењето на далечина. Од Forrester наведуваат дека веќе 25 проценти од кршењето на податоците  се поврзани со заканите одвнатре, а оваа година се очекува дека тој процент ќе скокне на 33 проценти.

Влегувањето во 2021 година не ги смени преку ноќ сите предизвици ниту сето горенаведено ќе исчезне со доаѓањето на новата година. Треба да се има предвид дека минатата година широко го отворила просторот за работење на далечина за кој порано толку не се размислувало и може единствено да се очекува дека тој ќе расте. Поради тоа од исклучителна важност е да се сврти вниманието врз сите аспекти на безбедноста во онлајн сферата, за вашите лични податоци и извори на информации да останат заштитени.

Ocijenite kvalitet članka