Ransomware нападите удвоени во 2021 година

25.11.2021. / 09:12

Не е чудно што толку често пишуваме за ransomware нападите, кога тие денес претставуваат сериозни закани во дигиталната сфера. Ransomware нападите се во сериозен пораст а за тоа најдобро сведочи фактот дека до септември 2021 година имало повеќе напади отколку што имало во цела 2020 година.

Податоците се дел од анкетата Global Digital Trust Insights Survey 2022, а добиени се од интервјуа со 257 деловни и технолошки раководители/ки во Велика Британија.

Ransomware е вид на злонамерен софтвер кој се заканува со објавување на податоци или го блокира пристапот до податоците или до компјутерските системи, обично со шифрирање, сѐ додека жртвата не му плати надомест за откупнина на напаѓачот. Во многу случаи барањето за откупнина доаѓа со рок. Ако жртвата не плати на време, податоците исчезнуваат засекогаш или откупнината се зголемува.

Ransomware нападите денес се премногу чести. Сајбер криминалците ќе го нападнат секој потрошувач или било која компанија и организација, а жртвите доаѓаат од сите индустрии.

Извештаите за безбедноста упатуваат на тоа дека зачестеноста на ransomware нападите драстично се зголемила во текот на оваа година, дури за 93%.

Порастот на нападите е поттикнат со порастот на техниката на тројно изнудувањена ransomware при што напаѓачите, освен што крадат чувствителни податоци од организациите и се закануваат дека јавно ќе ги објават ако не се изврши плаќање, ги имаат за цел и клиентите, публиката на организациите, добавувачите или деловните партнери на ист начин.

Не растеа оваа година само ransomware нападите, порастот на сите дигитални напади е присутен со околу 29% на глобално ниво, со најголем раст во регионот на Европа, Блискиот Исток, Африка и Америка, од 36% односно 24% .

Гледајќи нанапред, организациите треба да бидат свесни за ризикот и да обезбедат соодветни решенија за спречување, без попречување на нормалниот деловен тек, на повеќето напади, вклучувајќи ги и оние најнапредните.”, кажала Maya Horowitz, потпретседателка за истражување во компанијата Check Point Software.

Во посебниот извештај на Единицата 42 на Palo Alto Network во мај 2021 година утврдено е дека изнудувањето преку ransomware станало многу профитабилен бизнис, а просечната откупнина што ја плаќале организациите на жртвите во Европа, САД и Канада речиси тројно се зголемила помеѓу 2019 и 2020 година.

Пандемијата дополнително ги засилила ваквите видови на напади, затоа што дигиталните криминалци ја искористиле кревкоста на системот, особено на здравствениот систем и нивна цел биле податоците на болниците и другите институции кои биле на првата борбена линија против Covid-19 пандемијата.

"Сајбер-криминалците користат ransomware за да ги држат болниците и медицинските установи како дигитални заложници, спречувајќи им го пристапот до виталните фајлови и системи, сѐ додека откупнината не биде платена", изјавил Interpol.

Поради толку зачестените закани, денес постојат различни ресурси кои можат да ви помогнат подобро да се заштитите и да спречите такви напади.

Националниот институт за стандарди и технологија (NIST) од САД објави нов нацрт на насоките за безбедносна заштита од ransomware за организациите, во кои помеѓу останатото, стојат и чекори кои можете да ги преземете за да се заштитите од таквите напади.

  • Секогаш користете антивирус софтвер. Подесете го софтверот автоматски да ги скенира мејловите и флеш дисковите.

  • Компјутерите да бидат целосно закрпени со најновите освежувања на софтверот. Покренете ги закажаните проверки за сѐ да биде ажурирано.

  • Блокирајте го пристапот кон ransomware веб локации. Користете безбедносни производи или услуги кои го блокираат пристапот кон 96 познати ransomware веб локации.

  • Дозволете само лиценцирани апликации. Конфигурирајте го оперативниот систем или користете софтвер од независни производители за на компјутерите да им дозволите само авторизирани апликации.

  • Ограничете ги уредите кои се во лична сопственост на работните мрежи.

  • Кога и да е можно, користете стандардни кориснички налози наспроти налозите со административни привилегии.

  • Избегнувајте го користењето на личните апликации на работните компјутери, како што се мејлови, четови и социјални медиуми.

  • Чувајте се од непознати извори. Не отворајте датотеки и врски од непознати извори, освен ако прво не стартувате антивирусно скенирање или внимателно не ги погледнете врските.

За жал предвидувањата за зголемување на ransomware нападите во 2021 година се остварија па преземањето на сите можни чекори за заштита од овој вид на напади е повеќекратно поважна за сите медиумски организации, затоа што и медиумите често стануваат мета на таквите напади.

 

Ocijenite kvalitet članka