Разбирањето на сериозноста на дигиталните закани круцијално за заштита на новинарите/ките

10.12.2020. / 12:44
Share
Photo: https://cpj.org/
Photo: https://cpj.org/
Photo: https://cpj.org/

Еден од најважните сегменти во новинарската работа е заштита на комуникацијата и информациите од потенцијални дигитални напади. Меѓутоа, неретко преку истражувањата за користењето на ресурсите за дигитална заштита кај новинарите/ките се доаѓа до сознание дека новинарите/ките не ги користат толку често во практиката.

„Ако станете познати по истражувачкото новинарство, луѓето можат да ги користат дигиталните алатки за да тргнат во потрага по вас и вашите податоци“, вели Роберт Гуера, експертот за дигитална безбедност на канадскиот Citizen Lab. Тој повеќе од десет години ги обучува вработените во невладините организации и новинарите/ките за безбедно управување со односите и податоците на мрежата. „Почнете со принципите. Знајте ги ризиците. Луѓето можат да направат неколку едноставни работи за да ве нападнат.“

Во студијата за безбедносни размислувања и нивните влијанија врз слободата на медиумите под назив „Како новинарите/ките ги разбираат заканите и можностите на новите технологии“, стои:

„Новинарите/ките со ниска свест за заштита не знаеле многу за разните алатки и техники на дигиталната безбедност. Тие често се потпирале врз нискотехнолошките средства за заштита, вклучувајќи ја употребата на шифрирани зборови за ублажување на заканата со надзор или личен состанок наместо разговор на мрежа. Наспроти тоа, новинарите/ките со висока свест за заштита беа поволни за поширок спектар на техники, како на нискотехнолошките така и на високотехнолошките.“

Во секој случај, за новинарите/ките е подобро да се подготват за напади, отколку да бидат изненадени кога тие ќе се случат. На редакциите е исто така голема одговорност за заштитата на нивните новинари/ки.

Крис Грант, главниот уредник на Polygon вели дека редакцијата е должна да обезбеди новинарите/ките да можат да продолжат да ја работат својата работа без страв за својата безбедност. Имајќи предвид дека потенцијалните дигитални закани се сé полоши и потешки, и дека софистицирана заштита може да биде финансиски удар за некои редакции, тој наведува: „Единствениот вистински начин ова да успее е ако сите редакции ова прашање го сметаат за заеднички проблем и ако работат заедно. Потребно е да се помогне не само во препознавањето на заканите, туку и во препознавањето и размената на најдобрите практики."

Кристофер Парсонс, научниот соработник во Citizen Lab вели дека кај новинарите/ките често постои перцепција дека не се доволно важни за да бидат мета. „Можеби целат врз вас бидејќи сте влезна точка во редакцијата.“

Во денешно време, особено во време на екстремни ситуации како што е пандемијата, прашањето за дигиталната заштита на новинарите/ките и медиумските редакции станува едно од клучните. За важноста на заштитата на работењето од дома пишувавме во повеќе наврати во текот на оваа година.

Истражувањето кое го спровел Националниот сојуз за сајбер безбедност (NCSA) покажало дека работниците/чките кои работат од дома ја потценуваат безбедноста на уредите преку кои пристапуваат на интернет.

Редакциите на Балканот не се разликуваат многу во предизвиците кои пред нив ги ставило времето на пандемијата, а дигиталната безбедност е еден од проблемите кој на редакциите им задавал главоболки.

Марија Херцег, ИТ експертката на USAID BMAP, вели дека помеѓу безбедноста и пристапноста секогаш треба да постои баланс. „Нема смисла да се имплементираат безбедносните процедури во организација на која дигиталните ризици не ѝ претставуваат најголеми ризици. За жал, во време на Ковид кризата и работењето од дома, постои потреба за поголема заштита на комуникациските канали и ресурсите на организацијата до кои се пристапува на оддалечен начин. Доколку со оглед на ризиците на организацијата претерано се засилат безбедносните процедури, корисниците (новинарите) ќе бидат успешни во пронаоѓањето на заобиколните начини за пристап до нивната работа, и со тоа уште повеќе ќе станат подложни на дигитални закани. Од друга страна, важни податоци мораат да имаат некаков вид заштита. Двојната автентификација, комплексноста на лозинките, одбегнувањето на фишинг се само некои од едноставните начини на заштита кои само на почетокот бараат малку повеќе наш труд и навики, а наголемо можат да придонесат за безбедноста на нашата работа. Редовната обука за овие теми, како и свесноста на менаџментот за постоењето на овие ризици (постоење на безбедносна политика на ниво на организација) можат значително да придонесат за безбедно дигитално окружување. Важноста на дигиталната безбедност во оваа криза за жал допрва се препознава."

Повеќе за дигиталната безбедност и нападите врз новинарите/ките можете да погледнете и во два кратки вебинари кои Марија неодамна ги одржала – Вебинар 1 и Вебинар 2.

 

 

 

Ocijenite kvalitet članka